Македонија

From Википедија
Jump to: navigation, search
За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
Република Македонија
Македонија
Знаме Грб
ГеслоСлобода или смрт за Македонија (традиционално)
Химна

Денес над Македонија
Местоположба на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темно сиво)
Местоположба на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темно сиво)
Главен град
(и најголем)
Coat of arms of Skopje.svg Скопје
42°00′ СГШ 21°26′ ИГД / 
Службен јазик македонски[1]
Демоним Mакедонец
Уредување парламентарна република
 -  Претседател Ѓорге Иванов
 -  Премиер Никола Груевски
Основање
 -  Античка Македонија ? - 146 г.п.н.е. 
 -  Средновековно македонско царство 976 - 1018 
 -  Крушевска Република 3 - 13 август 1903 
 -  Објавена независност од СФРЈ 8 септември 1991 
 -  Официјално призната 8 април 1993 
Површина
 -  Вкупна 25.713 км2 (148ма)
 -  Вода (%) 1,9%
Население
 -  проценка за 2011[2] 2.059.794 (142ра)
 -  Попис 2002 2.022.547 
 -  Густина 82.2 жит/км2 (116та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $18,831 милијарди[3] 
 -  По жител $9.163[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $9,569 милијарди[3] 
 -  По жител $4,656[3] 
Џини (2011) 39.2 [4] (среден
ИЧР (2012) 0,740 (висок) (78ма)
Валута Македонски денар (MKD)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .mk
Повик. бр. 389
1. Албански, турски, српски, ромски и влашки се службени јазици покрај македонскиот во населени места каде се зборуваат над 20 % од населението.

Македонија, или официјално Република Македонија, е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со СрбијаКосово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена[5], самостојна[6][7], демократска[8][9] и социјална држава[10][11]. Главен град на државата е Скопје со население од 506,.926 граѓани (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кичево, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.

Во 1993 година, Македонија стана членка на Обединетите Нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.

Етимологија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Македонија.

Името „Македонија“ потекнува од старогрчкиот или старомакедонскиот назив Μακεδονία (Makedonía)[12][13]. Името се користело за Македонската Империја, па потоа на римската покраина Македонија, византиската тема Македонија и денес за регионот Македонија и државата Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или „висока земја“ или „високи луѓе“.[14]

Историја

Античка Македонија

Античкиот град Хераклеа, основан од страна Филип II Македонски, во близина на денешна Битола.
Ѕвездата од Кутлеш - симбол на Античка Македонија.

Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 9000 п.н.е. и 3500 п.н.е.[15] Првпат Македонското Кралство се појавува во периодот на IX век п.н.е., а постои дилема за тоа кој бил првиот македонски крал - Каран (кој се смета за митски предок на Аргеадите) или Пердика I (прв историски крал на Кралството Македонија).

Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359 п.н.е. - 336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, успеал да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар III Македонски (356 п.н.е. - 323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против Персија, ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти - Европа, Азија и Африка, протегајќи се на Балканскиот Полуостров и Мала Азија, Блискиот Исток, Египет и Индија, и со тоа била создадена Македонската Империја.[16][17][18][19][20][21][22][23] По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник се распаднала на 3 дела и тоа: Кралство на Селевкидите, Кралство на Птолемаидите и Кралство на Антигонидите.[24][25] Освојувањата на Александар III Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римска Република на исток доведува до таканаречените Македонско-римски војни (215 п.н.е. - 168 п.н.е.) во кои Македонското Кралство управувано од Династијата на Антигонидите целосно потпаѓа под римска власт, а последниот македонски крал Персеј e одведен како роб во Рим. Таа станува римска провинција како дел од Римското Империја и е поделена на 2 дела - Македонија Прима и Македонија Салутарис.[26] Територијата на денешна Република Македонија била поделена меѓу провинциите Македонија Салутарис и Моезија прима.[27] По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство или Византија.

Појавата на Словените

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез.[28] Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите преземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на IX век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во IX век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на IX век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост.

Во X век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на X век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.

До крајот на XIV век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија.

Освестување и обединување на македонската нација во XIX век

Зацврстување на народниот јазик

Архитектурата во градот Охрид.

Од XIV век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори.

Во времето на Отоманската империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат се повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба.

Во XVI век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во XVII век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Македонско национално движење

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонско национално движење.

За време на Османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија, која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на XIX век, а најстарата од нив е Македонската Револуционерна Организација. Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), а по Втората светска војна организацијата се поделила на Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) и Внатрешна Тракиска Револуционерна Организација (ВТРО). Во почетокот организацијата не бирала националности туку била отворена за "... обединување на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без оглед на нивната националност ...". Поголемиот дел од членовите сепак биле Македонци. Во 1903 година ВМРО организира Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и формирањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на денешната Република.


