The Notebook (роман)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

The Notebook е американски романтичен роман, напишан од американскиот писател Николас Спаркс (Nicolas Sparks) во 1996г. Подоцна, во 2004г., романот беше адаптиран во популарен романтичен филм со истото име. Сепак, филмот и книгата завршуваат многу различно.

Романот беше прв објавен роман на Николас Спаркс, а трет напишан по „The Passing“ и „The Royal Murders“, кои никогаш не беа објавени. Литературниот агент Тереза Парк(Theresa Park) го откри Спаркс откако ја одбра книгата од купот книги во нејзината агенција. На Парк и се допадна и му понуди да го застапува. Во октомври 1995г. Парк зема аванс од 1 милион долари од групацијата „Time Warner Book“ и романот беше објавен во октомври 1996г. Уште во текот на првата недела по издавањето тој се најде во листата на најпродавани книгн на „New York Times“. Романот повеќе од една година не се симна од листата на нанјпродавани книги.

Страници на љубовта беше инспириран од приказната за бабата и дедото на сопругата на Спаркс кои биле во брак повеќе од 60г. кога Спаркс ги запознал. Спаркс се вчудовидил од тоа колку тие се грижат еден за друг и го напишал неговиот роман како обид да опише една таква љубов.

Кратка Содржина[уреди]

Приказната почнува со Дјук, 80г. човек кој чита приказни од тетратка на една жена во старечки дом.

Приказната ги враќа назад во 1946г. во мирниот и прекрасен град Њу Берн, во Северна Каролина. Ноах Калхоун, 31г. се вратил од војна пред неколку месеци и штотуку ја завршил реставрацијата на неговиот дом во плантажен стил. Еден ден, една млада жена доаѓа во посета и ја руши неговата мирна рутина.

Нејзиното име е Али Хамилтон, таа има 29г., многу е богата и треба да се омажи за Лон Хамонд, кој е адвокат и нејзин свршеник последите четири години. Таа го запознала Ноах кога имала 15г., за време на летото кое таа и нејзиното семејство го поминале во Њу Берн. Тие се заљубиле но на крајот на летото Али морала да се врати во Винстон - Салем, а нејзината мајка загрижена за Ноах кој немал среќа ги криела писмата кои тој ги пишувал на нејзината ќерка. Одкако поминале неколку месеци без никаков знак од него, Али почнала да мисли дека Ноах не бил сериозно заинтересиран за неа, а Ноах после две години без никаков одговор прекинал да и пишува.

Нивната повторна средба после скоро 14г. вратила назад многу сеќавања и силни емоции кај двајцата. Али му објаснила дека ја видела реставрираната куќа во весник и дека едноставно морала да дојде ид а ја заврши нивната приказна како што треба пред да се омажи за Лон. Тие вечераат заедно и разговараат за нивните живот и иза минатото. Али ја сваќа вмешаноста на мајка и во нивната приказна и што би можело меѓу нив да се случи без неа. На крајот од ноќта, Ноах ја поканува Али да се врати следниот ден и ѝ ветува изненадување. Таа прифаќа. За тоа време, Лон безуспешно пробува да ја добие во хотелот и почнува да се загрижува.

Следниот ден, Ноах ја носи Али со кану кај едно мало езерце опкружено со лебеди и гуски.Таа е воодушевена. На враќање ги фаќа бура и завршуваат целосно накиснати. Кога ке се вратат во куќата, Али се пресоблекува и повторно разговараат за тоа колку важни си биле и колку сеуште се важни еден на друг. Тие се бакнуваат и водат љубов.

Следното утро , додека појадуваат, мајка и на Али чука на вратата. Таа имала предчувство дека Али е таму и сака да ја предупреди дека Лон се сетил на приказната за Ноах која ја чул во некој стар разговор со родителите на Али и дека тргнал кон Њу Берн. Таа ги враќа на Али писмата од Ноах и ѝ кажува дека и е жал за тоа што им се случило. Откако мајка и ќе си отиде, Али е растргната поради одлуката која треба да ја донесе. Таа е свесна дека го сака Ноах, но не сака да го повреди Лон. Ноах ја моли да остане со него, а таа сепак си оди. Таа плаче цел пат до хотелот, а кога ке пристигне таму почнува да ги чита писмата кои мајка и ѝ ги врати. Влегува во лобито на хотелот и го гледа Лон како ја чека.

Дјук прекинува да ја чита приказната и објаснува дека жената на која и чита е неговата сопруга која боледува од Алцхајмер. Таа не се сеќава ни кој е тој. Обајснува дека и тој е многу болен, по трет пат се боли со рак, со откажувањето на срцето и бубрезите и страда од тежок артритис на рацете. Го опишува нивниот заеднички живот, нејзината кариера како славен сликар, нивните деца, како старееле заедно и најпосле дијагнозата од Алцхајмер. Тој ја лаже за неговото име за да ја заштити: тој е Ноах, а таа е Али. Тие се шетаат заедно, иако таа не се сеќава кој е тој му кажува на Ноах дека можеби чувствува нешто за него.

Таа ноќ кога вечераат заедно и му кажува дека е убав, сигурно дека Али го одбира Ноах. Таа тогаш се присетува кој е тој и му кажува дека го сака. Тие се прегрнуваат и разговараат, но по скоро четири часа Али почнува да напичи и да халуцинира повторно заборава кој е тој.

По неколку дена Ноах има удар и е хоспитализиран. Кога ќе излезе чувствува слабост на десната страна. Вечерта на нивната 49та годишнина тој го чита писмото кое Али му го напишала кога ке ја добие дијагнозата за Алцхајмер и решава да оти и да ја види како спие во нејзината соба. Кога се буди, Ноах знае дека може да почне да вика и да паничи па затоа ја бакнува. Таа се сетува на него и приказната завршува кога таа почнува да ги раскопчува копчињата на неговата кошула.