Карл Готхард Лангханс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Готхард Лангханс
Carl Gotthard Langhans
Портрет на Карл Готхард Лангханс
НационалностПрус
Познат(а) поархитектура
Значајни делаБранденбуршка порта
Правецкласицизам

Карл Готхард Лангханс (германски: Carl Gotthard Langhans; 15 декември 1732, Ландесхут - 1 октомври 1808, Гринајхе кај Бреслау) — пруски градител и архитект. Неговите дела спаѓаат во групата на најраните класицистички градби во Германија, меѓу кои најпознато е Бранденбуршката порта во Берлин.

Знаењата од областа на архитектурата ги стекнал самообразувајќи се преку записите на римскиот теоретичар Витрувиј. Кариерата ја започнал со нацртот „Zum Schifflein Christi“, а продолжил да работи како градежен инспектор. Патувал низ повеќе европски земји, каде се запознал со примената на различните стилови. Во своите дела главно користел елементи, карактеристични за барокниот и класицистичкиот архитектонски стил.

Иако бил засенет со дејноста на Карл Фридрих Шинкел, Лангханс се смета за еден од најпознатите берлински архитекти, во чијашто чест во 1982 и 2007 година биле издадени поштенски марки, одбележувајќи 250 и 275 години од неговото раѓање.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лангханс не се образувал за да стане архитект. Од 1753 до 1757 година, студирал право во Хале, а освен тоа изучувал и математика и јазици. Со архитектурата започнал да се самообразува, посветувајќи се галвно на античките записи на римскиот архитектонски теоретичар, Витрувиј, и новообјавеното издание од страна на археологот Јохан Јоаким Винкелман.

Неговиот нацрт за протестантската црква, „Zum Schifflein Christi“ (во превод значи „До бротчето Христос“), кој во 1764 бил објавен во Глогув, му овозможил да се пробие како архитект. Истата година, се вработил како градежен инспектор на грофот Фон Хацфелд, чијштто дворец, кој бил уништен во војна, бил обновен во периодот од 1766 до 1774 година, со нови нацрти кои ги направил Лангханс. Со псоредништво на Фон Хацфелд, за него се чуло и на кралскиот двор во Берлин. Како прв проект во служба на кралското семејство, во 1766 година, за принцот Хајнрих ја проектирал изградбата на скалишниот простор и салата-школка во дворецот Рајнсберг.

Семејство[уреди | уреди извор]

Карл Готхард Лангханс на постари години

Во 1771 година, Карл Готхард се оженил со Ана Елизабет Јекел, ќерка на учител по право од Бреслау. Двојката имала пет деца: ќерките Лујза Амали и Јулијана Вилхелмина, синот и подоцнежен архитект Карл Фердинанд, како и уште две деца, кои многу мали починале.

Од 1782 година, живеел во куќата на родителите на сопругата на Албертовата улица бр. 18 во Бреслау. Шест години подоцна, се преселил во Берлин, каде што живеел на Шарлотовата улица бр. 48.

Студиски патувања[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 18. и почетокот на 19. век, за секој уметник било голем сон, да се отпатува во Италија и да се учи за антиката со сопствени очи. Од германските уметници, ова им пошло за рака на Гете и Шинкел, но и на Лангхаус, кој со поддршка на грофот Фон Хацфелд си дозволил престој во Италија, кој траел од 1768 до 1769 година. Кога подоцна бил назначен за водач на воената комора на градот Бреслау, по налог и на трошок на кралот ги посетил и Англија, Холандија, Белгија и Франција.

Служби[уреди | уреди извор]

Првото врабтуавње на Лангхаус било во 1764 година, како градежен инспектор кај грофот Франц Филип Адријан фон Хацфелд. Но притоа, неговиот надреден му дозволил да работи и за други. По уништувачките војни на кралот Фридрих II Велики, во 1775 бил назначен за водач на воената комора на Бреслау. Во 1788 година, од страна на внукот и наследник на кралот Фридрих, Фридрих Вилхелм II, бил именуван за директор на новоформираната установана градители во Берлин.

