Невил Франсис Мот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Невил Франсис Мот
Роден(а)30 септември 1905(1905-09-30)
Лидс, Англија
Починал(а)8 август 1996(1996-08-08) (возр. 90)
Милтон Кејнс, Бакингемшир, Англија
НационалностОбединето Кралство
ПолињаФизика
УстановиМанчестерски универзитет
Кембрички универзитет
Бристолски универзитет
ОбразованиеКембрички универзитет
Докторски менторРалф Хауард Фаулер
Поважни наградиХјуов медал (1941)
Кралски медал (1953)
Коплиев медал (1972)
Фарадеев медал (1973)
Нобелова награда за физика (1977)

Сер Невил Франсис Мот[1] (англиски: Nevill Francis Mott 30 септември 19058 август 1996) — англиски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1977 година за неговата работа на електронската структура на магнетните и неподредени системи, особено аморфни суперпроводници. Наградата ја поделил на Филип Ворен Андерсон и Џон Хазбрук ван Флек. Тројцата воделе слични истражувања. Мот и Андерсон ги објасниле причините зашто магнетните или аморфните материјали можат некогаш да бидат проводници а некогаш изолатори. Во 1973 година бил награден со Грифитов медал за наука.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младост[уреди | уреди извор]

Мот е роден во Лидс како син на Лилијан Мери Рејнолдс и Чарлс Франсис Мот и првично растел во селото Гиглсвик, во Западен рајдинг Јоркшир, каде неговиот татко бил постар учител по наука во месното училиште. Неговата мајка исто така подучувала математика во училиштето. Семејството се преселило прво во Стафордшир, па во Честер и на крај во Ливерпул, каде неговиот татко бил назначен за диретор на образование. Мот бил првично образуван дома од страна на неговата мајка, која дипломирала на Кембриџ. Неговите родители се запознале во Кевиндишовата лабораторија, кога двајцата биле вклучени во физички истражувања. На возраст од десно, тој започнал да се образува на Колеџот „Клифтон“ во Бристол, а подоцна на Кембричкиот универзитет.

Кариера[уреди | уреди извор]

Мот бил назначен за предавач на Манчестерскиот универзитет во 1929 година. Тој се вратил во кембриџ во 1930 година како член и предавач на He returned to Cambridge in 1930 as a Колеџот „Гонвил и Кај“, и во 1933 година се префрлил на Бристолскиот универзитет како Мелвил Вилисов професор по теоретска физика.

Во 1948 година тој станал професор по физика и директор на Хенри Херберт Билисовата физичка лабораторија во Бристол. Во 1954 година бил назначен за професор на Кембриџ, место кое го држел до 1971 година. Дополнително тој бил учител и на Колеџот „Гонвил и Кај“ од 1959 до 1966 година.

Неговата првична работа била на теоретската анализа на судирите на гасовите, значително судирите со промена на спинот на електронот во однос на водороден атом, која биал поттик за подоцнежната работа на Андре Бландин и Џун Кондо за слични ефекти меѓу проводните електрони, како и магнетните својства во металите. Овој вид на активности довеле Мот да напише две книги. Првата, која била соавторска со Јан Снедон, во која е даден едноставен и јасен опис на квантната механика, со опфат на Шредингеровата равенка во реален простор. Второта ги опишува атомските и електронските судири во гасовите, користејќи ја вртежната симетрија на електронските состојби кај Хартри–Фоковиот метод.

Но веќе во средината на 1930-ите, интересите на Мот се прошириле и почнал да ги проучува и цврстите тела, кои довеле да напише уште две книги кои имале големо влијание при развојот на оваа поле од физиката пред и по Втората светска војна. Во 1936 година, Теорија на метали и легури (Theory of Metals and Alloys) во која опишува едноставна рамка која довела фдо забрзан напредок.

Концептот за скоро слободни валентни електрони кај металните легури ја објасниле специјалната стабилност на Хјум-Ротериовите фази ако Фермиевата сфера на sp валентниот електрон, кој се разгледува како слободен, ќе биде расејан од границите на Брилијуновата зона на атомската структура. Описот на нечистотиите во металите од страна на Томас-Фермиевата приближност ќе објасни зашто воие нечистотии нема да заемодејствуваат на поголеми растојанија. Конечно делокализацијата на валентните електрони d во преодните метали и легури ќе ја објаснат можноста за магнетни моменти на атомите да бидат изразени Боровиот магнетон, што доведува до феро или антиферомагнетски парови на куси растојанија. Овој последен придонес, прикажан на првата меѓународна конференција за магнетизам, одржана во Стразбур во мај 1939 година, ги зацврстила сличните тврдења ко ги бранел идниот добитник на Нобеловата награда Луј Нел. Во 1949 година, Мот му предложил на Жак Фридел да го употреби пристапот ко го развил заедно со Марви за поточен опис на екранирањето на полнежот на нечистотиите во металот, што доведувало до карактеристичните далеку растојански судири на полнежите. Фридел исто така го користел концептот развиен во книгата за виртуелното врзивно ниво за да ја опише ситуацијата кога атомскиот потенцијал не се смета за доволно силен за да создаде (реално) сврзно на симетрија e ≠ o. Последиците од овие забелешки на попрецизните приоди на кохезија во rp како и d металите биле развиени од страна на неговите студенти во Орси.

