Едвард Вестон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едвард Вестон
Роден(а)март 24, 1886(1886-03-24)
Хајленд Парк, Илиноис
Починал(а)јануари 1, 1958(1958-01-01) (возр. 71)
Биг Сур, Калифорнија
НационалностАмериканец
Познат(а) поФотографија

Едвард Вестон (англиски: Edward Weston) — американски фотограф.

Уште од дете бил заинтересиран за фотоапаратите, Вестон ја почнал својата професионална кариера со отворање на студио за портрети во Глендејл, Калифронија. Неговите први дела биле во стилот на пикторијанците, фотографи што го имитирале импресионистичкото сликарство. Во 1915 година Вестон видел една изложба на модерна уметност, која го инспирирала да го отфрли своето дотогашно дело; почнал да прави остри и реалистични фотографии, кои ја носат убавината на природните предмети преку вешта композиција и суптилност на тонови, светло и текстура. По патувањата и средбите со познати личности, како Алфред Стиглиц и Диего Ривера, во 1927 година Вестон направил серија фотографии одблизу на морски школки, пиперки и преполовени зелки, изнесувајќи ја богатата текстура на нивните форми во вид на скулптура, Две години подоцна ја направил првата од многуте фотографии на карпи и дрвја на Поинт Лобос, Калифорнија. Во 1936 година Вестон почнал серија фотографии на актови и песочни дини кај Океано, Калифорнија, кои се сметаат за негови најдобри дела. Откако заболел од Паркинсонова болест, Вестон сфатил дека наскоро нема да биде способен да работи. Своите последни фотографии ги направил на Поинт Лобос во 1948 година. Се смета за еден од највлијателните фотографи на XX век.

Користена литература[уреди | уреди извор]