Вера Фигнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера Фигнер
Вера Фигнер ц. 1880
Роден(а)7 јули 1852(1852-07-07)
Казанска провинција, Руска Империја
Починал(а)јуни 15, 1942(1942-06-15) (возр. 89)
Москва, СССР

Вера Николаевна Фигнер (Филипова) (7 јули 1852 - 15 јуни 1942 година) беше руски револуционер и народник родена во Казанската провинција, во Руската Империја.

Под влијание на нејзиниот либерален чичко, таа почна да се стреми да им помогне на сиромашните. Таа одлучи да студира медицина, што не им беше дозволено на жените во Русија во тоа време, затоа планирала да отиде во Швајцарија. Татко ѝ не ѝ дозволил, затоа се омажила за Алексеј Филипов, зачувала доволно пари и го продала својот мираз, и отпатува за Цирих.[1]

Во 1873 година, Фигнер се приклучила на организација составена од 13 млади руски радикални жени, од кои некои подоцна станале важни членови на Руската Социјална Револуционерна Организација.

Таа учествувала во планирањето на атентатот на Александар II во 1880 година во Одеса, и во 1881 година во Санкт Петербург - што беше успешно.

По Октомвриската револуција (таа никогаш не го прифати начинот на кој тоа се случило), Фигнер ја објави својата книга наречена Мемоари на Револуционер ("Запечатлённый труд"), која сè уште се смета за една од најдобрите примери на Рускиот мемоарски жанр. Книгата ја направи позната во целиот свет и е преведена на многу јазици. Фигнер беше и член на Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети (Обществo бывших политкаторжан и ссыльнопоселенцев). Таа зеде активно учество во магазинот наречен Робија и егзил ("Каторга и ссылка"). Фигнер е автор на голем број на биографии на неколку народници и статии за историјата на Руското револуционерно движење од 1870/1880-тите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Five Sisters: Women Against the Tsar, eds. Barbara A. Engel, Clifford N. Rosenthal, Routledge, 1975, reprinted in 1992, ISBN 0-415-90715-2