Вилем Класон Хеда

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Мртва природа со пита, сребрен бокал и краба“ од Вилем Класон Хеда (1658). Масло на платно Франс Халсов музеј, Харлем

Вилем Класон Хеда (холандски: Willem Claeszoon Heda; 14 декември 1594, Харлем - ~ 1680, Харлем) — еден од првите холандски уметници исклучиво посветени на мртва природа.

Бил современик и пријател на Дирк Халс, сличен на него по сликовниот детаљ и техничката изведба. Но Хеда бил повнимателен и потемелен од Хеда, покажувајќи особена вештина и вкус во аранжманот и боењето на чашките, пехарите и бардаците од скапоцен или обичен метал. Се чини тој наредил инзвонредно вкусни нешта: деликатеси како остриги на богата чинија, и често со пресечен лимон, леб, шампањско, маслинки и печива. Дури и пообичните јадења имаат шарм, како да речеме оние со насечена шунка, леб, ореви и пиво.

Едно од најраните ремек-дела на овој сликар, кое датира од 1623 и се чува во Стара пинакотека во Минхен е домашно и домаќинско како и подоцнежните во 1651 во Лихтенштајнската галерија, Виена. Полуксузен оброк е прикажан на сликата „Ручек“ (1644) во Аугсбуршката галерија.

Највеќето слики на Хеда се наоѓаат во континентална Европа, особено во галериите во Париз, Парма, Гент, Дармштат, Гота, Минхен и Виена. Хеда бил славен во својот роден град, вршејќи разни важни функции во еснафите во Харлем. Извршил значително влијание врз младиот Франс Халс.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Галерија[уреди | уреди извор]