Мануел дос Реис Машадо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мануел дос Реис Машадо често нарекуван Мајстор Бимба (роден 23 ноември 1899 во Салвадор, Бразил - 5 февруари 1974) бил мајстор по Афро-Бразилската боречка вештина.

Младоста[уреди | уреди извор]

Се вели дека Машадо има два различни изводи од матично, од 1899 и 1900. Најчесто користена година е 1900.

Син на Луиз Кандидо Машадо и Марија Мартиња до Бонфим, Мануел е роден во Енгењо Вељо, Салвадор. Прекарот “Бимба“ произлегол од облог помеѓу неговата мајка и бабицата за време на неговот раѓање, неговата мајка се обложила дека ќе биде девојче а бабицата се обложила дека ќе биде момче. Откако се родил, бабицата рекла.... “момче е. Погледнете го ова bimba” (машки полов орган). Со изучување на капуерата почнал на 12 години, со Навигациониот Капетан (Capitão da Companhia Baiana de Navegação) од Естрада дас Биодас во Салвадор, наречен Бентињо, дури и тогаш капуерата била прогонувана од властите.

Подоцна тој е познат како основач на контемпоранеа капуера, другиот е Винсент Фереира Пастиња ( “Mestre Pastinha” ), таткото на ангола капуера.

Машадо бил ископувач на јаглен, столар, магационер, пристаништен работник, но пред сè капуерист.

Раѓањето на режионал стилот[уреди | уреди извор]

На 18 години, Бимба почувствувал дека капуерата ја изгубила својата ефикаснонст како боречка вештина и како инструмент за отпор, претварајќи се во фолклорна активност сведена на девет движења. Тогаш Бимба почнал да ги враќа движењата од традиционалната борбена капуера и да додава движења од еден друг Африкански боречки стил наречен “Batuque“- брутален тип на боречка вештина која ја научил од неговиот татко (во која неговиот татко бил шампион), исто така внел движења коишто самиот ги создал. Ова бил почетокот од развивањето на режионал капуера.

Во 1928 година, започнало ново поглавје на капуерата, како и промената на начинот на кој црните луѓе ( со Африканско потекло, донесени во Бразил како робови) биле гледани од страна на Бразилското општество. По изведбата во палатата на Градоначалникот на Баија, Juracy Magalhães, Бимба конечно успеал да ги убеди властите во културната вредност на капуерата, како резултат на тоа во 1930 година била укината официјалната забрана, која датирала од 1890.

Машадо го основал првото училиште за капуера во 1932 година, Academia-escola de Cultura Regional, во Енгењо де Бротас во Салвадор, Баија. Дотогаш, капуерата се вежбала само на улица. Како и да е, капуерата била силно дискриминирана од страна на високите класи во Бразилското општество. Со цел да ја промени лошата репутација на капуерата и на нејзините применувачи како девијантни, лукави и злобни, Бимба поставил нови стандарди во уметноста.

Неговите ученици морале да носат чиста, бела униформа, да покажат доказ за професионалното рангирање од училиштето, да работат вежби за дисциплина, да покажат добро однесување и многу други стандарди. Како резултат на тоа, доктори, адвокати, политичари, луѓе од високата и средната класа, и жени (дотогаш исклучувани) започнале да се придружуваат кон неговото училиште, со што Бимба се здобил со законско признание и поддршка.

Режионал капуерата е утврдена[уреди | уреди извор]

Во 1936 година, Бимба предизвикувал борци од различни стилови на боречки вештини за да го тестира неговиот режионал (regional) стил. Тој имал четири меча, се борел против Витор Бенедито Лопес (Vítor Benedito Lopes), Енрике Баиа (Henrique Bahia) , Жозе Кустодио дос Сантос (José Custódio dos Santos) ("Zé I") и Америко Сиенсиа (Américo Ciência). Бимба победил во сите мечеви.

Во 1937 година, добил државно признат сертификат за образование откако бил поканет да ја презентира капуерата пред Бразилскиот претседател, Гетулио Дорнелес Варгаш (Getúlio Dorneles Vargas).

Во 1942 година, Машадо го отворил неговото второ училиште во Terreiro de Jesus on Rua das Laranjeiras. Училиштето е сѐ уште отворено и до 1980 година било управувано од “Вермељо“ ("Vermelho") негов поранешен ученик. Потоа училиштето било под надзор на Мајстор Алмиро, човекот којшто и денес го води училиштето.

