Гијом Мисо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гијом Мисо

Гијом Мисо (француски: Guillaume Musso, 6 јуни 1974) — француски писател.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во 1974 година во францускиот град Антиб. Уште како дете читал многу книги и бил сигурен дека еден ден ќе пишува романи.

Кога го завршил средното образование во Франција, Гијом на 19 години заминува во САД. Престојувал неколку месеци во Њујорк, каде живеел со други странци, заработувајќи така што продавал сладолед. Во Франција се вратил, со многу идеи за пишување на книги. Читателите во неговите книги можат да го забележат влијанието на неговиот престој во Соединетите Американски Држави, поради дејствијата што се одвиваат токму таму.

Неговата прва објавена книга е „Skidamarink“ (2001), трилер кој започнува со кражба на Мона Лиза од Лувр. По тешката сообраќајна несреќа која ја имал, започнува да се интересира за искуствата на луѓето кои биле близу смртта и по тој повод ја пишува својата следна книга „А потоа“ (2004), за човек кој се враќа од мртвите. Книгата е продадена во милиони примероци во Франција, а преведена е на 23 јазици.

Во 2009. година, Гијом Мисо беше втор најпродаван автор во Франција, а во 2011. беше трет автор по број на продавани книги од 2008, веднаш по Стефани Мајер и Харлан Кобен. Досега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.

Романи[уреди | уреди извор]

  1. Skidamarink (2001)
  2. А потоа... (2004)
  3. Спаси ме (2005)
  4. Дали ме чекаш? (2006)
  5. Затоа што те љубам (2007)
  6. Врати ми се (2008)
  7. Што би правел јас без тебе (2009)
  8. Девојката од хартија (2010)
  9. Ангелски повик (2011)
  10. Седум години подоцна (2012)
  11. Ако не постои утре (2013)
  12. Централ Парк (2014)
  13. Во еден момент (2015)
  14. Девојката од Бруклин (2016)
  15. Апартман во Париз (2017)
  16. Девојката и ноќта (2018)
  17. Тајниот живот на писателите (2019)
  18. Животот е роман (2020)
  19. Непознатата од Сена (2021)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]