Tekken (серијал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Tekken (јапонски:鉄拳) е јапонски серијал борбени видеоигри развиени од компанијата Namco. Оригинално создадени како аркадни игри, адаптирани верзии од игрите постојат и за играчките конзоли: PlayStation, PlayStation 2, PlayStation Portable, PlayStation 3, Xbox 360, WonderSwan, и Game Boy Advance. Приказната во секоја игра од серијата (со исклучок на играта Tekken Tag Tournament) ги следи случувањата и настаните на фиктивниот турнир во боречки вештини - The King of Iron Fist Tournament. Турнирот е секогаш хостиран од финансиската корпорација наречена „Mishima Zaibatsu“, наградата на турнирот обично е добивање на контрола над компанијата (кој потоа станува домаќин на следниот турнир). Аркадните верзии од Tekken игрите традиционално користат хардвер базиран на PlayStation конзолите за секоја игра, и заради тоа секоја аркадна верзија беше адаптирана за соодветната PlayStation конзола во тоа време.

Игри од серијалот[уреди]

Листа на секоја игра од серијалот со годината во која оргиналната верзија беше издадена во аркадите.

Историја на серијалот[уреди]

Tekken серијалот е еден од најраните 3D борбени видеоигри, со првата верзија реализирана помалку од две години по Virtua Fighter. Постојат шест продолженија на оригиналната игра: Tekken 2, Tekken 3, Tekken Tag Tournament, Tekken 4, Tekken 5 и Tekken 6. Подобрувања на игрите Tekken 5 и Tekken 6, насловени како Tekken 5: Dark Resurrection и Tekken 6: Bloodline Rebellion, исто така беа реализирани.

Tekken серијалот, исто така, ја вклучува и играта Tekken Advance, (верзија од играта Tekken 3, адаптирана за играчката конзола GameBoy Advance), која беше објавена во 2001 година. Сепак, компанијата Namco не реализирала некој друг Tekken наслов за GameBoy конзола потоа. Тоа се должи на ексклузивниот договор со компанијата Sony за нивната PlayStation платформа. PSP верзија од играта Tekken 5: Dark Resurrection преименувана како Tekken: Dark Resurrection, беше реализирано во Јапонија и САД во 2006 година. Европската верзија од оваа игра беше реализиранана 15 септември, 2006.