Винцент Грим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Винцент Грим

Винцент Грим (1800, Виена - 15 или 16 јануари 1872, Пешта) бил австроунгарски уметнички трговец, литограф, уметнички сликар, картограф и шахист. Понекогаш, како негова година на раѓање се споменува и 1810, додека неговото презиме изворно се изнесува и како „Винценц“ или „Винце“.

За време на Унгарската револуција, Грим ја преземал водечка фукција во унгарската печатница на банкноти. Откако, движењето за независност на земјата било задушено, тој морал да ја напушти земјата и се преселил во Отоманското Царство.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Винцент Грим живеел разновиден и достоинствен живот, чиишто особености се сè уште познати само во црти. Во литературата, фактите за него се со пропусти и делумно се контрадикторни.

Какво образование имал не е познато, исто како што не е разјаснето и неговото точно потекло. Се знае дека по потекло бил од Виена, од каде што во 1823 година се преселил во Пешта, каде најпрво започнал да работи како воспитувач. Подоцна, се вработил како дописник на здружението „Дунав-Тиса“. Во 1831 година, Грим отворил продавница за трговија со уметнички и музички дела.[1] На 3 јануари 1839, тој бил еден од основачите на пештанското музичко здружение. Имал голема дарба кон уметноста, па така се споменува дека бил пијанист, покрај неговата приврзаност кон трговијата со уметнички дела и сликарството. Неговите слики уште оттогаш биле во продажба и во странство.[2] Денес, некои негови дела се дел од збирката на Унгарската национална галерија.

Во 1843 година, Грим основал печатница, односно литографски институт за печатење и соодветбо на тоа ја продал продавницата за продажба на уметнички дела, додека со музичкото издаваштво продолжил да раководи и понатаму. Неговите интереси во тој период главно биле насочени кон печатењето на литографии во боја, што во тој период било техника во развој. Последователно на оваа негова ризична инвестиција, Грим загубил значителен дел од својот капитал[3]

Овој период од неговиот живот бил најплодороден во неговата шаховска кариера. Покрај Јозеф Сен и Јохан Левентал, Грим бил член на т.н. „триумвират“, кој за Пештанскиот шаховски клуб добил две партии во дописен шах против париски тим предводен од шаховскиот мајстор Пјер Сен-Аман. На крајот од 1840-тите, седиштето на пештанскиот шаховски клуб била во стан во приватна сопственост во зграда позната под името „Вурмхоф“ (во превод од германски „црвји двор“), кој се наоѓал на истиот кат на кој се наоѓал и домот на правникот и подоцнежен водач на Унгарската револуција од 1848 година, Лајош Кошут.[3]

Унгарска револуција[уреди | уреди извор]

Кошут станал министер на финансии во првата унгарска влада во август 1848 година, а кратко потоа и претседател на Владата. Тој останал во блиски односи со членовите на шаховскиот сојуз и го вовел Грим во владините кругови. За време на тогашните преврати како резултат на унгарската револуција, Грим работел како шеф на литографијата ма државната пеатница на банкноти. Имено, тој ги изработил „цртежите за славните Кошутови банкноти“, коишто државната печатница започнала масовно да ги печати.[3] Со навлегувањето на австриските трупи и отповикувањето на независноста во април 1849, настаните опасно се заостриле, па за Грим бил доведен во прашање и опстанокот.

Како шеф на печатницата за банкноти, Грим сметал дека е неопходно сите печатачки машини, заедно со унгарската влада да бидат преместени во Дебрецин. Во август 1849, приврзаните револуционери кон Кошут, коишто ја вршеле должноста на „кралси регент“, морале да се помират со воените порази. Премиерот Берталан Семере одлучил за време на бегството со себе да понесе унгарски кралски предмети, меѓу кои и круната на Свети Стефан. Кралските предмети биле закопани во пограничниот град Оршава (денешна Романија). По барање на Семере, на Грим му било доверено да ја утврди точната географска местоположба на предметите и истата да ја чува во тајност.[4] Ова докажува дека Грим бил човек од доверба за време на востанието за независност. Кралските предмети допрва биле пронајдени по упорно барање од страна на австриските власти во 1853 година.

