Voice over IP
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Voice over Internet Protocol, или VoIP, IP Телефонија, Интернет телефонија, Broadband телефонија, Broadband Телефон или Voice over Broadband претставува рутирање на говорна конверзација преку Интернет односно преку IP-базирани мрежи.
Компаниите кои обезбедуваат VoIP услуги се нарекуваат провајдери, додека протоколите кои се користат за пренос на говорните сигнали преку IP мрежата се нарекуваат Voice over IP или VoIP протоколи. VoIP - VoIP разговорите вообичаено се бесплатни додека за VoIP - PSTN разговорите најчесто се плаќа одредена надокнада.
Постојат два типа на PSTN - VoIP услуги: DID (Direct Inward Dialing) и пристапни броеви.
- DID врши директна конекција на повикувачот со VoIP корисникот. Оваа услуги најчесто се базира на месечна претплата.
- Услугата на пристапни броеви бара од повикувачот да внесе пристапен број на VoIP корисникот. За оваа услуга потребно повикувачот да плати одредена сума која вообичаено е на ниво на цената на локален разговор, додека VoIP корисникот не плаќа ништо.
Функционалност [уреди]
VoIP ја олеснува комуникацијата која на традиционален начин вообичаено се одвива отежнато.
- Повиците автоматски се рутираат до VoIP телефонот, без разлика каде сте конектирани на мрежата. Можете да го понесете вашиот VoIP телефон со себе и кога сте конектирани на Интернет можете да го користите.
- Постојат слободни телефонски броеви во САД, Британија и други земји кои може да се користат за VoIP комуникација
- Извонредно се погодни за т.н. калл центри
- Постојат голем број на улуги кои повеќето телекомуникациски компании кои нудат PSTN сервиси речиси и не можат да ги обезбедат или се наплаќаат дополнително: пренасочување на повик, автомастко бирање, идентификација и сл.