Иван Петрович Павлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Петрович Павлов
Павлов во 1904 година
Роден(а)14 септември 1849
Русија
Починал(а)27 февеуари 1936
Ленинград, Советски Сојуз
НационалностРусин
Поважни наградиНобелова награда за физиологија или медицина (1904)

Иван Петрович Павлов (14 септември 1849 - 27 февруари 1936) — руски научник и физиолог познат по неговите експерименти со кучиња. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удрил темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 ја добил Нобеловата награда за медицина и за физиологија за научно истражување однесувајќи се на системот за варење.

Неговото познато иследување[уреди | уреди извор]

Едно од кучињата на Павлов

Павлов им ја презентирал храната на кучињата во исто време заѕвонувајќи со ѕвоно. Откако ќе ја повторел оваа постапка неколкупати, кучето со антиципирање почнувало да лачи плунка уште на звукот од ѕвончето, без оглед дали храната му била донесена или не. Павлов заклучил дека сите стекнати навики, дури и повисоките ментални активности на човекот, зависат од условните рефлекси.

Павлов како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Разговор меѓу Павлов и Шагал“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[1]
  1. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 50.