Македонија во XX век

Независност

Административна поделба

Општините во Македонија.

Општините на Македонија се административни единици од прв ред. Во август 2004 и март 2013, Македонија е реорганизирана на 80 општини; 10 од нив се Град Скопје, посебна единица на локална самоуправа и главен град на државата.

Речиси сите општини се непроменети или само претопени од претходните 123 општини формирани во септември 1996; другите биле припоени една кон друга и границите им се променети. Пред ова, локалната управа била организирана во 34 административни единици на различни нивоа.

По број на население, најголема општина во Република Македонија е Општина Куманово со 105 484 жители, а најмала Општина Вевчани со 2 433 жители.

Географија

Местоположба

Топографска карта на Македонија.

Република Македонија има површина од 25.713 км² и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 766 km, и тоа:

Значењето на географската положба на Република Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.

Следната табела ја наведува точната географска положба на Македонија. Исто така, во неа се вклучени крајните точки на територијата.[29]

СГШ ИГД месност општина
север 42°22' 22°18' Аништа, Дукат Планина Крива Паланка
југ 40°51' 21°08' Маркова Нога (граничен камен 177) Ресен
исток 41°43' 23°02' Ченгино Кале (граничен камен 47) Пехчево
запад 41°31' 20°28' Кестењар (граничен столб Е16/8) Дебар

Релјеф

Врвот Солунска глава на планината Јакупица во пролет.

Македонија е земја која што е заградена во нејзините граници и не излегува на море или океан. Таа географски е дефинирана со долината која што ја формира најголемата река на нејзината територија - Вардар, која се граничи со повеќе планински вериги. Во главно земјиштето е нерамно и лоцирано меѓу Шар Планина и Осогово кои се границата на долината на реката Вардар. Трите најголеми природни езера во државата се — Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие лежат на јужната граница, и се поделени меѓу границите со Албанија и Грција. Охридското Езеро се семта за едно од најстарите езера и биотопи во светот.[30] Регионот е сеизмички активен и во минатото се случиле многу катастрофални земјотреси, од кои најблизок е скопскиот земјотрес од 1963 кој сруши 80% од градот Скопје и уби околу 1,000 луѓе. Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје како, на пример, тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.

44,01% од вкупнате територија на Македонија е со надморска височина од 500 до 1000 метри, 22,44% е со надморска височина од 200 до 500 метри, 22,33% е со надморска височина од 1000 до 1500 метри, 6,95% е со надморска височина од 1500 до 2000 метри, 2,89% е со надморска височина до 200 метри и 1,38% е со надморска височина од над 2000 метри.[29] Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:

Ранг Име Висина (m) Висина (ft)

Шар Планина
Шар Планина

Rank Name Height (m) Height (ft)
1 Кораб 2,764 9,396 7 Галичица 2,288 7,507
2 Шар Планина 2,747 9,012 8 Стогово 2,273 7,457
3 Баба Планина 2,601 8,533 9 Јабланица 2,257 7,405
4 Јакупица 2,540 8,333 10 Осогово 2,251 7,383
5 Ниџе 2,521 8,271 11 Бистра 2,163 7,096
6 Дешат 2,373 7,785 12 Плачковица 1,754 5,754

Македонија исто така има и „сценски“ планини. Тие припаѓаат на две различни планински вериги: првата се планините од шарскиот предел[31][32] која се надоврзува со западновардарската/пелагониска група на планини (Баба планина, Ниџе, Кожуф и Јакупица) исто така позната како динарска верига. Втората верига е планинскиот ланец Осогово-Беласица, позната под името родопска верига. Планините во западниот дел се помлади и повисоки во однос на оние од источниот дел на земјата.

Демографија

Етничко знаме на македонците

Дел од серијалот на статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик


Според пописот од 2002 год., вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители од кои:

Етнички состав
Македонци
  
64.18%
Албанци
  
25.17%
Турци
  
3.85%
Роми
  
2.66%
Срби
  
1.78%
Бошњаци
  
0.84%
Власи
  
0.48%
други
  
1.04%

Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.

