Аристофан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аристофан (грчки: APIΣTOФANOΥΣ) (450 година п.н.е - 388 година п.н.е) бил грчки драматург.[1]

Аристофан бил голем непријател на Сократ кого не само што го напаѓал во своите комедии, туку се смета дека бил еден од непријателите кои биле повод за обвинението и судењето на Сократ.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Аристофан ја започнал кариерата како комичен драмски писател во 427 година п.н.е. Напишал околу 40 драми, од кои само 11 се сочувани, вклучувајќи ги:

  • Ахарнијан(ц)и (претпоставен наслов на непреведена драма на македонски јазик) (425 г. пр. н. е.)
  • Коњаници/Витези (исто) (424)
  • Облаци (423)
  • Оси (422)
  • Мир (421)
  • Птици (414)
  • Лисистрата (411)
  • Славенички на Тесмофории (Тесмофориаѕуси) (411)
  • Жаби (405)
  • Жени во (народното) собрание (Еклесиаѕуси) (392)
  • Богатство (388)

Најголем дел од неговите драми се во духот на Старата комедија, во која мимиката, хорот и бурлеската се најважни особини. Неговата сатира, остроумност и немилосрден коментар го направиле најголем комичен драмски писател во Стара Грција.

Комедиите на Аристофан, со својата силна, смела и вистинита, а често и груба сатира, ја одразува политичката и културната состојба во Атина, во втората половина на 5. век п.н.е. Тој ги критикува негативните човечки особини, со посебен осврт на државниците и се залага за нивна замена со одговорни државници кои имаат висока политичка етика. Токму поради овие одлики, Аристофановата комедија немала следбеници во подоцната хеленска книжевност, но почнувајќи од 16 век таа започнала да влијае врз европската книжевност. На пример, „Лисистрата“ извршила влијание врз делото „Скротениот скротител“ (The Woman Prize or the Tamer Tamed) на англиските ренесансни писатели Френсис Бемонт и Џон Флечер. И други писатели биле инспирирани од „Лисистрата“, како: Ј.Ф. Кастели (со делото „Завереници“), Л. Анценгрубер, Адолф Вилбранд (со комедијата „Владеењето на жените“ од 1892 година), како и Р. Лаукнер и Ф. Буш (со делото „Женска завера“ од 1920 година).[3]

Изгубени драми[уреди | уреди извор]

Дел од Аристофановите драми се, за жал, целосно изгубени или фрагментирани. Дел од нив, пак, се датирани:[4]

  • Славеници на банкет (претпоставен наслов на македонски јазик, понатаму: п. н.) (Δαιταλεῖς) 427 г. пр. н. е.
  • Бабилонци (Βαβυλώνιοι) 426
  • Фармери/Земјоделци (Γεωργοί) 424
  • Трговци/Трговски бродови (п. н.) (Ὁλκάδες) 423
  • првата верзија на Облаци од 423
  • (Војско)водец (п. н.) (Προάγων) 422
  • Амфиариј (Ἀμφιάραος) 414
  • првата верзија на Богатство од 408
  • Геритади (п. н.) (Γηρυτάδης) веројатно 407
  • Кокал(ос) (Κώκαλος) 387
  • Ајиолосикон (п. н.) (Αἰολοσίκων) од 386

Сепак, постојат и недатирани изгубени драми на Аристофан:

  • Грашок (п. н.) (Ἀνάγυρος)
  • Пекари (п. н.) (Ταγηνισταί)
  • Дедал (Δαίδαλος)
  • Данаиди (Δαναΐδες)
  • Кентаур (Κένταυρος)
  • Херои (Ἥρωες)
  • Лемнејки (Λήμνιαι)
  • Старост (Γῆρας)
  • Феникијки/Фојникијки (Φοίνισσαι)
  • Радодавец (п. н.) Полуидос (Πολύιδος)
  • (Годишни) Времиња (Ὧραι)
  • Штркови (Πελαργοί)
  • Телмесијанки (Τελμησσεῖς)
  • Трибали (Τριφάλης)
  • Жени во шатори/Камперки (Σκηνὰς Καταλαμβάνουσαι)

