Нас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Nas
Нас во италија, 2007
Животописни податоци
Родено имеНасир бин Олу Дара Јоунс
Познат(а) и какоNasty Nas
Роден(а)14 септември 1973
Бруклин, Њујорк, САД
ПотеклоКвинсбриџ, Квинс, Њујорк
ЖанровиHip hop
ЗанимањаРапер, глумец
ИнструментиSampler, клавијатури
Период на активност1989–сегашност
ИздавачиColumbia, Def Jam, Ill Will, The Jones Experience
СоработнициОлу Дара, The Firm, Bravehearts, Kelis, Mobb Deep, Damian Marley, Large Professor, Wu-Tang Clan
Мреж. местоnas.defjam.com

Назир бин Олу Дара Џонс (роден на 14 септември 1973) кој настапува под псевдонимот Нас, претходно познат како Насти (Валканиот) Нас, е американски рапер и глумец. Син на џез музичарот Олу Дара, тој е роден и израснат во Квинс, Њујорк. Неговиот деби албум “Illmatic”, издаден во 1994 година под потписот на Колумбија Рекордс, беше прифатен од критичарите и пошироко познат како класика во жанр. Нас беше дел од хип-хоп групата Да Фирм, со која издаде еден албум.

Од 2001 до 2005 година, Нас беше дел од широкопознатата расправија со раперот Џеј- Зи, двајцата рапери вербално се напаѓаа еден со друг во нивните песни. Тие двајца официјално го завршија своето соперништво со заедничките дуети на концертите спонзорирани од хип-хоп радио станиците во Њујорк. Во 2006 потпишува договор со Деф Џем, издавајќи ги своите следни албуми “Hip Hop is dead” во 2006 и неименуваниот албум во 2008та година. Во 2010 тој објавува колаборациски албум со Демиан Марли, и планира да го издаде десеттиот соло студио албум пред летото во 2011 година.

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Нас е роден под името Назир бин Олу Дара Џонс во областа Краун Хаитс, Бруклин во градот Њујорк. Неговиот татко Олу Дара бил џез и блуз музичар од Мисисипи. Неговата мајка, Фани Анн Џонс била работник во поштенската служба. Има брат Јабари Фрет кој ја презема “Џунглата”. Додека тој и неговата фамилија живееле во Краун Хаитс, Бруклин, Нас свирел на труба на скалите од неговата куќа на само 4 годишна возраст. Неговата фамилија се преселува во Квинс во доцните -70-ти. Нас почнува со пишување на рими на возраст од 9 години. Неговиот сосед Вили “III Вил” Грам, кој влијаел за зголемување на интересот за хип-хоп музиката со тоа што му ги пуштал своите снимки. Родителите на Нас се развеле во 1985 година, а тој се откажува од училиште во осмо одделение. Се образова сам за Африканската култура преку организацијата “Пет проценти нација”, Библијата и Куранот.

1989 - 1992 Почетоците на кариерата[уреди | уреди извор]

Како тинејџер, Нас го повикува својот најдобар другар и сосед Вили “III Вил” Грам да му биде Ди-џеј. Нас прво беше познат под прекарот Кид Вејв пред да го земе сега познатиот псевдоним Насти Нас. Во доцните 80-ти, тој се запозна со продуцентот “Големиот Професор” во неговото студио каде Раким и Кул Џи Рап ги снимале своите албуми. Кога тие не биле во студиото, Нас ќе влезел во кабината и го снимал неговиот материјал. Како и да е, ништо од тоа не било објавено. Во 1991та, Нас настапуваше во живо во Барбикју. Во средината на 1992та година, на Нас му пристапува Емси Срџ од “Третиот бас” Кој подоцна му стана менаџер и му обезбеди на нас договор со Колумбија Рекордс истата година. Потоа го издава својот деби албум под псевдонимот Насти (Валканиот) Нас со песната “Halftime”,од саундтракот на Срџ наменета за филмот “Глава на Зебра”. Именувам како новиот Раким, неговите способности за римување привлече значајно внимание во рамките на хип-хоп заедниците.

