Џорџ Вадел Снедекор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џорџ Вадел Снедекор
Роден(а)20 октомври 1881(1881-10-20)
Мемфис, САД
Починал(а)15 февруари 1974(1974-02-15) (возр. 92)
САД
ЖивеалиштеСАД
НационалностАмериканец
Полињастатистичар
ОбразованиеУниверзитет Мичиген

Џорџ Вадел Снедекор (20 октомври 1881 - 15 февруари 1974), бил американски математичар и статистичар. Тој придонел за основите на анализа на варијанса, анализа на податоци, експериментален модел, и статистичка методологија. Наградата Џорџ В. Снедекор на Американската Статистичка Асоцијација и Snedecor-ов F Распоред ги добиле имињата токму по него. Овој распоред го дефинирал во знак на почит и благодарност кон својот соработник Fisher, затоа го нарекол F распоред.

Снедекор е основач на првиот департман по статистика во Соединетите Американски држави, во Ајова универзитетот. Тој исто така ја создал првата статистичка лабораторија, и бил предводник на модерната применета статистика во САД. Неговата книга Statistical Methods која била издадена во 1938 година била најцитирана во научните трудови од сите области на науката во седумдесеттите години на минатиот век.

Снедекор добил почесни докторати во областа на науката од страна на државниот универзитет во Северна Каролина во 1956 година и од страна на државниот универзитет во Ајова во 1958 година.

Домот на статистичкиот департман на државниот универзитет во Ајова го носи неговото име (Snedecor Hall). Бил конструиран во 1939 година. Во Ајова тој бил еден од првите кои го користеле Атанасовиот-Бери компјутер (создаден од Џон Винсент Атанасов) и можеби бил првиот корисник на дигитален компјутер за решавање на математичките проблеми поврзани со реалниот свет.

Снедекор е роден во Мемфис, Тенеси, во социјално истанката и политички моќна фамилија. Израснал во Флорида и Алабама, каде што неговиот татко-адвокат се преселил со сопругата и децата со цел да го исполни личниот и радикалниот верски повик да служи и да ги образова сиромашните. Џорџ бил внук на адвокатот Бедфорд Мичел Естис, кој бил син на Емили Алстон Естис и Џејмс Г. Снедекор, и внук на Естис Дод и Вилијам Ј. Дод, познатиот архитект.

Наводи[уреди | уреди извор]