Underworld (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Underworld

Underworld во живо во Њујорк, 2007. Од лево кон десно: Карл Хајд, Рик Смит, Дарен Прајс.
Биографски податоци
Познат(а) и како Lemon Interupt, Steppin' Razor, Mr. and Mrs. Christmas
Потекло Ромфорд, Есекс, Англија, Велика Британија
Жанрови Електронска, техно, прогресив хаус, прогресив транс, алтернатив денс
Период на активност 1986–сѐ уште
Издавачи Junior Boy's Own, V2, Wax Trax!, Sire, underworldlive.com, Traffic, Different Recordings
Соработници The Screen Gemz, Freur
Мреж. место underworldlive.com
Членови
Карл Хајд
Рик Смит
Дарен Прајс
Поранешни членови
Баз Ален
Брин Бороус
Алфи Томас
Дарен Емерсон

Underworld е главното име под коешто британското музичко дуо Карл Хајд и Рик Смит снимале од крајот на осумдесеттите. Групата е најпозната по „Born Slippy .NUXX“, песна популаризирана по хит-филмот на Дени Бојл од 1996 година, Trainspotting.

Историја[уреди]

Почетоци: 1981-1986[уреди]

Хајд и Смит го започнале нивното музичко партнерство со The Screen Gemz додека студирале заедно на уметничкиот колеџ во Кардиф. Во 1983 година снимиле два албуми за CBS Records како праелектронклеш њуроментик бенд наречен Freur.

Underworld MK1: 1987–1990[уреди]

Freur се растурил во 1986. Во 1987 членовите на Freur го создале бендот Underworld и се обиделе со повеќе гитарски-ориентиран фанки електропоп звук на два албуми (видете: Дискографија на Underworld) за Sire Records пред да се растурат во 1990 (Групата Underworld од овој период за да се разликува ја викаат „Underworld Mk1“).

Дарен Емерсон се приклучува: 1991–1994[уреди]

По една пауза, Хајд и Смит го регрутираат есекскиот диџеј Дарен Емерсон и по неколку помали изданија и ремикси како Lemon Interupt и Steppin' Razor, повторно го вратиле името Underworld. Тогаш, како трио, правеле техно за играње („Underworld Mk2“).

Логото на албумот dubnobasswithmyheadman (1993).

Вклучувањето на Емерсон ја завршило техно/рок фузијата на Underworld и ублажила некои поп-елементи од првичната музика на дуото. Првиот албум, dubnobasswithmyheadman, бил подостапен од дотогашниот материјал на групата и опфаќал поширок спектар на денс музика. Сѐ уште работеле со карактеристичните текстови на Хајд: поетски, хипнотички и шепотени, составени делумно од конвенционални пишувани текстови, но и од objet trouvé материјали, односно снимани разговори, снимки од телефонски секретарки и слично. Главниот пејач во Underworld Mk1 бил Хајд, но првичниот денс материјал на Хајд и Смит бил без текстови, како и повеќето од електронската музика што излегла по есид хаусот.

Пробивот на Trainspotting: 1995–1997[уреди]

Лого на албумот Second Toughest in the Infants (1996).

Албумот од 1996 година, Second Toughest in the Infants, е нивниот втор студиски албум со Емерсон и постигнал добар степен на комерцијален успех, делумно заради тоа што бил издаден во исто време со филмот Trainspotting. Во филмот е и песната „Dark & Long (Dark Train)“, како и најпознатата песна од групата, „Born Slippy .NUXX“.

Born Slippy .NUXX“ е една од најпознатите песни на Underworld и е позната како една од најдобрите денс песни на декадата.

Beaucoup Fish ерата: 1998–2001[уреди]

Лого на албумот Beaucoup Fish (1999).

По издавањето на третиот студиски албум, Beaucoup Fish, во 1999, Хајд изјавил во интервју дека ги решил проблемите со алкохолизмот, но сите членови признале дека имале големи проблеми за време на снимањето, со тоа што секој си работел во неговото студио и комуницирале само преку миксови на сиров материјал на аудио касети. По излегувањето на албумот, голем број миксови почнале да излегуваат на синглови, на промоционални цедеа во списанија и на слични места, укажувајќи на тоа дека песните поминале низ многу ревизии додека сите тројца не биле задоволни.

Во 1999, Underworld тргнале на успешна турнеја, којашто резултирала со ЦД и ДВД од неколку концерти. Проектот е наречен Everything, Everything и многу добро ги доловува Underworld во живо.

Повторно дуо: 2002–2003[уреди]

Лого на албумот A Hundred Days Off (2002).

По издавањето и промоцијата на Everything, Everything, Емерсон одлучил да го напушти Underworld за да се фокусира на неговите соло проекти. Хајд и Смит одлучиле да продолжат, повторно како дуо. Снимиле нов албум, A Hundred Days Off, широко прифатен. И покрај неговиот статус како прв студиски албум по заминувањето на Емерсон, зачудувачки за многу фанови, албумот има воопшто многу сличен звук како претходните албуми во кои учествувал Емерсон.

Во 2003 е издадена антологија на 2 диска, наречена 1992-2002, со материјал од времето на Underworld MK2 и Underworld MK3. Исто така, како сингл излегла и понова верзија на „Born Slippy .NUXX“, наречена „Born Slippy .NUXX 2003“.