1993 – 1994 Албумот Illmatic[уреди | уреди извор]

Во 1994, деби албумот на Нас, “Illmatic” беше конечно објавен. Беше пофален со наградата “Five Mics” од Да Сорс. Овој албум беше под продукција на “Големиот Професор”, Пит Рок, Ку-Тип, Л.Е.С и Ди-џеј Премиер а како гости во неговиот албум се појавуваат неговиот пријател Аз и неговиот татко Олу Дара. Овој албум изфрли повеќе синглови, вклучувајќи ги "The World Is Yours", "It Ain't Hard to Tell", и "One Love". Шаем Рајд водителот на Емтиви Вести го нарече Illmatic “првата класична грамафонска плоча ” во 1994 година. Нас ја изведе песната "One on One" која беше наменета за филмот “Уличен борач”. Во 1995 Нас настапуваше како гостин во албумите Doe or Die на Аз, The Infamous на Моб Дип, Only Built 4 Cuban Linx на Раеквон and 4,5,6 на Кул Џи Рап.

Стив Хјуи од Олмјузик ги опиша текстовите од албумот Illmatic како високо литературни а неговото рапување тече беспрекорно без оглед на големината на неговиот вокабулар. Според текстовите, Нас е забележан како човек кој е способен да ја пробуди голата реалност на гето животот без да ја изгуби или заборави надежта за добрите времиња. Хјуи ја опишува песната "One Love" од албумот Illmatic како детален извештај до близок пријател во затвор за тоа како преданоста(верноста) во рамките на нивната група се менува. Разгледувајќи го вториот албум на Нас “It Was Written”, Лео Стенли од Олмјузик веруваше дека римите не се толку комплексни како тие во Illmatic но сепак се движат и успеваат да раскажат доследни приказни исто така. Аbout.com го рангираше Illmatic како најдобриот хип-хоп албум на сите времиња, а Префикс магазинот го објави како најдобриот хип-хоп запис кој некогаш бил направен.

1996-1997 Албумот It was Written и групата The Firm[уреди | уреди извор]

Колумбија Рекордс почнува да го притиска Нас да работи на повеќе комерцијални наслови, како тие на The Notorious B.I.G., кој стана познат поради објавувањето на улични песни кои го задржале поп елементот во нив. Нас го смени својот менаџер Емси Срч со Стив Стут и почна да се подготвува за неговата втора грамафонска плоча, It was written, свесно работејќи на ориенталниот звук. It was written продуциран под капата на Тон и Поук оф Тракмастерс, беше објавен во летото 1996 година. Две песни “If I Ruled The World” (придружувајќи го Лорен Хил од Да Фуџис) и “Street Dreams”, вклучувајќи го и ремиксот со Р.Кели станаа веднаш хитови. Овие песни беа промовирани со високобуџетни видео записи, режирани од Хајп Вилијамс, правејќи го Нас често име во хип-хоп културата. Се создава нова група The Firm, која се состои од Нас, Аз, Фокси Браун и Кормега. Албумот се базираше на гангстерската личност во Нас. A од друга страна, Illmatic, кои имаше бројни препораки за протагонистот на Скарфејс (Лице со лузна) Тони Монтана, беше повеќе за неговиот живот како тинејџер во проектите.

Обврзани кон продукцијата на Д-р Дре, Афтерматх Ентертејмент, The Firm почнаа да работат на нивниот деби албум. На половина пат од завршувањето на албумот, Кормега беше отпуштен од групата од страна на менаџерот Стив Стут, кој неуспешно сакал да го убеди Кормега да потпише договор со неговата менаџерска продукција. Алекс Тројано беше назначен за прв менаџер на групата The Firm. Кормега станува еден од најголемите вокални соперници на Нас и објавува голем број на андерграунд хип-хоп песни навредувајќи ги Нас, Стут и Нејџр (кој станува четврт член на групата, на местото на Кормега). Нас, Фокси Браун, Аз и Нејџр го претставија конечно нивниот нов албум : The Album во 1997 година. Албумот не ја достигна очекуваната продажба, иако беше најавен како платински албум и членовите ја напуштија групата за да одат секој по свој пат.

За време на овој период, Нас беше еден од петте рапери (помеѓу имиња како Би-Риал, Д-рДре, КРС-Уан и РБКС) во хип-хоп супер групата “Груп Терапи” кој пееше во песната "East Coast/West Coast Killas" од Д-рДре Презентс да Афтерметх. Во 1998, Нас беше ко-писател во филмот на Хајп Вилијамс од 1998та наречен “Belly”.

