Доменико Трецини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петропавловски собор, најпознатото дело на Трецини

Деменико Трецини (италијански: Domenico Trezzini) (ц. 1670-1734) бил швајцарски архитект кој го развил петреобарокниот стил на руската архитектура.

Роден е во Астано, бизу Лугано, во италијанскиот дел Тичино. Вројатно студирал во Рим. Подоцна, кога работел во Данска, добил покана од Петар Велики, да биде еден од архитектите на згради за новата руска престолнина, Санкт Петербург.

Од 1703, (основањето на градот), Трецини дал значителни придонеси кон најзначајните згради. Меѓу неговите инзвордени достигнувања се вбројуваат Петропавловската тврдина и Петропавловскиот собор, зградата на Дванаесетте Колегијати, (сега главната зграда на Санкт Петербургскиот Универзитет) како и Петровиот Летен дворец. Тој зел учество и во нацртите на Кронштат и Александро-Невскиот манастир.

Доменико Трецини игра и друга голема улога во архитектонската историја на Русија: неговата школа по европски модел била основа за познатиот петробарокен стил.

Трецини бил во добри и блиски односи со царот Петар Велики. За ова сведочи фактот што тој бил кум на неговиот син Пјетро Антонио Трецини (исто така станал познат архитект).

Наводи[уреди | уреди извор]