Медуза (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Медуза

Медуза (грчки: Μέδουσα) била една од трите горгони во старогрчката митологија, ќерка на Форкис и Кето. Таа била чудовиште со женско лице, и наместо коса на својата глава имала змии.[1] Медуза и нејзините сестри имале способност со својот поглед суштеството да го претвораат во камен. Се сметало дека таа била најстрашна од сите горгони и единствената смртница.

Медуза била убиена од Персеј, а од нејзината крв се родил Пегаз. Дури и по смртта, таа била опасна, зашто нејзината отсечена глава можела да го претвори во камен секој што ќе ја погледнел.[2]

Медуза како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]