1997-1999 : Албумите I am и Nostradamus[уреди | уреди извор]

Во доцната 1997 година, Нас почна да го работи дуплиот албум именуван како I Am … The Autobiography, овој албум го направи како една средина помеѓу првиот албум Illmatic и вториот албум It was written со секоја песна детално опишувајќи некој дел од својот живот. Албумот беше завршен во раната 1999 година, а видео запис беше сниман за водечката песна на албумот “Nas is like”. Беше продуциран од Ди- џеј Премиер и содржеше вокални исечоци од “It aint hard to tell”. Музичкиот критичар M.Ф. ДиБела забележал дека Нас вмешал “политика, раса и религија од неговата уникатна перспектива” во неговиот албум покрај афтобиогравските текстови. Повеќе песни од грамафонската плоча биле префрлени на МП3 формат и на Интернет, Нас и Стут наскоро снимиле доволно материјал за да објават самостоен албум.

Вториот синг од албумот беше Hate me Now, со Sean P.Diddy Combs, кој беше споменат од критичарите на Нас како негов премин од андерграунд звук во комерцијала. Видео записот вклучуваше сцени каде Нас и Комс беа распнати како Исус, а од кога видеото беше завршено Комбс побарал да биде избришана неговата сцена на распнување. Но сепак, копија од спотот “Hate me Now” се најде на Емтиви. После само неколку минути откако се случи премиерата на спотот, Комбс и неговите телохранители наводно влегле во канцеларијата на Стив Стут и го навредувале, кога ве еден момент Стут добил шампањ по главата. Стут подигна тужба, но во јуни тој и Комбс се договориле надвор од судот.

Колумбија Рекордс имаше во план да го издаде пиратскиот материјал од албумот I Am.. под името Nostradamus во доцната 1999 година, но во последен момент, Нас одлучи да сними еден цел нов албум за објавувањето на албумот Nostradamus. За албумот Nostradamus се брзаше да се издаде во ноември. Иако критиките за албумот не беа добри, Нас доби добар резултат во не толку големиот хит, “You owe me”. Беше продуциран од Тимберланд во соработка со р’н’б пејачот Џинувајн. Единствената пиратска песна која од албумот I am успеа да се најде на албумот Nostradamus бече песната “The projetct windows” заедно со пејачот Роналд Ајсли. Други пиратски песни се најдоа во “The lost tapes”, колекција од андерграунд песни на Нас, кои беа објавени од Колумбија Рекордс во септември во 2002 година. Колекцијата достигна пристоен тираж и многу добри критики.

2000: Албумот QB Finest[уреди | уреди извор]

Во 2000, QB Finest беше објавен од продукцијата на Нас (“III Will Recors”). QB Finest е комприлациски албум кој Нас го сработи со помош на познати рапери од Квинс, вклучувајќи ги Мобб Дип, Нејџр, Капоне, да Бреивхартс, Траџеди Кадафи, Милениум Таг и Кормега (кој пред кратко време се помирил со Нас). Во албумот исто така се појавуваат како гости и хип-хоп легендите Роксан Шанте, Емси Шан и Мерли Марл. Шан и Мерли, и двајцата се појавуваат во водечката песна “Da Bridge 2001” која беше заснована на изведбата на Шан и Марл во 1986 година под наслов “The Bridge”.

2001: Албумот Stillmatic и кавгата со Џеј-Зи[уреди | уреди извор]

По неколкуте потсвесни критики во повеќе песни, фристајлови и миксови, високо публицирано соперништво меѓу Нас и Џеј-Зи стана широко позната на јавноста во 2001 година. Џеј-Зи во неговата песна “Takeover” го критикува Нас, нарекувајќи го “фолирант” а неговата кариера “бедна”. Нас му врати со песната “Ether” во која го споредува Џеј-Зи со ликови како Џеј Џеј Еванс од комедијата “Добри времиња” и маскотата на тутунската компанија Џо Камел. Оваа песна беше дел од петтиот студиски албум, Stillmatic на Нас, издаден во декември 2001та година. Stillmatic котираше петти на Билборд списокот на албуми, вклучувајќи ги песните"Got Ur Self A..." и "One Mic".

Како одговор на “Ether”, Џеј-Зи ја објави песната “Supa Ugly”, која водителот Анџи Мартинес на радиото Hot 97 премиерно ја пушти во етер на 11ти Декември, 2001та година. Во оваа песна, Џеј-Зи експлицитно се фалел дека имал афера со девојката на Нас, Кармен Брајан. Њу Јоршкото радио Hot 97 направи анкета прашувајќи ги слушателите кој рапер направил понавредлива песна, Нас со 52 % го победил Џеј-ЗИ кој имал 48% од гласовите.

