Џејмс Белич (историчар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џејмс Белич, 2008

Професор Џејмс Белич (англ. James Belich) ОРЗНЗ (р. 1956) е новозеландски историчар, познат авторитет на тема Новозеландски војни.

Белич е од југословенско потекло (веројатно со изворно презиме „Белиќ“), а роден е во Велингтон во 1956, како син на Сер Џејмс Белич, подоцнежен лабуристички градоначалник на Велингтон.

Магистрирал историја на велингтонскиот универзитет Викторија, па добил стипендија и заминал за Оксфорд каде учел докторат. Неколку години предавална универзитетот Викторија во Велингтон пред да се префрли на Оклендскиот универзитет, каде е професор.

Делото „Новозеландски војни“ (The New Zealand Wars) (1987) се заснова на неговата докторска дисертација, и истата ја добила меѓународната Тревор Ризова Спомен-награда. Подоцна книгата била обработена во низа влијателни документарци за Телевизија Нов Зеланд.

Книгата Нема да умрам: Војната на Титоковару (I Shall Not Die': Titokowaru's War) (1990), која се заснова на неговата магистерска дисертација, добила високи оценки и Адамовата Награда за новозеланска книжевност.

Белич има напишано и двотомно дело со наслов Историја на Новозеланѓаните (A History of the New Zealanders), кое се состои од Создавање народи (Making Peoples) (1996) и Пресоздадениот рај (Paradise Reforged) (2001).

Во 2006 кралицата Елизабета II го прогласила Белич за Офицер на Редот за заслужност на Нов Зеланд за неговите заслуги во историското истражување.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]