Дина Станишева

Од Википедија — слободната енциклопедија
'
Родена Дина Сергеевна Мухина
1928
Херсон, Украинска ССР
Националност Украинка/Бугарка
Позната славист
Занимање професор по славистика
Сопружник Димитар Станишев
Деца Сергеј и Георги Станишеви

Дина Станишева (1928, Херсон, СССР), родно име Дина Сергеевна Мухина, е јазичар од Бугарија со украинско потекло и редовен професор на Софискиот универзитет. Во бугарската јавност е позната по нејзините тврдења дека македонскиот јазик е посебен словенски јазик, за што била и прогонувана.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дина Мухина е родена во Херсон во Украинската ССР во украинско-еврејско семејство. Дина Станишева станала сопруга на Димитар Станишев, политичар од Бугарија со македонско егејско потекло, и е мајка на Сергеј Станишев, поранешен премиер на Бугарија. Димитар Станишев се запознал со Дина за време на неговата посета на Москва, во период кога Дина била студентка по славистика. Поради комунистичките убедувања на Димитар Станишев, тие не се зеле веднаш, се гледале тајно и првиот нивен син бил вонбрачен.

Во 1979 година Станишева започнала да работи во Институт за бугарски јазик. Институтот нешто подоцна направил чистка на кадарот, односно решил да отпушти двајца професори поради т.н. национално предавство бидејќи истите тврделе дека македонскиот јазик е посебен јазик. Дина била една од двајцата професори и поради тоа таа ја изгубила работата и била назначена за професор на Софискиот универзитет на 16 март 1979.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]