Thunderbolt

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Thunderbolt
Thunderbolt logo.svg
Тип двопротоколен приклучок[1]
Производна историја
Конструктор Intel и Apple[2]
Конструиран 2009
Произведувач разни
Производство февраури 2011 —
Општи карактеристики
Должина највеќе до 3 метри (бакарна)[3]
Ширина 7,4 мм машки
(8,3 мм женски)
Висина 4,5 мм машки
(5,4 мм женски)
Непосредно прикл. да
Верижно поврз. да, до 7 уреди[3]
Надворешен да
Аудиосигнал преку протоколот Displayport или преку надворешни аудиокарти со USB. Поддржува аудио кон HDMI адаптер.
Приклучок Mini DisplayPort
Електрика
Сигнал 10 W[3]
Податоци
Подат. сигнал да
Проточност 20 ГбитPCIe и DisplayPort
Протокол PCI Express, DisplayPort v1.1a[3]

Thunderbolt (мак. „громов удар“, порано под шифрата „Light Peak“) е на нова технологија на високопроточни оптички кабли на Intel наменети за меѓусебно поврзување на електронски уреди во периферна магистрала. Има способност за високопроточност, почнувајќи од 10 Гбит/сек,[4] со потенцијална можност за проширување до 100 Гбит/сек. Предвиден е како единствена универзална замена за постоечките магистрали како SCSI, SATA, USB, FireWire, PCI Express и HDMI. Во споредба со овие магистрали, Thunderbolt е многу побрз, со поголем досег, помали димензии, и пофлексибилен во поддршката на протоколи.

Thunderbolt е измислен со цел да се намали намножувањето на порти кај денешните сметачи. Магистралните системи како USB ја имале истата цел, и успешно замениле ред постари технологии како RS232 и IEEE 1284. Меѓутоа, со потребата од сè поголема проточност воведени се нови системи со високa моќност како eSATA и DisplayPort со кои USB и сличните системи не можат да се справат. Thunderbolt овозможува доволно проточност за работа на сите овие системи преку еден единствен посредник, а во многу случаи и преку само еден кабел, користејќи венечно поврзување.

Опис[уреди]

Приклучок за Thunderbolt на преносен сметач Macbook Pro 17 (2011)

Кабелот на Thunderbolt содржи пар оптички влакна што се користат за влезен и излезен проток. Ова значи дека Thunderbolt нуди највеќе до 10 Гбит/сек во двете насоки истовремено. На прототипниот систем има два управувачи на матична плоча и секој од нив поддржувал двонасочни магистрали истовремено, кои пак се поврзани со надворешни спојувачи. Секој пар оптички кабли од управувачите води до приклучокот, каде струјата се дополнува преку засебни жици. Физичкиот приклучок во проротипниот систем е налик на оној кај постоечките USB или FireWire приклучоци.

Intel вели дека Thunderbolt е независен од протоколот, овозможувајќи му да ги поддржува постоечките стандарди при промена на физичкиот медиум. Досега се објавени само малку подробности за проблемите како протоколи и временската конкуренција на пристап до магистралата. Intel изјавиле дека Light Peak има доволна моќност за да ги работи сите нешта, од мемориски уреди до екрани и мрежна работа, и дека може да ја одржува истата брзина (проточност) на растојанија од 100 метри кабел. Како друга предност над постоечките системи, Intel вели дека системот кој користи Light Peak ќе има помал број на приклучоци и со помали димензии, подолги и потенки кабли, повисока проточност (појасна широчина), и може да работи со повеќе протоколи преку еден кабел.[5]

Клучен дел од склопот кој досега не е претставен е управувачот на магистралата за приклучениот кориснички уред. Во случајот на USB, еден управувач ги работи сите струјно кола, логичките функции на USB уредот, заедно со купечки, приспособени или програмирани логички функции за работење со уреди. Може да се направи прост USB уред со додавање на приклучок, еден придвижувачки чип, и хардверскиот систем што треба да го придвижува; глушецот е добар пример за систем што се применува користејќи еден купечки чип.[6] Слично едночипно решение ќе се бара и за Thunderbolt, но засега Intel едноставно потсетува дека работи со партнери за да изработат такво нешто.[7] Според Intel, фирмите кои ќе произведуваат Thunderbolt технологија се Foxconn, Foxlink, IPtronics[8][9], SAE Magnetics[10], FOCI Fiber Optics Communications Inc, Avago, Corning, Elaser, Oclaro, Ensphere Solutions[11] и Enablence.[12]

Историја[уреди]

Претставување[уреди]

Иако Thunderbolt сè уште е во рана развојна фаза, Intel во 2009 г. прикажале наполно функционален таков систем на Intel Developer Forum (IDF). На презентацијата, прикажаното работело преку прототипна Mac Pro матична плоча, користејќи Thunderbolt за емитување на две видеа од по 1080p, LAN и мемориски уреди преку еден 30 метарски кабел со USB завршетоци приспособени за Thunderbolt.[13] Intel изјавиле дека системите опремени со Thunderbolt ќе почнат да се појавуваат во 2010 г.[14]