Тој исто така подучувал капуера во армијата и полициската академија. Тој се смета за “татко на модерната капуера“

Важни имиња во Бразилското општество од ова време како (Dr. Joaquim de Araújo Lima) Д-р Жоаким де Араујо, поранешен градоначалник на Guaporé/Гуапоре, (Jaime Tavares) Жеим Таверес, (Rui Gouveia) Руи Гувеиа,( Alberto Barreto ) Алберто Барето, (Jaime Machado) Жеим Машадо, (Delsimar Cavalvanti) Делсимар Кавалванти, (César Sá) Цесар Са, (Decio Seabra) Децио Сеабра, (José Sisnando) Жосе Сисандо и многу други биле Бимбеови ученици.

Наследство[уреди | уреди извор]

Незадоволен од лажните ветувања и недостатокот на поддршка од локалните власти во Баија (Bahia), во 1973 година се преселил во Гојаниа (Goiânia) на покана на еден поранешен ученик. Починал една година подоцна, на 5 февруари 1974 година во болницата „дас Клиникас де Гојаниа“ (das Clínicas de Goiânia), од мозочен удар.

Бимба успеал да ги обнови првобитните вредности на капуерата, коишто биле користени помеѓу црните робови со векови пред него. За Бимба, капуерата била борба но “натпреварувањето“ треба трајно да се избегнува бидејќи верувал дека капуерата е “соработувачка“ борба, каде што посилниот играч е секогаш одговорен за послабиот и му помага да ги подобри неговите боречки техники.

Машадо целиот свој живот се борел за она во што цврсто верувал дека е најдобро за капуерта и успеал. Откако починал во 1974 година, еден од неговите синови Ненел“- Маноел Насцименто Машадо ("Nenel" -Manoel Nascimento Machado), на 14 години, го презел капуера наследството од неговиот татко. Ненел е сè уште одговорен за значаеното културно и историско наследтство кое му го оставил татко му и е претседател на училиштето за капуера „Фиљос де Бимба“ („Filhos de Bimba“).

Бимбеовите правила од академијата

Бимба силно верувал дека капуерата има исклучителна вредност како самоодбранбена боречка вештина, оттаму доаѓаат и неговите напори да го развие нејзиното учење на конструктивен и методичен начин.

Бимба развил метод за подучување капуера со наредби, принципи и традиции, кои сè уште се дел од режионал капуерата до ден денешен. Некои од неговите правила се:

-Да не се пие и пуши за време на капуера тренинзите или изведбите;

-Да се избегнуваат самостални капуера изведби како капуера играч надвор од академијата ;

-Да се избегнуваат разговори за време на тренинзите, наместо тоа да се набљудува и учи од гледање;

- Секојдневно да се вежба основата

-Не плашете се да се доближите до својот противник- колку сте поблиску, толку повеќе ќе научите.

-Опуштете го телото

-Подобро е да бидете истепан во хода отколку на улица.

-Учениците мора да одржуваат добри оцени на училиште

Бимба исто така вовел свои принципи како основи за неговиот метод на предавање капуера:

-Gingar sempre (за да се одржиш во постојано движење за време на борбата); жингата е основното движење во капуерата;

-Esquivar sempre (за да се избегнат ударите на противникот)

-Сите движења мора да имаат цел (напади и соодветни одбранбени движења)

-Постојано да се биде стабилен на земја (акробатските движења те прават ранлив)

-Играј според ритамот одреден од биримбаото ( музички инструмент во капуера );

-Почитувај го/ја играчот што не може повеќе да се оддбрани од напад;

-Заштити го физичкиот и моралниот интегритет на противникот (за време на тренинзите, појакиот ќе го заштити послабиот играч)

Оттука, Бимба создал одредени традиции и ритуали да ја поткрепи неговата методологија:

-Се користела столица за тренирање на новите ученици;

-Charanga (батеријата) е капуеристичкиот оркестар, составен од биримбао и две пандероа;

-Се пееле песни кои ги создал Бимба за да ја придружуваат играта;

-Батизадо, настан кога ученикот за првпат игра капуера на звукот на биримбаото.

Аспекти кои ја прават Режионал капуерата единствена во своите методи:

-Испит за пристапување (физички тест од капуера движења за да се одредат способностите на студентот);

-(sequência ) секвенци од основните 17 движења за напад и одбрана;

-Вежбање на различни ритми на игра;