За политичкото содејство на Грим постои уште еден доказ. Во една анонимна сликовница од 1849 година, тој во стихови горко го прокоментирал задушувањето на револуцијата во Унгарија и улогата којашто притоа ја имал австрискиот генерал и бан на Хрватска, Јосип Јелачиќ. Следната година, во Лајпциг се појавило делото „Јуначка песна во четири пеења“ во едно дполнето издание од 72 страници. Подоцна додаденото „петто пеење“ завршувало со следниве редови:

Ова е песната на Јелачиќ... Недостасува уште слетувањето во пеколот, коешто му останува на јунакот сè додека песната не заврши.[5]

Прогонство во Турција и повраток[уреди | уреди извор]

По неуспехот на револуцијата, Грим, придружуван од група на бегалци, меѓу кои бил и Кошут, побегнал на територијата на Отоманското Царство. Властите во Цариград им понудиле азил и се откажале од нивното предавање на Австриската Империја. Многу од бегалците, меѓу кои и Кошут и Семере, наскоро побегнале и во други земји. Грим, напротив, одлучил по наоѓањето на спасот да изгради нов живот, останувајќи во прогонство во Отоманското Царство. Таму, тој бил во можност да ја искористи неговата често споменувана дарба за јазици.

Историски изглед на Алеп

На почетокот од својот живот во Турција, Грим успеал да се пробие играјќи шах. Подоцна, тој требал да го прифати исламот и да си го смени името во „Мустафа-бег“. Наскоро, отоманските служби се заинтересирале и започнале да посветуваат внимание и на неговите цртачки способности. Речиси две декади работел како висок офицер, пред сè, обавувајќи картографска служба во отоманскиот генералштаб во Алеп (денешна Сирија). Отворено му било дозволено да ја промени долгогодишната работа и да се пресели во Цариград, каде што се вработил во архивот за карти на турската армија. Можно е врз основа на неговите стручни познавања да бил вработен во печатницата на отоманските банкноти. Тој живеел во хотелска соба во населбата Пера во европскиот дел од градот, каде што дополнително се занимавал и како приватен учител.

Грим за првпат во Пешта се вратил во 1868, една година по Австроунгарската спогодба. За тоа дали тој во тоа време навистина смеел повторно да ја види Унгарија или дали неговите пријатели го наговориле да побара официјално одобрение од страна на владата постојат засебни податоци. Според негова информација, тој за кратко време бил назначен за почесен претседател на Пештанскиот шаховски клуб и присуствувал на вечерата во чест на победта на Игнац фон Колиш на меѓународниот турнир во Париз во 1867 година.

По неговото враќање во татковината, Грим живеел на Кралската улица, во близина на домот на неговата сестра Паула, која била славна шахистка. Починал на 15 или 16 јануари 1872 година од срцеви проблеми, а бил погребан на гробиштата Керепеши. Сепак, во наведениот извештај за неговата промена на верата во ислам не се наведуваат податоци во врска со ова. Во извештаите отфрлени со ова прикажување се споменува дека Грим се вратил во Турција и наместо во Пешта починал таму, што не се совпаѓаат со претходното.[а]

Значење за шахот[уреди | уреди извор]

Сеќавањето на Грим првенствено е сочувано во шаховската историја. Основата за ова е, пред сè, неговото содејство во борбата со шаховскиот клуб од Париз, коешто на пештанскиот „триумвират“ и воопшто шахот во Унгарија им донел голем успех. Но, револуцијата од 1848/49 година довела до крај на овој краток „златен период“. Покрај Грим, земјата ја напуштил и Јохан Јакоб Левентал, кој на пат за САД завршил во Лондон и таму ја продолжил шаховската дејност од којашто и живеел.

Што се однесува до шаховските успеси на Грим, повторно се сочувани само неколку извештаи. Неговата шаховска моќ била за одбележување, но, според податоците на Левентал, како мајстор не го достигнал нивото на неговите соиграчи. Така, за односот на неговата моќ се наведува следново:

Односот на моќта на Грим со Сен е отприлика 3:7, а со Левентал 4:6.[3][6]

Според Бахман и Хајтун, освен неговите партии во дописен шах, само три партии биле издадени, од кои две биле потив Тасило фон Хајдербранд унд дер Лаза, со кого Грим одиграл неколку партии во Виена во 1846 година.[1][3][7] Во своето дело „Шахот како мисловна игра“, Ласло Орбан наведува уште една (можеби четврта) кратка партија на Грим против непознат противник, која што била одиграна во Цариград во 1864 година.[8]