Стил[уреди | уреди извор]

Дворскиот театар во Шарлотенбург денес е музеј за предисторија и рана историја

Лангханс се родил во време на барокот, а починал во време на класицизмот, па според во неговите дела се забележителни градби и елементи карактеристични за обата правци. Не развил сопствен архитектонски стил, а во голема мера дури и не се оддал на ниеден друг стил. Ги користел градбите кои ги здогледувал на своите патувања, така што цртите во нив ги земал како примероци за своите нацрти. кои ги здогледувал на своите патувања. Не се плашел од примената на различни стилови, еден до друг, во една иста градба. Така, кај дворецот на грофот Фон Хацфелд, при уредувањето на неговиот надворешен изглед се ориентирал кон италијанската доцна ренесанса, додека при внатрешното уредување на градбата, употребил барокни елементи. Од друга страна, при скицирањето на свечената сала за дворецот Денхоф на Вилхелмовата улица во Берлин, за покривот применил класицистички украсни елементи.

За време на неговиот престој во Англија, Карл Готхард се запознал со класицизмот на браќата Роберт и Џејмс Адамс, којшто во своите нацрти доста го применувал. Со тоа, неговите класицистички нацрти, привремено му го донеле прекарот „современ архитект“. Еден од архитектонските елементи кој најмногу го употребувал е мотивот Паладио.

Значење[уреди | уреди извор]

Јубилејна поштенска марка во чест на 250-годишнината од раѓањето на Лангханс
Јубилејна поштенска марка во чест на 275-годишнината од раѓањето на Лангханс

Изградбата на Бранденбуршката порта, во тоа време не му донела слава на Лангханс. Кралот Фридрих Вилхелм II се откажал од барањето на архитектот да присуствува на отворањето на портата и ја критикувал долготрајната изградба. Вајарот Јохан Готфрид Шадов, кој ја изработил квадригата за Портата, во пропилеите кои служеле како пример за Бранденбуршката прота видел недостаток на оригиналност од страна на архитектот. Последното големо дело на Лангханс била изградбата на Националниот театар којашто исто така предизвикала критики.

Дворецот за грофот Франц Филип Адријан Фон Хацфелд и Драмскиот театар во Бреслау, кој бил изграден во барокен стил, му донеле големи признанија. Исто така, и трпезаријата во дворецот на министерот за правда, Карл Абрахам фон Цедлиц, била пофалена за својата екстравагантност од страна на неговите современици.

Ако денес Лангханс како берлински архитект е во сенка на помладиот Карл Фридрих Шинкел, во тоа време бил еден од најзначајните берлински, односно прусиски градители.

Паметници[уреди | уреди извор]

По повод 275 години од неговото раѓање, Лангханс бил овековечен со издавање на поштенска марка, која му била посветена нему. Марката е со износ од 55 центи, а била издадена на 27 декември 2007 година.

Дела[уреди | уреди извор]

Прилог со опфатен преглед на делата на Лангханс има направено Хартвиг Шмит, во кои меѓу најзначајните се:

Бранденбуршката порта во Берлин

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Дворецот бил срушен во 1945 година, а останал само портикот.
  • б Дворецот подоцна била срушен, а со тоа и дневната соба.
  • в Денес дворецот е сочуван како хотел со името „Palac Alexandrów“ (со значење „Александров дворец“).
  • г Градбата била заменета со понова во 1872 година.
  • д Холандскиот дворец бил уништен по воените акции на Црвената армија во 1945 година, а со тоа и салата за свечености во неа.
  • Ѓ Берлинскиот дворец бил срушен во 1950 година, по наредба на секретарот на Партијата за социјалистичко единство на Германија, Валтер Убрихт. Моментно, дворецот се обновува и се очекува да биде завршен во 2019 година.[1]
  • е Денес, на местото на театарот се наоѓа Музејот за предисторија и рана историја.
  • ж Зградата на театарот била запалена во 1827 година, а подоцна на нејзино место била изградена нова.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Berliner Schloss soll bis 2019 wieder stehen[мртва врска], Fuldaer Zeitung, 23 ноември 2010.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Friedhelm Grundmann: „Carl Gotthard Langhans - Lebensbild und Architekturführer“ Bergstadtverlag, Würzburg, 2007, ISBN 978-3-87057-280-8.
  • Walther Th. Hinrichs (1909). Carl Gotthard Langhans. Ein schlesischer Baumeister. Straßburg.
  • Lionel von Donop: „Langhans, Carl Gotthard“, „Allgemeine Deutsche Biographie“, Band 17, Duncker & Humblot, Leipzig, 1883, стр. 686.