The 4-Skins

Од Википедија — слободната енциклопедија

The 4-Skins се Ои! панк-рок бенд од „работничка класа“ од источниот дел на Лондон, Англија. Првично составени од Гери Хоџис (вокал), Хокстон Том Мекурт (гитара), Стив Хамер (бас гитара) и Гери Хитчкок (тапани) во 1979 и распаднати во 1984. Бендот сепак има нова постава во 2007 и 2008 година. Многу од нивните песни содржат насилни наслови. Останатите наслови на песни вклучуваат насилство од полицијата, политичката корупција, војна и невработеноста.

Првично членовите на бендот се знаат меѓу себе од фудбалските натпревари и од бендовите како Шем 69 и Менејс. Првите четири членови на бендот биле скинхедси, што и означува имаето на бендот. Сепак, Стив Пиер имал рокабили стил, а Хокстон Том кој бил сјудхед, бил главен предводник на заживувањето на модовите. Пред да го издадат деби синглот "Оне лоу фор дем", бендот учествува со песни на првите три изданија на "Ои! компилацијата", заедно со бендовите како Кокни Риџектс, Кок Спарер, Бизнис и Анелик Апстартс.петгодишната егзистенција на сцената, со исклучок на Хокстон кој бил вклучен во сите постави на бендот како басист и текстописец. Други поранешни членови на бендот се Рои Пирс кој бил фронтмен на бендот Ласт ризорт, и Пол Свејн како гитарист кој подоцна се приклучува на расистичкиот бенд Скрудрајвер.

Во 2007, бендот се реоформува со двајца оригинални членови, вокалот Гери Хоџис и басистот Стив Хармер, потоа гитаристот Мик Џегус и тапанрот Енди Расел од Кокни Риџектс. Оваа постава сними две песни и тоа, "Каос 2007" и "Глори дејс", наменети за компилацијата "Кингс оф стритпанк", издадена од независната музичка куќа "ГР Лондон".

Во 2008 Ходџис ја формира новата верзија на бендот под името Гери Хоџис - 4 Скинс, вклучувајќи ги членовите на Индесент Експоџр, Том Бренан(гитара) Грахам Бекон(бас) и Седџ Светон(тапани). Оваа постава настапи трипати и тоа еднаш во Берлин на "Панк енд Дисордедли" фестивалот, потоа во Алентаун, Пенсилванија на "Ист кост Ои! фест", и како хедлајнери на "Блакпул рибелион панк фестивал" во август 2008. Две нови снимани песни се поставени на официјаниот веп портал на бендот 4 Скинс. Двете се преработки на песните од Слејд и тоа "Кам он фил д нојз" и "Тенкс фор д меморис". После ова, бендот одлучи да продолжи со снимање и со правење турнеи. На 4 Април 2010,бендот го издаде студискиот албум "Д Ретрн", за германската издавачка куќа "Рандале Рикордс".