Intel изработиле прототипна PCI Express картичка за столни сметачи како дополнителен приклучок.[15] Со ова корисниците не мораат да купуваат нова матична плоча за да го користат овој нов вид на кабел. Картичката има две оптички магистрали што поддржуваат 4 порти. Note that such a card might not be able to keep up with проточноста од 40 Гбит/сек на четири Thunderbolt порти. Во 2010 г. највеќето матични плочи имаа еден или повеќе PCIe 16x жлеба, додека само малку PCIe 1x жлебови и малку Standard PCI жлебови. PCIe 1x жлебот е ограничен на 4 Гбит/сек; еден PCIe 16x жлеб би бил доволен, но тој обично се користи за видео картичка--иако 1x видео картички впрочем постојат, што значи дека ќе може да се постави Thunderbolt картичка во 16x жлеб. Други матични плочи пак, имаат повеќе PCIe 16x жлебови за двојна графика.

На 4 мај 2010 во Брисел, Intel прикажал лаптоп со Thunderbolt приклучок (со тоа покажувајќи дека технологијата има достигнато доволно мали димензии за да може да се смести во таков уред) и лаптопот емитувал 2 засебни истовремени HD видеа преку таа врска (indicating that at least some fraction of the software/firmware stacks and protocols are now functional). На истата презентација Intel се искажале дека очекуваат потребниот хардвер да влезе во производство кон крајот на 2010 г.[16]

Кабли[уреди]

Thunderbolt користи кабел со оптички влакна со широчина од 125 микрони кои го пренесуваат инфрацрвениот сигнал до далечина од 100 метри. [17]. Оптичките влакна се обложени со пластични слоеви за заштита од влага и други оштетувања.

Карактеристики[уреди]

Thunderbolt ги има следниве карактеристики:[18]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Технологијата Thunderbolt™“. Intel. http://www.intel.com/technology/io/thunderbolt/index.htm. конс. 25 ефвруари 2011. 
  2. Кротерс, Брук. „Извори: Технологијата „Light Peak“ не е идеја на Apple“, „CNet News“, CNet, 29 септември 2009 (конс. 23 февруари 2011).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Технолошки преглед“. Intel. http://www.intel.com/technology/io/thunderbolt/325136-001US_secured.pdf. конс. 25 девраури 2011.  (англиски)
  4. http://www.popsci.com/scitech/article/2009-09/new-optical-cable-tranfers-10-gb-second
  5. Пател, Нили (23 септември 2009). „Intel го открива оптичкиот приклучок Light Peak 10Gbps за преносни уреди“. „engadget“. http://www.engadget.com/2009/09/23/intel-unveils-light-peak-10gbps-optical-interconnect-for-mobile/. 
  6. На пример, VT5363 од STMicroelectronics применува целосен систем за ласерски или кугличен глушец кој работи на USB или PS2 магистрали, и има потреба само од физички хардвер.
  7. Адикари, Ричард (28 септември 2009). „Intel даде увид во приклучокот за уреди Light Peak“. „TechNewsWorld“. http://www.technewsworld.com/story/Intel-Shows-Glimpse-of-Light-Peak-Device-Connector-68231.html?wlc=1254759731. 
  8. IPtronics, http://www.iptronics.com
  9. Кларк, Питер. „IPtronics, Avago со удел во Intel-овиот оптички приклучок“, EETimes, 1 октомври 2009 (конс. 1 октомври 2009).
  10. SAE Magnetics (H.K.) Ltd, http://www.sae.com.hk, подружница во целносна сопственост на TDK Corporation кои произведуваат магнетни глави за снимање за тврди дискови и магнетни делови за сметачи и потрошувачки електронски уреди
  11. Ensphere Solutions http://www.enspheresolutions.com
  12. Enablence, http://www.investingnideas.com/lightpeak.png
  13. Пател, Нили (24 септември 2009). „Видео: Intel-овиот Thunderbolt емитува HD додека префрлува податотеки... на хакинтош“. http://www.engadget.com/2009/09/24/video-intels-light-peak-running-an-hd-display-while-transferri/. 
  14. Шилс, Меги. „Иднината има облик на ТВ, вели Intel“, BBC News, 25 септември 2009 (конс. 27 септември 2009).
  15. http://www.youtube.com/watch?v=nfGevFIVKw4
  16. Колинс, Бери. „Intel го прикажа првиот Light Peak лаптоп“, PC Pro, 4 мај 2010 (конс. 5 мај 2010).
  17. „Оптички кабел широк 125 микрони“. Intel. 23 септември 2009. http://www.youtube.com/watch?v=izNoF1SWtSg. 
  18. Пател, Нили. „Видео: Intel-овиот Light Peak емитува HD додека префрлува податотеки... на хакинтош“, „Engadget“, 24 септември 2009 (конс. 27 септември 2009).
  19. Шенкленд, Стивен (24 септември 2009). „Intel-овиот Light Peak ќе ги сече каблите“. „ZDNet“. http://news.zdnet.com/2100-9595_22-346181.html. 

Надворешни врски[уреди]

Македонски[уреди]

Англиски[уреди]