Димитар Бербатов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Бербатов
Лични податоци
Роден на 30 јануари 1981(1981-01-30)(43 г.)
Роден во Горна Џумаја, Бугарија
Држава Бугарија Бугарија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 19 септември 2019 (38 г.)[1]
Младинска кариера
Пирин Благоевград Пирин Благоевград
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2001 ЦСКА Софија ЦСКА Софија 49 (26)
2001 Баер Леверкузен II Баер Леверкузен II 7 (6)
2001-2006 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 154 (69)
2006-2008 Тотенхем Тотенхем 70 (27)
2008-2012 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 108 (48)
2012-2014 Фулам Фулам 51 (19)
2014-2015 Монако Монако 29 (12)
2015-2016 ПАОК ПАОК 17 (4)
2017-2018 Керала Бластерс Керала Бластерс 9 (1)
Репрезентација
1999-2010 Бугарија Бугарија 78 (48)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Димитар Иванов Бербатов (роден на 30 јануари 1981 година) — поранешен бугарски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Додека настапувал во Англија го добил прекарот Берба, по кој е општо познат.

Тој бил капитен на бугарската репрезентација од 2006 до 2010 година, и е нејзин водечки стрелец на сите времиња. Тој ја има освоено и наградата Бугарски фудбалер на годината рекордни седум пати, надминувајќи го бројот на победи на легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во Горна Џумаја (Благоевград) а кариерата ја започнал во клубот од родниот град, екипата на ФК Пирин, пред да потпише за ЦСКА Софија како 17-годишен во 1998 година. Во јануари 2001 година, тој потпишал за германскиот Бундеслигаш, Баер Леверкузен со кој играл во своето прво финале на Лигата на шампионите, 18 месеци подоцна. Во тој натпревар Бербатов влегол како замена, но не успеал да му помогне на својот тим да избегне пораз со 2-1 од Реал Мадрид. По пет и пол години во Леверкузен, тој му се приклучи на англискиот клуб Тотенхем во 2006 година во месец јули, каде што помина две години пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој играл во своето второ финале на Лигата на шампионите во 2009 година, но таму пак неговиот тим загуби со 2-0 од Барселона.

Во ноември 2010 година, Бербатов станал првиот не-Англичанец во историјата на Премиер лигата кој успеал да постигне пет гола на еден натпревар, откако тоа му пошло од рака во победата со 7-1 на неговиот Манчестер Јунајтед над Блекбурн Роверс.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Бербатов го направи своето деби за Бугарија на 17 ноември 1999 година, на возраст од 18 години, кога тој влезе како замена за Александар Александров во пријателскиот меч против Грција што тие го загубија со 1-0. Тој го постигна својот прв гол за својата земја на 12 февруари 2000 година во друг пријателски пораз, овојпат со 3-2 од Чиле. Својот прв хет-трик (за својата селекција) го постигна во победата од 6-2 на домашен терен во квалификациите за Светското Првенство 2010 против Грузија во октомври 2009 година.

Титули[уреди | уреди извор]

Бугарија ЦСКА Софија[уреди | уреди извор]

Германија Баер Леверкузен[уреди | уреди извор]

Англија Тотенхем[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Димитар Бербатов и официјално заврши со фудбалот“. makfax.com.mk. 19 септември 2019. Посетено на 4 октомври 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]