Поголеми градови

град општина население грб знаме слика
Битола Битола 80.550 Coat of arms of Bitola Municipality.svg Flag of Bitola Municipality.svg Bitola 2007.JPG
Куманово Куманово 70.842 Coat of arms of Kumanovo Municipality.svg Flag of Kumanovo Municipality.svg Spomenik na Revolucijata.JPG
Прилеп Прилеп 66.246 Coat of arms of Prilep Municipality.svg Flag of Prilep Municipality.svg AlexanderStatuePrilep.jpg
Скопје Град Скопје 467.257 Skopje grb.gif Flag of Skopje.png Skopje-viewfromKale.JPG
Тетово Тетово 52.915 Coat of arms of Tetovo Municipality.png Flag of Tetovo Municipality.svg The small park in the city square in Tetovo, Macedonia.JPG

Економија

Македонски Боинг 737
Стопанска банка Битола

Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ излегува како нејзина најсиромашна република. Во април 1992 година, Македонија прогласи монетарна самостојност, преку воведување сопствена парична единица - македонскиот денар. Во првата половина на 1990-тите, македонската економија се наоѓаше во длабока рецесија, предизвикана од бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите кон СР Југославија, начинот на спроведување на процесот на приватизација на претпријатијата, проблемите во банкарскиот сектор и многу други. Од 1996 год., економијата полека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денес, Република Македонија сѐ уште го нема достигнато ни нивото на развиеност од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987).

Економијата е пост-транзициска, со голем број сѐ уште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува од 20% до 40% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе подолго време се добри, т.е. од средината на 1990-тите се одржува ниска, едноцифрена стапка на инфлација и низок буџетски дефицит. Исто така, Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага со средно квалификувана но евтина работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак, потребни се дополнителни инвестиции во оваа област (пред сѐ во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република Македонија е членка на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (во 2005 год., вкупната размена со странство изнесуваше 79,5% во БДП).

-Земјоделство 11,4%
-Индустрија 27,2%
-Услуги 61,4%
Приходи - 2,508 милијарди $
Расходи - 2,487 милијарди $
Дефицит - 2,6% (2006)

Стопанство

Енергија

  • Електрична енергија-производство: 5.935 милијарди кWh (2006 година)
  • Електрична енергија-производство по ресурси:
    • фосилно гориво: 80,7%
    • водни: 18,3%
    • друг вид: 1% (2006 година)
  • Електрична енергија-потрошувачка: 8.929 милијарда кWh (2006 година)
  • Бензин-потрошувачка: 23,000 bbl/ден (2006 година)

Енергетски сектор

  • Околу 80% од потребната енергија се обезбедува со домашно производство, од термоцентралите и хидроцентралите.
  • Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
  • ЕСМ е во фаза на реструктуирање и пред приватизација.
  • Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 mW од кои околу 1/3 се лоцирани во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
  • РЕК Битола со своите 3 ч 225 mW претставува најголем и високо концентриран извор на електрична енергија во државата.
  • Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
  • Дистрибуцијата на енергијата се остварува преку 28 засебни целини (подружници), од кои "Електродистрибуција Скопје" има доминантно место со речиси 33% од целокупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија.
  • Скопје е поврзано со Солун со нафтовод.

Инфраструктура

Северна скопска обиколница Е65 / М-4

Сообраќај

Патен сообраќај

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 km:

  • 6.830 km или 64,5% од неа се локални патишта
  • 2.820 km или 26,5% се регионлни патишта, а
  • 950 km или 9% се автопати.

Должината на модерните патишта е 5.100 km.

Најзначаен автопат е меѓународниот автопат E-75. Започнува во Остенд - Белгија, поминува преку Брисел - Нирнберг, Виена - Будимпешта - Белград - Солун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 km. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.

Железнички сообраќај

  • Должината на постоечките железнички линии е 920 km, со 168 железнички станици.
  • Со соседите е поврзана по железнички пат со Грција и Србија, додека пак во тек е изградба на пруга кон Бугарија од 1999.

Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски Железници

Аеродромот „Александар Велики“

Воздушен сообраќај

Телекомуникации

Напомена: Прикажани се застарени информации. Треба да се подноват.
- Dial-up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s
- Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s или 128kb/s
- Пристап преку pre-paid картичка
- Пристап преку изнајмени линии
- Широкопојасен пристап преку АДСЛ и кабелски интернет
-Оптички пристап

Политика

Приказ на образовниот систем во Македонија

Односи со ЕУ

Република Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Република Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.

Евро-атлански асоцијации

Исто така на Република Македонија и е ветено членството во НАТО веднаш по разрешувањето на спорот околу уставното име кое државата го има со Република Грција.