До Октомври 2005 година, двајцата рапери конечно ставија крај на кавгата без насилство и злоба. За време на концертот на Џеј-Зи I Declare War — Power House, и најави на публиката “Ова е поголемо од I Declare War. Ајде, Еско!”, Нас му се придружил на Џеј-Зи на сцената и заедно ја извеле песната “Dead Presidents”, која Џеј-Зи ја напишал по примерот на песната на Нас “The World is Yours”. Двајцата исто така соработувале на песната “Black Republican” која подоцна се најде на новиот албум на Нас, “Hip hop is dead”. Уште една нивна соработка е на песната под наслов “Success” од албумот “American Gangster” na Џеј-Зи.

2002-2005 : Албумите God’s Son и Street Disciple[уреди | уреди извор]

Во Декември 2002та година, Нас го издаде албумот “God’s Son” вклучувајќи го водечкиот синг “Made You Look” земајќи ја како пример песната “Apache” на Инкредибл Бонго Бенд. Песната го достигна 12тото место на Billboard Hot 100 и беше број еден на Top R&B Hip-Hop Albums листите и покрај широко распостранетата интернет пиратерија. Магазинот Тајм го прогласи неговиот албум за најдобар хип-хоп албум на годината. Списанието Вајб му даде четири ѕвезди, а Да Сорс го оцени со солидна оцена. Втората песна “I Can”, во која има преработени елемнти од "Für Elise” на Бетовен и стана еден од најголемите негови хитови до тогаш за време на пролетта и летото 2003, добивајќи значајно место во етерот на урбаните, ритмични и топ40 радио станици, како и на музичките канали Емтиви и Ви Ејџ Уан. “God’s Son” вклучува неколку песни посветени на неговата мајка која починала од рак во 2002та година вклучувајќи ја и песната “Dance”. Во 2003, направи дует за песната “Play Me” на Корн, дел од неговата “Take a Look in the Mirror” плоча. Во 2003 беше издадено дивиди снимка од настапот во живо од Њујорк, заедно со Лудакрис, Џадакис и Дарил ЕмсиДаниелс под името Made You Look: God's Son Live.

Откако Нас го објави “God’s Son” во 2002та година, почнал да им помага и да соработува со групата Да Бреивхартс, составена од неговиот брат Џангл и неговиот пријател Виз (Визарт), и заедно го објавиле нивниот прв деби албум, “Bravehearted”. Во албумот како гости се појавуваат Нас, Нашоон (од Милениум Таг), Лил Џон и Миа.

На 30 ноември 2004 Нас го издал својот 7-ми студиски албум на двојно цеде Стрит Дискипл кој беше одобрен од критиките. Првите песни од овој албум беа “Thief’s Theme” и “Bridging The Gap” во кои како вокал гостува неговиот татко Олу Дара. Во песната “These are our Heroes ” обвинува угледни спортски ѕвезди и глумци како Коби Брајант и Оу Џеј Симпсон дека не даваат добри примери за децата кои се огледуваат на нив и ги запоставуваат нивните наследства и потекла. Видео записите за “Bringing the Gap” и “Just a Moment” добија чест приказ на музичките канали Емтиви и Бет. Иако албумот стана платина, неговиот камерцијален профил беше релативно низок споредувајќи го со претходните објавени албуми на раперот.

Нас се појавува како гостин во албумот на Кање Вест “Late Registration” во песната “We major”. Вест изјавил дека истата била омилена на Џеј-Зи од целиот албум, но Вест не бил во можност да го договори Џеј-Зи за да го снимат конечниот микс на песната. Нас гостувал и во песната “Road to Zion” на Демиан Марли и неколку други песни како и во “Death Anniversary” и “It Wasn’t You” (заедно со Лорен Хил).

2006: Hip Hop Is Dead[уреди | уреди извор]

Во јануари 2006 Нас потпишал договор со Деф Џем кој ја нагласува соработката со претходниот соперник Џеј-Зи. Првичниот наслов за албумот бил “The Hip hop is Dead…The N” (скратено за“Hip hop is Dead”), но издавањето на албумот во Велика Британија вклучуваше и бонус песна наречена ”The N”. Продукцијата на албумот беше во соработка со Вил Ај Ем, Кање Вест, Д-р Дре,Скот Строч и ѕвездата од НБА Крис Вебер, како и долгогодишните соработници на Нас, Л.Е.С., Салаам Реми и Вајлдфаер. Уличниот синг “Where Y’all At” беше објавен во јуни 2006. Песната беше продуцирана од Салаам Реми и содржеше извадок од песната “Made your look”, но не стигна да се најде на албумот “Hip hop is dead”.

