Име (во јужнословенска митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Име според старите верувања на нашите предци освен како обележје за препознавање на луѓето, за обележување и идентификација имало и апотропејна улога.

Прекар[уреди | уреди извор]

Кај јужнословенските народи е забележано дека на секоја личност уште од најраните денови им се придодава прекар (според многуте убедувања од милост) кој всушност според старите според традицијата служел за да го прикрие и исклучи од употреба вистинското име, со верување дека на она на што не му се користи правото име не можат да му наштетат злите сили, уроци и останати натприродни влијанија. Прекар многу често бил многу раѕличен од името и негова улога била потполно да го сокрие името.

Второто име[уреди | уреди извор]

Кај нашите народи, во минатото било мошне присутно второто, споредно име. Споредно име веднаш по раѓањето всушност станувало приоритетно бидејќи првото го знал само потесниот круг на семејството. Според старите верувања, вистинското име, она кое никој не го знае, има автентичност и само со негово знаење е можно на лицето да му се наштети или помогне при гатања, бајачки и сл.

Интересно е дека личното име на мажот, жените не го употребувале воопшто, тој вил ословунан како „човек“, „тој“, „главата“, „стопанот“ и др. Во Македонија е поѕнато дека во повеќето (посебно западни краишта) жената го губела името и и се придодавало име на сопругот (Петкоица, Маркоица, Костоица). Во расказот на Стјепан Митров Љубиша „Некому на глас, а некому на чест“ забележан е анегдотни настан кога при бегство од разбојници, луѓето ја прашале некоја жена како и се вика сопругот, за да ја одведат до дома, а таа одговорила „Зарем ти не знаш дека нема да ти го спомнам по име ниту очите да ми ги иѕвадиш. Туку носете ме во селото,па таму некој ќе ви каже каде е мојот дом.“

Профилактичкиот карактера на името[уреди | уреди извор]

Кај речи си сите јужнословенски народи постоело верување дека со вистинското име може да се смени волјата на Наречници, да се заштити од болести, од уроци, од злите битија и сл. Во таа цел децата многу често биле именувани со име блиско до некое силно животно волк - Волкашин, Волчко; Лав - Лав, Леон ид-р Мошне е познато дека во семејствата во кои починале првите деца родителите применувале повеќе магијски елементи за да го очуваат новороденото, па со таа цел на децата им се давале имињата како Трајан, Темелко, Каменко, Огнен и др. сè со цел да се елементарната одлика на предметот пренесе на детето.

Држејќи сè до правилото дека на неименуваното не може да му се наштети, нашите предци понекогаш името го криеле до гробот, па и таму, поради заштита на покојниот од хтоничните сили. Забележана е и практика на децата да им се даваат посебно грди и страшни надимци: Грдан, Гнаса, Ружило, Крле, Волк, Јазавец, Медвед, Куче, Турчин, Арапина и др.

Во минатото постоел силен табу и кон именување на покојникот, посебно доколку постоело верување дека починатитот може да наштети на блиските или далечните соседи, семејството и сл. Се верувало дека со изговарање на името покојникот може да се обеспокои и да нанесе зло. Поради тоа во некои краишта имињата на предците воопшто не им се давале на децата, додека па во другите им се давало име на блискиот предок со верување дека тој ќе го штити потомокот.

Еуфемизам како име[уреди | уреди извор]

Кај нашите предци е забележано дека најстрашните нешта (животни, болести, натприродни битија и сл.) се именувале со претерано убави имиња „убавица“, „веселница“, „милата„, „кума“, „побратим“ и сл. коишто се однесувале на сипаници, змии, вештерки, волци и др.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
  • Веселин Чајкановиќ, Сабрана дела из српске религије и митологије Српска книжевна задруга, Просвета, Партенон М.А.М, 1994, Београд