Боговиње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боговиње

Панорама на Боговиње

Боговиње во рамките на Македонија
Боговиње
Местоположба на Боговиње во Македонија
Боговиње на карта

Карта

Координати 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333° СГШ; 20.91333° ИГД / 41.92333; 20.91333Координати: 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333° СГШ; 20.91333° ИГД / 41.92333; 20.91333
Општина Општина Боговиње
Население 5.239 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1220
Шифра на КО 28003, 28503
Надм. вис. 503 м
Боговиње на општинската карта

Атарот на Боговиње во рамките на општината
Боговиње на Ризницата

Боговиње — село во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово, северозападна Македонија. Претставува едно од најголемите тетовски села, а воопшто и полошки. Селото е седиште на истоимената општина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата е наоѓа на, речиси, крајниот југозападен дел на Долни Полог, недалеку од патот Тетово-Гостивар, односно, од неговата десна страна. Населбата претставува општински центар и седиште на истоимената општина. Инаку, селото е рамничарско, на надморска височина од 550 метри. Од централното место Тетово населбата е оддалечена 12 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 42 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 11 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 838,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 39,8 ха, а на шумите 99,1 ха. Според тоа, селото има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.139—    
19532.359+10.3%
19612.746+16.4%
19713.661+33.3%
19814.619+26.2%
ГодинаНас.±%
19915.670+22.8%
199425−99.6%
20026.328+25212.0%
20215.239−17.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Боговиње живееле 600 жители, сите Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.600 Албанци.[5]

Боговиње е најголемото албанско село во Македонија, коешто во 1961 година имало 2.746 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 5.670 жители, албанско население.

Според пописот во 2002 година, селото има 6.328 жители, од кои 6.273 Албанци, 1 Македонец и 49 останати,[6] и претставува едно од најголемите села како во Полошко, така и во цела Македонија.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5.239 жители, од кои 1 Македонец, 4.829 Албанци, 1 Влав, 1 Србин, 1 Бошњак, 1 останат и 405 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 2.139 2.359 2.746 3.661 4.619 5.670 25 6.328 5.239
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови:[уреди | уреди извор]

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[12]

Боговиње е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Ковач маало

Зизе маало

  • Зизе (33 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од основачот на родот Азис, он се доселил со неговиот брат. Го знаат следното родословие: Неваип (жив на 30 г. во 1948 година) Ајет-Абаз-Елмас-Сали, кој се доселил во селото.

Касе маало

  • Вјше (20 к.) доселени се од некое место во Албанија.
  • Фетише (15 к.) исто потекло како и претходниот род.

Алиле маало

  • Алиле (14 к.) доселени се од северна Албанија
  • Касафере (14 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Потекнуваат од братот од основачот на родот Алиле.
  • Леике (5 к.) доселени се од Албанија.
  • Маршине (4 к.) доселени се од Ново Село. Таму се доселиле од некое село во областа Љума во северна Албанија.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2071, 2071/1, 2072, 2073, 2073/1, 2074, 2074/1, 2075 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо и ново основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 5.965 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Секуловци иселени се во селото Јелошник.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 312
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 32.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Веби Џемаили“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-01-21.
  17. „Блерим Џемаили“. Агенција за иселеништво на Македонија. Архивирано од изворникот на 2021-05-19. Посетено на 2010-01-21.
  18. Дулови, Лирим (12 април 2007). „Арифхикмет Џемаили е нов министер за култура“. А1. Посетено на 2010-01-21.
  19. „Одлука за конституирање на Комисија за завршен испит“ (PDF). Академија за обука на судии и јавни обвинители. 24 ноември 2009. Посетено на 2010-01-21.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]