Луис Армстронг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луис Армстронг во 1953 г.

Луис Армстронг[1] (англ. Louis Armstrong; 4 август 19016 јули 1971) со прекари: „Сачмо“, „Сач“ и „Попс[2]американски џез музичар. Иако прво се прославил свирејќи труба, кон крајот на кариерата станал познат како пејач и бил еден од највлијателните џез-музичари. Добил многу признанија, вклучувајќи ја и Греми наградата за најдобра машка вокална изведба за Hello, Dolly! во 1965 година, како и постхумната Греми награда за животно дело во 1972 година. Во 2017 година бил примен во Националната куќа на славните на ритам и блузот.[3]

Армстронг е роден на 4 август 1901 година во Њу Орлеанс, но неговиот датум на раѓање е предмет на расправа. Самиот Армстронг често тврдел дека е роден на 4 јули 1900 година.[4] [5] [6] Дошол до израз во 1920-тите како инвентивен свирач на труба и корнет, Армстронг имал значајно влијание во џезот, при што фокусот на музиката го префрлил од колективна импровизација на соло изведба.[7] Во 1922 година, тој на покана на неговиот ментор Џо „Кинг“ Оливер се преселил во Чикаго за да свири во неговиот бенд. Тој стекнал репутација на „натпревари за свирење“, а за неговата умешност во свирењето разбрал лидерот на бенд, Флечер Хендерсон. Армстронг се преселил во Њујорк, каде што станал истакнат и музички влијателен солист на бендот. Веќе во 1950-тите, тој бил национална музичка икона и редовно се појавувал на радио и телевизиски преноси и во филмови.

Негови најпознати песни се: „What a Wonderful World“, „La Vie en Rose“, „Hello, Dolly!", „On the Sunny Side of the Street", „Dream a Little Dream of Me", „When You're Smiling" and „When the Saints Go Marching In". Тој соработувал со Ела Фицџералд и заедно продуцирале три плочи: Ella and Louis (1956), Ella and Louis Again (1957), и Porgy and Bess (1959). Тој исто така глумел во филмови како: Рапсодија во црно и сино (1932), Кабина на небото (1943), Високо друштво (1956), Париски блуз (1961), Човек по име Адам (1966) и Здраво, Доли! (1969).

Во текот на својата кариера станал најголем џез музичар, неоспорен водач на популарната музика на 20. век и една од најголемите фигури во историјата на музиката.

Армстронг го сакале не само поради неговиот трубачки талент, неверојатно чистото и продорно свирење на труба и специфичното рапаво пеење, туку и поради човечката топлина и великодушност, како и поради симпатичната особеност на „големо дете“ кое му се радува на животот и живее за музиката.

Забелешка[уреди | уреди извор]

  1. Многу биографи на Луис Армстронг тврделе дека неговото средно име е Даниел (Daniel), но тоа го негирал самиот Армстронг
  2. For background on nicknames, see Laurence Bergreen (1997). Louis Armstrong: An Extravagant Life. New York: Broadway Books. стр. 4–5. ISBN 978-0553067682.
  3. „Louis Armstrong – Artist“. Grammy.com. November 19, 2019. Посетено на May 27, 2020.
  4. Gary Giddins (2001). Satchmo: The Genius of Louis Armstrong. Da Capo. стр. 21. ISBN 978-0-306-81013-8.
  5. Teachout (2009), pp. 26–27.
  6. Bergreen (1996), pp. 14–15.
  7. Bergreen (1997), p. 1.