Дарио Фо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарио Фо

Дарио Фо е роден на 24 март 1926 во ломбардското село Сан Џано, во близина на Верезе, Италија. Тој е италијански драмски писател, режисер, сценарист, глумец и борец за човековите права и еднаквост, добитник на Нобеловата награда за литература во 1997 година за "угледување на средновековните шутови во потсмевање на власта и воздигнувањето на дигнитетот на погазените".

Нобелова награда[уреди | уреди извор]

Фо е шестиот добитник на Нобелова награда за литература од Италија.[1] Во соопштението на Шведската академија за доделувањето на оваа престижна награда на Фо се вели дека "со мешавина на смеа и сериозност, тој ни ги претстави злоупотребите на и неправдите во опшеството, а исто така ни даде поголема историска перспектива во која тие можат да се сместат" и, понатаму, дека "неговата независност и јасен поглед го доведоа да преземе големи ризици, чии последици морал да ги почувствува додека во исто време искусил огромни реакции од многу различни кругови". Кога ја примил наградата, имал на напишано 47 комедии, режирал 80 претстави, напишал текстови за 60 песни изведени и наградувани на фестивалот во Санремо.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дарио Фо е син на шеф на мала железничка станица. Мајка му била домаќинка. Во брак е со глумицата Франка Раме. Бил член на Комунистичката партија на Италија, а потоа станал член на Партијата на дмократската архитектура и театарската академија.

Творештво[уреди | уреди извор]

Дарио Фо во своите дела ги третира социјалните прашања, критички ги изнесува неправдите на власта, а особено критички е расположен спрема црквата и спрема фашистите. Поради тоа , веста за наградата во Италија била примена со тотално негирање и незадоволство од страна на црквата и политичарите од десницата, а со огромно одушевување на прогресивната јавност. А Фо изјавил:"Морам да признам дека ми е многу жал, и тоа сосема искраено, што веста за моето наградување ја примија толку очајно.Жал ми е кога гледам колку страдаат поради тоа што оваа вест е вистинска. Навистина жалам". Негови најпознати дела се - "Случајна смрт на еден анархист", "Мистеријата Буфо", "Госпоѓа за фрлање", "Смрта и воскреснувањето на една кукла", "Киндапирани фанфари", "Историјата на тигарот и други приказни", "Не плаќам, не плаќам", "Женски делови", "Папата и вештерката" и други. Неколку дела на Фо се изведувани на сцените на Драмскиот театар и на Театарот на народности во Скопје, а во 1997 година "Детска радост" ги издаде делата "Случајна смрт на еден анархист" и "Мистеријата Буфо" во превод од италијански јазик на Марија - Грација Цветкоска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009