Надворешните околности го спречиле Грим во 1851 година, заедно со Сен и Левентал, да учествува на првиот меѓународен шаховски турнир во Лондон, којшто се одржувал како дел од светската изложба во овој град. Писмото со кое го откажал своето учество е старо од 27 февруари 1851 година и било отпечатено во турнирската книга на Хауард Стонтон. Во неа, Стонтон запишал дека улогата на Грим во Унгарската револуција го чинела речиси цела глава.[9]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
e8 црн крал
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн ловец
h7 црн пешак
d6 црн пешак
e5 бел пешак
g5 црн пешак
c4 бел ловец
d4 бел пешак
f4 црн пешак
h4 црн дама
c3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
f1 бел крал
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Гримовата варијанта во Кралски гамбит

Писмото било додадено во една статија за шахот во Алеп, којашто се појавила во списанието „Chess Player's Chronicle“. Оваа околност го возбудила Грим, бидејќи Алеп во 18. век бил место на живеење на сирискиот шаховски мајстор Филип Стама. Грим заклучил дека сеќавањето за Стама било избледнето и исто така дека неговата потрага по арапски записи за шахот била безуспешна.[10] Во 865 година, Грим објавил друга статија во врска со оваа тема во берлинското списание „Schachzeitung“. Од партиите коишто ги одиграл во Дамаск и Алеп произлегува неговиот опис на арапските правила, коишто во Европа во повеќе работи видно се измениле.einen anderen Aufsatz zu dem Thema in der Berliner Schachzeitung. Ausgehend von Partien, die er in Damaskus und Aleppo gespielt hatte, schilderte Grimm die arabischen Regeln, die von den in Europa üblichen in mehreren Punkten abwichen. Пешаците од почетната позиција можеле да се движат само по едно поле напред, промоцијата можела да се изврши само во веќе земените фигури и рокадата била или непозната, или се одигрувала според локалноутврдените правила. Грим го истакнал брзото темпо на игра и опишал како шахистите во отворањето смееле да одиграат повеќе потези, сè додека обете страни не ги одиграле почетните потези. Освен тоа, партиите најчесто се одигрувале во присуство на весела публика.[11][12]

За време на неговото прогонство во Отоманското Царство, Грим немал на располагање рамноправни противници. Поради тоа, бил ограничен да се занимава како шаховски учител. Но и покрај тоа, се посветил на шаховскито компонирање и можел со композициите, коишто биле објавувани во шаховските списанија, да одржува врска со европските шаховски пријатели.

Во чест на Винцент Грим, името го добила една варијанта во Кралски гамбит, којашто настанува по потезите: 1. e4 е5 2. f4 ехf4 3. Lc4 Dh4+ 4. Kf1 g5 5. Sc3 Lg7 6. d4 d6 7. e5.[13]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Грим наводно починал во Цариград во 1869 година.[3][14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hajtun, a.a.O.
  2. Vgl. etwa die Gemälde Zwei Eremiten in ihrer Einsiedelei (1827) и Junge Frau mit ihrer schlafenden Tochter (1868)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Bachmann, a.a.O.
  4. Kálmán Benda und Erik Fügedi: Tausend Jahre Stephanskrone, стр. 186ff. (Budapest 1988, ISBN 963-13-2654-3); Bachmann, a.a.O.
  5. Vincenz Grimm: Jellacsichiade. Heldengedicht in fünf Gesängen, Leipzig 1850
  6. Frederick Milne Edge: Paul Morphy, the Chess Champion, New York 1859, стр. 58
  7. Deutsche Schachzeitung“ 1846 и 1851.
  8. László Orbáns:Schach als Denkspiel (München 1974, ISBN 3-423-01029-0).
  9. Digitalisat: The Chess Tournament, London 1852, стр. XXIV
  10. V. Grimm: Chess at Aleppo, The Chess Player's Chronicle 1851, стр. 184–186
  11. H.J.R. Murray: A History of Chess, Oxford University Press 1913, стр. 358f.
  12. Grimm: Chess at Aleppo, a.a.O.
  13. David Hooper und Kenneth Whyld: The Oxford Companion to Chess. Oxford University Press 1987, стр. 134 unter Grimm Attack.
  14. Encyclopaedia Britannica (1888), Bd. 5, стр. 602, Chess

Литература[уреди | уреди извор]

  • Gedeon Barcza, Árpád Földeák, Emil Gelenczei, József Hajtun: Magyar sakktörténet 1.. Verlag Sport, Budapest 1975, ISBN 963-253-239-2, Hajtun: стр. 78–82.
  • Ludwig Bachmann: Aus vergangenen Zeiten. Bilder aus der Entwicklungsgeschichte des praktischen Schachspiels. 2 Bände. Berlin 1920–1922 (Band 2: стр. 305–307).

надворешни врски[уреди | уреди извор]