Првата песна од албумот беше продуцирана од Вил.Ај.Ем и го има истиот мелодичен извадок ("In-A-Gadda-Da-Vida") што го содржи и песната на Нас од 2004 година “Thief’s Theme”. Албумот дебатираше на радиото Def Jay и даде нов белег во издавачката куќа “The Jones Experience” како број еден на Billboard 200 листите, продавајќи 355,000 копии – овој албум на Нас беше трети по ред што се најде на прво место на листите, после албумите “It was written” и “I am…”. Музичкиот запис за песната “Can’t forget about you” во дует со Крисете Мишел беше премиерно пуштена на 5 февруари 2007та година. Потоа следеше видео запис за песната “Hustlers” со Да Геим. Нас најави во интервју за Емтиви дека следи и спот за песната “Black Republican” со раперот Џеј-Зи. Премиерата за реалното шоу на Емтиви под насловот Јас и Г-ца Џонс,кое ќе ги опфати деталите од животот на Нас и Келис се најави за 2008та година од страна на магазинот Vibe.

Насловот на албумот гарантираше многу голема контроверзност, бидејќи многу обожаватели и артисти (посебно оние од Јужно потекло) почнаа да дебатираат за моменталната виталност на хип-хоп музиката. Со овојо албум, Нас станал неофицијален водач на “Хип Хопот е мртов ” движењето. Гоустфејс Кила, во неговиот албум “Fishscale” изгледаше како да се согласува со Нас и ги посочи јужните кранк и снап врсти на музика за првичните причини зошто хип-хопот е мртов. Многу изведувачи од Југот, поточно рапери како Биг Бои од Ауткест, Лил Буси, Ти Ај, Јанг Џизи, Дем Франџиз Бојз и Д4Л биле навредени од сето ова. Како и да е, раперот од Југот Андре 3000 од групата Ауткест исто така изјавил дека хип-хопот “умира”. Откако целата контраверзност околу ова падна, некои од споментатите рапери соработуваа со Нас на неколку песни, рапери како Ти Ај (во песната на Д-р Дре “Topless”) и уште позначајна е соработката на Нас со раперот Јанг Џизи во песната на раперот од Југот “My President” од албумот во 2008та година “The Recession”.

Нас работел на песна наречена “Shine on ‘Em” за филмот со Леонардо ДиКаприо и ДИјамон Хоунсоу “Крвавиот Дијамант“, чија премиера во Американските кина беше на 8 декември 2006 година. Неговата песна со наслов “Thief’s Theme” одеше во позадина на една од сцените на победничкиот филм “Покојните” во своја категорија на режисерот Мартин Скорсес, на Академијата за Филмски награди. 2007: Контроверзноста поврзана со Техничкиот Факултет,Вирџинија и албумот “Greatest Hits”

Нас за време на концертот за Техничкиот Факултет во Вирџинија одржан на 6 Септември,2007та година се соочил со училишна пресметка. Нас бил придружуван од Џон Мајер, Алан Џексон, Фил Васар и Дејв Метјус Бенд.Кога бил најавен за да настапи, Бил О’Рајли и Фокс Њус Телевизијата го бојкотирале концертот и повикале на одстранување на насилничкиот текст од песните на Нас, како во песните “Shoot ‘Em Up”, “Got Urself A Gun” и “Made You Look”. На 15 Август, 2007та година во блогот за најнови случувања “Talking Points Memo” О’Рајли приложил аргумент во кој вели дека не била само содржината на текстовите на Нас кои го направиле несоодветен за настанот, туку посочувајќи го поседувањето на пиштол во криминалното досие на Нас. За време на расправата со авторот Бакари Китвана (дел од Хип-хоп Генерацијата) кој бил на страната на Нас и тврдел дека телевизијата Фокс Њус како да собирала цреши кога собирала делови од песни со цел да го оформи целиот случај. На тоа О’Рајли извикал “Тој и во својот приватен живот има обвинение за поседување на оружје, разбирате? Тој има обвинение за поседување оружје,госоподине. А се работи за школо во кое имаше суров убиец со пушка пукајќи во луѓето – а овој тип (Нас) има обвинение за поседување оружје и вие велите дека тој е соодветен? Ама ајде!” Оваа изјава О’Рајли ја повтори пет пати пред да се скрати. На 6 Септември, за време на неговиот сет за “Концерт за Техничкиот Факултет од Вирџинија”, Нас двапати го посочи Бил О’Рајли како будала, при тоа терајќи ја публиката гласно да скандира. После две недели подоцна, Нас на интервју со Шаем Раид од Емтиви Њус го критикувал О’Рајли, нарекувајќи го нецивилизиран и способен да направи екстермни работи за публицитет. Точната изјава на Нас за Емтиви гласи:

Тој не ја разбира младата генерација. Тој сè уште живее во минатото. Тој ги претставува Републиканците, постари луѓе, генерација која нема осет со реалноста или со она што се случува сега со мојата генерација.... Тој не се наоѓа на мојот радар. Луѓето како него би требало да бидат силни а луѓето како мене треба да им дадат до знаење на тие луѓе. Не го сфаќам сериозно. Неговите зборови се испревртени факти или како и да е. Бил О’Рајли нема ништо чесно да каже. Се што тој има да каже може да ви докаже што крвопијци како него прават : Тие злоупотребуваат се, како што и трагедијата во Техничкиот Факултет во Вирџинија, за да си го зголемат рејтингот. Не се може да се разговара со таква личност.

Тој го повтори своето гледиште во јули 2008та година, кога дебатата меѓу Нас и О’Рајли подоцна водеше до петицијата на Нас до телевизијата Фокс Њус, и сето тоа резултираше со појавување на нас во емисијата The Colbert Report. Исто така, во 2008та Нас го повика Бил О’Рајли на јавна дебата, на која О’Рајли одговори негативно.

Бившата издавачка куќа на Нас, Колумбија Рекордс, го издаде неговиот албум од најголемите хитови (The Greatest Hits) во ноември. Оваа компелација содржеше 14 песни : 12 од неговите претходни седум грамафонски плочи и две ново снимани песни. Една од новите песни е “Less Than An Hour” заедно со Си-Ло од Гуди Моб и Гнарлс Баркли. Оваа песна е новата тема за високо познатиот и успешниот филм “Полициски час” во улоги на Крис Такер и Џеки Чен, а се појавува и на “Полициски час 3” саундтракот исто така. Втората нова песна од албумот “Surviving the Times” содржи авто-биографски текст за кариерата на Нас а ја продуцирал Крис Вебер.

2008: Untitled(Ненасловениот) album[уреди | уреди извор]

На 12ти Октомври 2007та година, Нас објавил дека неговиот нов албум ќе се вика Nigger (Црнец). Двајцата коментатори од левицата Џеси Џексон и Ал Шартон како и телевизиската станица Фокс Њус беа навредени. Џексон им се обрати на шоумените да престанат да го употребуваат тој епитет, после комичарот Мајкл Ричардс кој го употреби тој епитет на сцена во доцната 2006 година.

Контроверзноста растеше како што се ближеше датумот на издавање на албумот, одејќи до создавање на гласините дека продукцијата на Нас Деф Џем планира да го отпушти нас ако тој не го смени насловот.Покрај тоа,пратеникот Хакем Џефрис од Форт Грин, Бруклин побарал од Њујоршкиот модератор Томас ДиНаполи да повлече 84.000.000 долари од државниот пензиски фонд, кои биле инвестирани во Универзал и нејзината матична компанија,Вивенди, ако насловот на албумот не се смени.На друга страна пак многу од познатите во музичката индустрија покажаа силна доверба во Нас и неговата употреба на расистичкиот епитет како налов на неговиот долгоочекуван албум. Цо интервју со Енџи Мартинес, водител на Њу Јоршкото радио Hot 97, Нас изјави дека проблемот со името на албумот станал толку голем како предмет на расправање во Конгресот на САД.

Менаџерите на Нас беа загрижени дека албумот нема да се продава во ланци на продавници како што се Вол-Март, а со самото тоа да се ограничи неговата дистрибуција. На 19 мај, 2008та година, Нас се откажа од насловот на албумот и во една изјава кажа :

Мене ми е важно овој албум да стигне до моите обожаватели. Долго време се очекуваше. Сакам моите обожаватели да знаат дека на креативно и текстуално поле можат да ја очекуваат истата содржина и истите пораки. Луѓето секогаш ќе знаат кој е вистинскиот наслов на овој албум и како да го викаат.