Втората книга, со Роналд Вилфрес Грни, За физичката хемија на цврстите тела (On the Physical Chemistry of Solids) била посеопфатна. Се занимавала со оксидацијата на металите при ниски температури, каде е опишан растот на оксидниот слој поради електричното поле кое се појавува меѓу металот и впиените кислородни јони, кои ќе го најдат својот пат низ металните или кислородни јони низ нподредениот оксиден слој. Книгата исто така ги анализира фотографските реакции кај соединенијата на јонското сребро во металните јата.

Ова второ поле има директно долготрајна последица од истражувачката дејност на Џон Мичел. Мотовите достигнувања вклучуваат и теоретско објаснување на ефектот на светлината на фотографска емулзија. Неговата работа на оксидацијата, покрај новото истражување во ова поле, било основата за концептот на закочната зона добиена од полупроводниците со градиенти во распределбата на донорските и акцепторските нечистотии.

Кога Мот се вратил во Бристол по војната, тој се сретнал и го најмил Фредерик Чарлс Франк со кого ја развиле, со помош од Франк Набаро и Алан Котрел, интензивно да работат на дислокациите, со што Бристол заживеал, особено при крајот на 1940-ите. Иако Мот дал само мали и незначителни придонеси во ова поле, особено кај ладењето на легурите со Набаро и на топологијата на дислокационата мрежа намалувајќи ги очигледните еластични постојани на кристлот, не постои сомнеж дека Мотовиот ентузијазам има важна улога во три големи чекори во офа поле на Франк кој се занимавал со растот на кристали и пластичноста и подоцна во Кембриџ, од Хирш на тенкофилмската електронска микроскопија.

Во истиот период, Мот започнал да се занимава со електронските корелации и нивната можна улога кај Вервиевите соединенија како што се никеловите оксиди кои се менуваат од проводници во изолатори под различни физички услови. Поимот Мотов изолатор е именуван според него, како и Мотови полиноми, кои се воведени од негова страна.

Во 1977 година, Невил Мот бил награден со Нобелова награда за физика, заедно со Филип Ворен Андерсон и Џон Хазбрук ван Флек „за нивните основни теоретски истражувања на електонската структура на магнетните и неподредените системи.“ Вестите дека ја добил Нобеловата награда го заткле додека ручал во ресторанот Die Sonne во Марбург, Германија, додека бил во посета кај пријател кој се занимавал со физиката на цврстите тела од Марбуршкиот универзитет.[2]

Мот бил избран за член на Кралското друштво во 1936 година.[1] Мот служел како претседател на Друштвото на физичарите во 1957 година. Во раните 1960-ти бил раководител на Британската Пугвашова група. Прогласен е за витез во 1962 година.[3] Тој продолжил да работи сè додека не наполнил деведесет години. Бил прогласен за Почесен придружник во 1995 година.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Мот го заживеал старото списание Philosophical Magazine и го преобразил во живописно списание кое се занимавало на тогаш новото поле на физиката на кондензирана материја, привлекувајќи писатели, читатели и општ интерес во пошироки размери. По прифаќањето на труд кој се занимавал со дефектите во кристалите на Фредерик Зајц кој бил предолг за ова списание па така Мот се одлучил да создаде ново списание, Advances in Physics за ваквите трудови. И двет списанија се актвивни во 2013 година.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Мот бил оженет со Рут Еленор Хордер, и имале две ќерки,Елизабет и Алис. Тој починал во Милтон Кејнс во Бакингемшир.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 doi:10.1098/rsbm.1998.0021
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. E. A. Davis (2002). Nevill Mott: Reminiscences And Appreciations. Taylor & Francis. стр. 269. ISBN 0-203-48439-8.
  3. „New Year Honours List“ (PDF). Nature. 193 (4810). January 6, 1962. doi:10.1038/193017a0. Посетено на 1 May 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]