UNESCO-IHE

Од Википедија — слободната енциклопедија
Седиштето на организацијата.

UNESCO-IHE или во превод Институт за водни науки е меѓународен институт за водни науки кој е создаден во 2003 година. Unesco-IHE ја продолжува традицијата започната во 1957 година кога IHE започна со последипломски курс во хидраулично инжинерство за професионалци од земјите во развој[1].

UNESCO-IHE е со седиште во Делфт, Холандија и е во сопственост на сите УНЕСКО земји членки. Тој е формиран како УНЕСКО “Категорија I институт“ заеднички од страна на УНЕСКО и Владата на Холандија.

Институтот е најголемaта организација за водени науки во светот и единствената институција во ОН која е авторизирана да издава акредитирани Магистерски дипломи.

Функциите на UNESCO-IHE се:

  • Да има водечката улога во меѓународните стандарди за последипломски студии во водените науки и континуираната професионална едукација.
  • Овозможува градење на капацитети, посебено за земјите во развој;
  • Придонесува за образование, обука и истражувачки програми
  • Создава и управува со мрежа во образовниот сектор, институци од водениот сектор и останати организации во целиот свет;
  • Служи како ‘политички форум’ за земјите-членки на УНЕСКО и другите засегнати страни; и
  • Обезбедува професионална стручна експертиза и совети за образованието.

Од своето основање во 1957 година, IHE - како што е познато, овозможи постдипломски образование за повеќе од 14.000 професионалци (инженери и научници) речиси целосно од земјите во развој, што претставува 160 земји. Во IHE своите студии ги имаат завршено повеќе од 75 докторски кандидати, извршени се бројни истражувања и овозможено е зајакнување на капацитетите во целиот свет.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-25. Посетено на 2012-07-13.