“Hero”, водечката песна од овој албум, беше објавена на 6 Јуни,2008 во дует со Р’Н’Б пејачката Кери Хилсон, продуцирана од Полоу да Дон. Во САД, “Hero” го достигна 97мото место на Billboard Hot 100 листите и 87мото место на Hot R&B/Hip-Hop Синглови и песни листата, а на Канадската листа го достигна 39тото место.Издаден на 15 Јули,2008та година, “Untitled” е вториот издаден албум на Нас под капата на Деф Џем. Имаше продукции од Полоу да Дон, Стик.мен од Дед През, Санс оф Лајт и Ј.Мајерс, Марк Ронсон, Кул и Дре, Диџеј Грин Лантерн, Салаам Реми, Диџеј Томп и многу повеќе. Како гости се појавуваат Да Геим, Крис Браун, Кери Хилсон, Да Ласт Поетс и Баста Рајмс.

На 2 Јули,2008та година Фила најави дека Нас потпишал договор со нив за патики, негов втор договор.Нас ќе ги промовира патиките во списанија и ќе ги носи по концерти. Фила исто така планира Нас за време на празници да ги издаде вторите патики со стил мотивиран од 80-тите години.

Одговарајќи на навредите од страна на Џеси Џексон за употребата на зборот “црнец” за Претседателот Барак Обама, Нас во интервју за Емтиви Њус кажа:

Џеси Џексон е најголемиот хејтер. Неговото време истече. На сите стари црнци времето им истече. Сите го слушнавме вашиот глас, ве видовме како марширате, ги слушавме вашите предавања. Не сакаме да го слушаме тоа срање повеќе. Нов ден е, нов глас, сега сум тука. Не ни треба Џеси, јас сум тука. Сега мене ми е редот. Сега ние сме гласот, не Џеси. Извини, Чао . Не помагаш на никој од нашите и тоа е крајната линија. Чао Џеси, чао!

Во интервју за Емитиви Њус во јули, 2008та година Нас шпекулираше дека тој можеби ќе објави два албума во ист ден – еден продуциран од Диџеј Премиер а другиот од Д-рДре. Нас исто така направи со Д-р Дре на неговиот долгоочекувам албум “Detox”. На 16 Јули,2008та Нас ја изведе песната “Hero” заедно со Кери Хилсон во емисијата во живо на Џими Кимел. Наредната недела, поточно на 23 Јули тој се појави во емисијата “Репортот на Колберт ” за да го искаже своето мислење за Бил О’Рајли и за телевизијата Фокс Њус. Нас го обвини писмото со предрасуди против Африканско-Американската заедница и го повика повторно О’Рајли на дебата. Во оваа емисија тој покажа кутии со повеќе од 625,000 потписи кои ги собрал од онлајн со помош на организацијата “Боја на промени” за поддршка на перицијата против телевизијата Фокс за предрасуди за расата и сеење на страв. На крајот од шоуто Нас ја изведе песната “Sly Fox” од неговиот нов албум, со цел да го потврди неговиот критички став за телевизијата Фокс Њус. На 4 Август, 2008 година Нас ја изведе песната “Hero” на шоуто на Венди Вилијамс. Нас е моментално на турнеја наречена "Rock The Bells”. Нас беше награден како “Ем си” на годината од HipHopDX 2008 наградите за последниот обид за соло, квалитетот за неговото појавување на албуми на други изведувачи кое беше опишано како “ артист кои просперирал од реиновации и одејќи против системот”. На 4 Март, 2009 на втората годишнина од Микс сериите на Смирноф ја издадоа “If I Ruled the World 09” во дует со Марша Амбросиус.

2009-2010: Албумот насловен како “Distant Relatives” заедно со Демиан Марли[уреди | уреди извор]