Спор за уставното име на Република Македонија

Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија, [34] иако е признаена под нејзиното уставно име од 133[35] земји меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави, Кина, Русија, Обединетото Кралство; членките на ЕУ: Шведска, Австрија, Ирска, Луксембург, Словачка, Естонија, Чешка Република, Унгарија, Литванија, Романија, и Бугарија; сите поранешни југословенски републики: Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Словенија; други земји што ја признаваат Македонија под уставното име се Турција, Индија, Канада, Швајцарија, Индонезија, Аргентина, Израел, Бразил, Саудиска Арабија, Иран, Украина итн.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Законот за јазиците изгласан во Парламентот“, „macedoniaonline.eu“, 26 јули 2008 (конс. 27 јули 2008). „Користејќи ги Бадентеровите принципи, Парламентот го изгласа законот за употреба на јазиците кој ги засега сите етнички групи во Македонија. Законот не дозволува употреба на албанскиот или било кој малцински јазик како втор официјален јазик на територијата на Македонија.“
  2. „Македонија низ бројки, 2012“ (на македонски). Државен завод за статистика. 2012. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/Mak_brojki_2012_M.pdf. конс. 21 декември 2012. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Извештај за одредени земји и субјекти“. Меѓународен монетарен фонд. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=962&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=38&pr.y=10. конс. 1 октомври 2009.  (англиски)
  4. „CIA – The World Factbook – Field Listing :: Distribution of family income – Gini index“. Central Intelligence Agency. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2172.html. конс. 5 април 2014. 
  5. mfa.gov.mk
  6. НБРМ
  7. eubusiness.com
  8. mfa.gov.mk
  9. CIA - The World Factbook
  10. НБРМ
  11. Устав на Република Македонија
  12. Μακεδονία, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek–English Lexicon, on Perseus
  13. Macedonia, Online Etymology Dictionary
  14. Macedonia, Online Etymology Dictionary
  15. R.J. Rodden and K.A. Wardle, Nea Nikomedia: The Excavation of an Early Neolithic Village in Northern Greece 1961-1964, Vol I, The Excavation and the Ceramic Assemblage, British School at Athens Supplementary Volume 25, 1996
  16. Arrian, Anabasis Alexandri I, 13–19
  17. Arrian, Anabasis Alexandri I, 20–23
  18. Arrian, Anabasis Alexandri I, 23
  19. Greene, p. 351
  20. Arrian, Anabasis Alexandri II, 16–24
  21. Gunther, p. 84.
  22. „Coin: from the Persian Wars to Alexander the Great, 490–336 bc“. Encyclopedia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/124716/coin/15880/From-the-Persian-Wars-to-Alexander-the-Great-490-336-bc. конс. 16 ноември 2009. 
  23. „The end of Persia“. www.livius.org. http://www.livius.org/aj-al/alexander/alexander10.html. конс. 16 ноември 2009. 
  24. Shipley, Graham (2000) The Greek World After Alexander Routledge History of the Ancient World. (Routledge, New York)
  25. Walbank, F. W. (1984) The Hellenistic World, The Cambridge Ancient History, volume VII. part I. (Cambridge)
  26. http://www.unrv.com/provinces/macedonia.php
  27. Encyclopædia Britannica. „Encyclopaedia Britannica — Scopje“. Britannica.com. http://www.britannica.com/eb/article-9068124/Skopje. конс. 28 април 2010. 
  28. Cambridge Medieval Encyclopedia, Volume II.
  29. 29,0 29,1 (на македонски) „Македонија низ бројки 2011“. Државен завод за статистика. Скопје. 2011. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/MakBrojkiM2011.pdf. 
  30. „Macedonian Ministry of Environment“. Web.archive.org. архивирано од оригиналот на 19 јануари 2008. http://web.archive.org/web/20080119010740/http://www.moe.gov.mk/soer2/ohrid_a.htm. конс. 28 април 2010. 
  31. Encyclopædia Britannica. „Britannica's article about Sar Mountains“. Britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/523838/Sar-Mountains. конс. 28 април 2010. 
  32. „Sar Mountains on the Euratlas map of the Europe's most significant mountain ranges“. Euratlas.com. http://www.euratlas.com/Atlasphys/Sarplanina2.htm. конс. 28 април 2010. 
  33. Работењето „на црно“ е распространета појава, така што реалната бројка е пониска
  34. www.un.org Резолуција на Обединетите Нации.
  35. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Република Македонија, потсети тој, е призната под уставното име од 133 земји, отворени се 56 дипломатско-конзуларни претставништва, склучени 1015 меѓународни договори, членка е на 103 меѓународни организации и регионални иницијативи, претседаваше со Генералниот секретаријат на ОН, либерализиран е визниот режим, претседаваше со Комитетот на министри на Советот на Европа, ја доби пресудата пред Меѓународниот суд на правдата и го започна дијалогот со ЕУ.'

Надворешни врски

Влада

Историја

Туризам


Меѓународни организации