Натприродно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар оди по вода, фреска на Франсоа Буше, 1766 година

Терминот натприродно (латински: super, supra „над“ + natura „природа“) се однесува на ентитети, настани или сили кои се наоѓаат надвор од природните закони, и според тоа немаат научно објаснување. Религиозните чуда се типични натприродни настани, како што се и магиите, клетви, предвидувањата, верувањата во задгробен живот, и недобројни други нешта. Верувањето во натприродното постои во сите човечки култури низ историјата.

Натприродните теми често се поврзуваат со паранормалното и окултизмот.

Белешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Чудата на невидливиот свет, Котон Метер, Бостон, 1693
  • Уште чуда од невидливиот свет, Роберт Калеф, 1700
  • Тајните на окултното (англиски)