На Греми Наградите во 2009 година, Нас ја потврди неговата соработка на албум со реге музичарот Демиан Марли кој се очекуваше да биде издаден во есента 2009 година. Нас за соработката во едно интервју кажа: “Бев голем обожавател на неговиот татко и се разбира неговите деца, а посебно Демиан, кој отсекогаш го гледав како рапер. Неговото не е ни пеење, или ако е звучи многу улично и реално. Отсекогаш ми се допаѓало како реге и хип-хопот се испреплетуваат и секогаш се подбутнувале еден со друг, отсекогаш ми се допаѓала врската. Имав работено со луѓе од реге светото и порано но целата соработка со Демиан на крај се исплати.” Дел од профитот бил планиран да оди за градење на училиште во Африка.Тој понатаму кажа дека е “рано да се каже името на албумот”. Весникот Лос Анџелес Тајмс потоа објави дека албумот ќе биде насловен како “Distant Relatives”. Нас откри дека ќе работи на десеттиот студио албум по издавањето на албумот”Distant Relatives”. За време на есента 2009 Нас со неговиот бенд Мулато и музичкиот директор Дастин Мур беше на концерти во Европа и Австралија. Албумот беше објавен на 17 мај 2010 г.

2010-сегашност: Албумот The Lost Tapes pt.2 и неговиот десетти студиски албум[уреди | уреди извор]

На 15 Септември,2010 Нас напиша на неговиот Твитер : “Доаѓа... LOST TAPES VOLIME TWO!!!”. Како и да е, албумот The Lost Tapes Vol. 2 не беше објавен сè до крајот на годината, Нас во изјавата за Емтиви поврзана со издавањето на компилацискиот албум кажа: “ Затоа што изгубив време, навистина сакав да го издадам албумот во декември, но го почнав мојот нов албум. Па размислувам албумот 'The Lost Tapes' да биде бесплатен додаток на следниот албум. Уште размислувам за тоа.”

Нас зборувајќи за десеттиот албум кој следува го именува како “магичен момент” во неговата рап кариера и спомнувајќи ги Свиз Битс, Диџеј Премиер, Да Алкемист, Д-рДре, Кање Вест и РЗА како можни продуценти на неговиот албум. Продуцентот на “A Milli” Бангладеж откри дека тој продуцирал неколку песни на албумот. Кане Битс исто така изјави дека неодамна имал соработувано со Нас.Беше потврдено дека Френк Оушан, членот на OFWGKTA соработувал со Нас на неговиот десетти албум.

Музички стил[уреди | уреди извор]

Новинарот Питер Шапиро го пофали Нас за неговата способност да создаде "уништувачки натпревар помеѓу текстовите и продукцијата ", како и создавање на "страшна евокација на живот на улица", споредуван најчесто со Раким за неговата способност за пишување. Сепак, Шапиро, исто така, забележал дека Nas има" “уназадување” уште од неговиот деби албум Illmatic.

О.С. од Д.И.Т.С коментираше во книгата How to Rap (Како се рапува) “Нас песната “Rewind” ја испеа наопаку (од крај кон почеток) и беше одлична идеја”. Исто така во истата книга ТуМекс од групата Да Вижонерис го опиша рапувањето на Нас како возбудливо, Рах Дигга кажа дека текстовите на Нас имаат комлексност, Бути Браун објаснува како Нас не требало секогаш римата да ја прави “харизматична” и Нас е опишан како рапер со најмногу “густо спакуван” рап, со проширени рими кои “се надополнуваат од еден бит во следен бит или се вклопуваат една во друга”.

Во 2006 година, Нас беше на петтото место на “10те Најдобри Ем Си-ја на сите времиња” списокот на Емтиви.

Приватниот живот[уреди | уреди извор]

Во 1994 година, екс-свршеницата Кармен Брајан ја роди нивната ќерка, Дестани. Брајан наводно имала сексуални односи со Џеј-Зи и Ален Ајверсон пред таа и Нас да се разделат. Нас кратко се забавуваше со Мери Џ. Блајч. Во 2005 година Нас се ожени со Р’Н’Б пејачката Келис во Атланта после две годишна врска. На 30 април 2009, потпаролот потврди дека Келис поднела документи за развод. Келис на 21 Јули,2009 го роди првиот син, иако за овој настан се влошија работите затоа што Нас го најави раѓањето на неговиот син на една свирка во Квинс, против волјата на Келис. Раѓањето на синот Нас го најави и онлајн преку видео. На 23 Јули судија во Њујорк нареди Нас да и плаќа на Келис 55,000 долари месечна алементација, иако Келис за ова сакаше Нас да и плаќа 100.000 долари месечно. Разводот на оваа двојка беше конечно завршен на 21 Мај,2010 година.

Нас беше потпарол и ментор на Пи Тонс Рекордс, која била непрофитна веднаш после музичката програма чија цел или мисија била “да создадат конструктивни можности за урбаната младина преку бесплатни музички програми.”