Преводи на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Благодарение на професорите (Весна Томовска,[5] Валериј Софрониевски,[6] Даниела Тошева-Николовска,[7] Елена Колева), но и на дипломците (Ивица Весов) од Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет - Скопје на македонски јазик се преведени речиси сите дела на Аристофан:[8]

  • Жаби, Весна Томовска, Табернакул: Скопје, 2000.
  • Облаци, Ивица Весов, Аз-Буки: Скопје, 2004.
  • Оси, Даниела Тошева-Николовска, Профундум: Скопје, 2011.[9]
  • Жени во собрание (Еклесиаѕуси), Валериј Софрониевски, Три: Скопје, 2013.[10]
  • Жаби, Птици, Облаци, Лисистрата, Весна Томовска (Жаби, Лисистрата), Даниела Тошева-Николовска (Птици,[11] Облаци), Три: Скопје, 2013 (проект. Ѕвезди на светската книжевност).[11]
  • Славенички на Тесмофории (Тесмофориаѕуси), Валериј Софрониевски, Три: Скопје, 2014.[12]
  • Богатство, Даниела Тошева-Николовска, Три: Скопје, 2014.[13]
  • Лисистрата, Валериј Софрониевски, Три: Скопје, 2016.[14]
  • Мир-божица - Ејрене, Елена Колева, Арс ламина-публикации, Арс Либрис: Скопје, 2020.[15][16]

Остануваат непреведени две, најстарите Аристофанови зачувани драми:

  • Ἀχαρνεῖς (Ахарнијан(ц)и, според латинскиот наслов Acharnenses) од 425 г. пр. н. е. и
  • Ἱππεῖς (Коњаници/Витези, латински: Equites) од 424 г. пр. н. е.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Британски енциклопедиски речник, ENCYCLOPEDIA Britannica, Топер, МПМ, 2005.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 191.
  3. Miloš N. Đurić, „O Aristofanovoj Lisistrati“. во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 101-105.
  4. Rudolf Kassel, Colin François Lloyd Austin (1984). Poetae Comici Graeci III. ISBN 3-11-0098938-0 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  5. „Проф. Весна Томовска – Филозофски факултет“. Посетено на 2023-06-25.
  6. „Проф. Валериј Софрониевски – Филозофски факултет“. Посетено на 2023-06-25.
  7. „Проф. Даниела Тошева Николовска – Филозофски факултет“. Посетено на 2023-06-25.
  8. „Здружение на класични филолози „Антика". www.facebook.com. Посетено на 2023-06-25.
  9. „Оси“. kupikniga.mk. Архивирано од изворникот на 2023-05-29. Посетено на 2023-06-25.
  10. „Жени во собрание“. kupikniga.mk. Посетено на 2023-06-25.[мртва врска]
  11. 11,0 11,1 Tosheva, Daniela. „Аристофан Комедии: Жаби, Облаци, Птици, Лисистрата“. Скопје: Три, 2013.
  12. „Славенички на тесмофории“. kupikniga.mk. Архивирано од изворникот на 2023-03-20. Посетено на 2023-06-25.
  13. „Богатство“. shop.kniga.mk. Посетено на 2023-06-25.
  14. „Лисистрата“. shop.kniga.mk. Посетено на 2023-06-25.
  15. „„Мир-Божица-Ејрене" од Аристофан е една од античките комедии во која и денес се препознаваат универзални вистини“. Literatura.mk. 2021-01-29. Архивирано од изворникот на 2023-06-25. Посетено на 2023-06-25.
  16. „Мир-Божица-Ејрене“. www.literatura.mk. Архивирано од изворникот на 2023-06-25. Посетено на 2023-06-25.