WorldWideWeb

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
WorldWideWeb
WorldWideWeb Icon.png
WorldWideWeb screenshot.gif
WorldWideWeb, ~1993
Програмери Тим Бернерс-Ли за ЦЕРН
Првично издание 26 февруари, 1991
Прог. јазик Objective-C
Опер. систем NeXTSTEP
Јазици ?
Вид Прелистувач
Лиценца Јавен домен
Мреж. место www.w3.org/.../WorldWideWeb.html

World Wide Web е првиот светски прелистувач и WYSIWYG HTML уредник. Тој бил пуштен во работа на 26 фебруари 1991 година, од британскиот научник Сир Тим Бернерс Ли и бил насочен кон NeXTSTEP платформата. Подоцна се користел Nexus како би се одбегнала забуна со World Wide Web.

World Wide Web е првата програма која користи не само заеднички протокол за пренос на податотеките туку Hypertext преносен протокол, изум од Тим Бернерс Ли во 1989 година. Во времето кога бил напишан, World Wide Web бил едниствен начин за пристап на Интернет.

Минато[уреди]

Бернерст Лии го напишал World Wide Web за Next пресметувачи за време на втората половина од 1990 година, додека работел во Церн. Првата успешна изградба била комплетирана на 25 декември 1990 година и успешно проработила помеѓу колегите на Тим Бернерс Ли во Церн пред да биде објавена во јавност во август 1991 година. Во ова време неколку други како Берн Полерман, Роберт Кајо, Жан Францоас Гроф и студентот Никола Пело кој го напишал line прелистувачот биле приклучени во проектот. Бернерс Ли и Гроф подоцна прилагодиле многу компоненти од World Wide Web во програмскиот јазик C, креирајќи libwww API. Се појавиле неколку прелистувачи кои претежно биле во ViolaWWW. Сите биле создадени по правилата на Мозаик на кои им паднала популарноста во 1993 година со создавањето на World Wide Web. Оние кои биле вклучени во создавањето се преместени на други работни места како што се дефинирање на стандардите и насока за понатамошен развој на World Wide Web, HTML, разни комуникациски протоколи итн. На 30 април 1993 година директоратот на Церн објавил изворни код World Wide Web во јавноста, што е бесплатен софтвер. Неколку верзии на софтвер сѐ уште се достапни за преземање од evolt.org - прелистувач на архивата. Тим Бернерс Ли првобитно се смета под ГНУ, но на крајот се одлучил за јавниот домен.

Технички информации[уреди]

World Wide Web е развијан за NextSTEP платформи, програмата користи многу NextSTEP компоненти.

Oдлики[уреди]

WWW бил способен да ги прикажува основните стилови на страни, преземање и отворање на било која врста податотека што го поддржува NEXT системот, да пребарува блогови, и да коректира граматички грешки. На почетокот сликите биле прикажувани во различни прозорци, додека NeXTSTEP поддржувал слики.

Пребарувачот бил и уредувач. Тој дозволувал и истовремено уредување и поврзување на многу страни во повеќе прозорци. Функцијата "Mark selection" со која е создадена котва која поврзувала со последната додадена котва, го овозможила создавање на линкови. Уредувањето на страниците сѐ уште не било возможно бидејќи HTTP PUT методот сѐ уште не бил спроведен. Датотеките ќе бидат средувани по локалниот систем на датотеки, кој подоцна бил послужуван од HTTP сервер.

Надворешни врски[уреди]