Јустен Гордер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јустен Гордер

Јустен Гордер (норвешки: Justin Gaarder) (8 август, 1952, Осло) е норвешки писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гордер студирал историја на идеите, религијата и нордиската литература. По дипломирањето, работел како професор во средни училишта во Осло и во Берген. Како голем хуманист и акитивист, во 1997 година, Гордер, заедно со неговата жена Сири Даневиг, ја воспоставил „Софиината награда“ во вредност од 77 000 евра, која се доделува секоја година за меѓународен активизам во областа на екологијата.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Гордер се појавил на книжевната сцена како автор на две книги за деца. Светска слава постигнал со книгата „Светот на Софија“, која е преведена на над 40 јазици и продадена во околу 40 милиони примероци. Потоа следела книгата „Божиќна мистерија“ која претставува авторски приказ на историјата на христијанството. Голем успех постигнале и двете подоцнежни книги: „Мистеријата солитер“ и „Девојката со портокали“. Неговата новела „Вита Бревис: писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин“ е објавена на македонски јазик во 2014 година, во превод на Билјана Жеревска. Гордер е добитник на бројни национални и меѓународни награди.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Билјана Жеревска, „Напуштање на среќата“, во: Јустен Гордер, Вита Бревис: писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин, Скопје: Младински културен центар и Македонска филхармонија, 2014, стр. 86-87.