Александар Бородин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Бородин
Роден(а)12 ноември 1833
Санкт Петербург, Руска Империја
Починал(а)27 февруари 1887 (на 53 години)
Санкт Петербург, Руска Империја
Занимањекомпозитор и хемичар

Александар Бородин (12 ноември 1833; Санкт Петербург, Русија27 февруари 1887; Санкт Петербург) — руски композитор кој од 1862 година земал часови од Милиј Балакирев. Подгреани од националистичкото чувство, двајцата луѓе станале срцевината на група руски композитори познати како Руска петорка. Бил професор по хемија поголемиот дел од својот живот и оставил мал композициски опус, кој ги вклучува оркестарската свитаВо степите на Средна Азија“ (1880), два жичени квартета и три симфонии, од кои втората останала многу популарна. Неговата опера „Кнез Игор“, која ги содржи познатите „Половецки танци“, останала незавршена иако на неа повремено работел цели 18 години.

Користена литература[уреди | уреди извор]