The RiverRun Project и саундтракови: 2004–2006[уреди]

Хајд, Смит и Прајс на турнеја во 2005

Додека биле на турнеја во летото и есента 2005, на дуото му се приклучило на сцена и Дарен Прајс, диџеј и продуцент познат по бендот што порано правел миксови на изданијата на Underworld. За време на турнејата, го издале тројниот ЦД-сет наречен Live in Tokyo, којшто бил продаден по концертот во Јапонија. Подоцна се продавале примероци и онлајн.

Кон крајот на 2005 издале две компилации од нови песни заедно со фотографии од Underworld Live, Lovely Broken Thing и Pizza for Eggs. Биле издадени само онлајн, освен промо ЦД.

На 5 јуни, 2006, го издале третиот дел од серијата Riverrun, I'm a Big Sister, and I'm a Girl, and I'm a Princess, and This Is My Horse.

На 10 јули, 2006, издале специјален ретроспективен микс, наречен The Misterons Mix, составен од песни од трите претходни изданија на Riverrun. За оние што ги купиле сите претходни изданија на Riverrun, овој микс бил бесплатен за преземање од интернет.

Во септември 2006, Underworld издале пет ограничени 12-инчни винил изданија (по 10 000 примероци), со миксови од разни песни од Riverrun. Овие песни исто така биле достапни за купување и онлајн на веб-сајтот на Beatport.

Во 2006, Underworld и Габриел Јаред ја компонирале музиката за филмот Breaking and Entering на Ентони Мингела. Саундтракот бил издаден во Британија на 6 ноември, а во САД на 5 декември.

Oblivion with Bells: 2007–денес[уреди]

Петтиот студиски албум на Underworld, Oblivion with Bells, е издаден на 16 октомври, 2007[1]. Првиот сингл од новиот албум, „Crocodile“, бил издаден на 5 септември, 2007[2]. Најавена е целосна светска турнеја како поддршка за новиот студиски албум. Моментално, датумите за САД, Европа и Јапонија се во оваа есен, но повеќе настапи се очекуваат во иднина[3]. Тапанарот на U2, Лери Мулен Џуниор, помагал за песната Boy, Boy, Boy.

Underworld го завршиле саундтракот за најновиот филм на Дени Бојл, Sunshine, кон крајот на 2006[4], но датум за конечно издавање досега не е познат, и покрај тоа што филмот веќе е пуштен. Саундтракот е сработен во соработка со Џон Марфи[5].

На 16 јуни, 2007, Underworld биле приморани да го откажат настапот на фестивалот Ejekt во Атина, Грција. Околу 30 маскирани грчки анархисти јуришале во стадиумот додека настапувале Beastie Boys. Рик Смит бил еден од повредените во насилствата и бил однесен во блиска атинска болница на негување[6].

На 19 октомври, 2007, Underworld ги откажале останатите настапи од европската турнеја заради болест во групата[7]. Турнејата продолжила на 28 јануари, 2008, со концерт во Келн, а потоа и 16 други низ Европа, меѓу кои и неколку фестивали.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Underworld.

Ремикси од Underworld (Дарен Емерсон, Рик Смит, Карл Хајд)[уреди]

Ремиксите од периодот на Lemon Interupt и Steppin' Razor вклучуваат разни изведувачи како Shakespears Sister, Saint Etienne, Бјорк и Simply Red. За целосна листа на ремикси, видете Дискографија на Underworld.

Членови на групата[уреди]

  • Карл Хајд (р. 10 мај, 1957, Вустер, Вустершир) - вокали, гитари (член: 1986–сѐ уште)
  • Рик Смит (р. Ричард Смит, 25 мај, 1959, Аманфорд, Велс) - клавијатури (член: 1986–сѐ уште)
  • Алфи Томас - гитара (член: 1986–1990) (и во Freur)
  • Брин Бороус - тапани (член: 1986–1988) (и во Freur)
  • Баз Ален - бас (член: 1986–1990)
  • Паскал Консоли - тапани (член: 1989–1990)
  • Дарен Емерсон (р. 30 април, 1971, Хорнчрч, Есекс) - клавијатури и миксување (член: 1991–2000)
  • Дарен Прајс - клавијатури, миксување и помагач во живи изведби (член: 2005–сѐ уште)

Разно[уреди]

  • Песната Change the Weather била искористена како позадинска музика во една епизода на ТВ серијата Hunter.
  • Underworld немале топ 40 сингл во САД (највисоката позиција им била #69 за „Stand Up“ во 1989).
  • Freur ја направиле музиката за Underworld, филм на Денхолм Елиот од 1985 (познат и како Transmutations).
  • Песната со истото име на деби-албумот на Underworld Mk1, Underneath the Radar, била избрана за почетната сцена во првата епизода од петтата сезона на Miami Vice во 1989.
  • Баз Ален (Underworld Mk1) е сега во D-Influence.
  • Хајд свирел на гитара на турнејата на Деби Хери од 1991 година. Овој настап бил пренесуван во живо на Radio One нелегално.
  • Хајд свирел гитара на албумот на PIG (Рејмонд Ватс) The Swining.
  • Freur се појавиле во спотот на „I Want to Be a Tree“ од Тим Поуп.
  • Песната „Big mouth“ е искористена во најавната и одјавната шпица на аргентинското реално полициско шоу „Policias en Acción“.
  • Во 1998 „Born Slippy“ станала позната во Аргентина откако една компанија за реклами, Agulla y Baccetti, направила песна за светското првенство, но текстот бил сменет.
  • Песната „Cowgirl“ е дел од саундтракот на филмот Хакери од 1995 година.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]