Tears in Heaven (песна на Ерик Клептон)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Tears in Heaven“ (мак.„Солзи во Рајот“) е балада напишана од Ерик Клептон и Вил Џенингс во која се опишува болката на Клептон предизвикана од смртта на неговиот четиригодишен син[1] Конор, кој падна од прозорец на 53 спрат од една зграда во Њујорк, на 20 март, 1991. Станот беше во сопственост на пријател на неговата мајка. Клептон, кој пристигна во апартманот брзо по несреќата,[2] беше видно вознемирен со месеци на мајката на неговото дете.[1] Ова е една од најуспешните песни на Клептон, достигнувајќи го #2 на „Billboard Hot 100“ списокот на синглови во САД. Песната, исто така, се задржа три недели на првото место на „American adult contemporary chart“ во 1992 година. Вил Џенингс, кој работеше со Клептон на песната, најпрво одбиваше да му помогне на Клептон[2]за ваква семтиментална и персонална песна. Песната првично беше објавена како главна музика во филмот „Rush“ и освои 3 Греми Награди за „Песна на годината“, „Снимка на годината“ и „Најдобра машка вокалистичка изведба“ во 1993.

„Ерик и јас бевме ангажирани да напишеме песна за филмот „Rush“. Напишавме песна наречена „Help me up“ за крајот на филмот... тогаш Ерик виде уште еден дел од филмот погоден за песна и ми рече, „Сакам да напишам песна за моето момче“. Ерик веќе го имаше напишано првиот стих од песната, кој, според мене, е целата песна, но тој сакаше јас да го напишам остатокот од песната и издавањето (Time can bring you down, time can bend your knees…), иако јас му напоменав дека тоа е толку многу персонално што би требало тој да напише се. Тој ми рече дека ми се восхитува на изработките кои ги работев со Стиви Винвуд и тука веќе немаше што да се каже и остануваше само да направам како што тој бараше, без оглед на чувствителноста на предметот. Оваа песна е толку лична и толку тажн што е специфична за моето искуство во пишувањето песни .“ – Вил Џенингс[3]

[3]

Клептон престана да ја свири во 2004 година, исто како и оесната „My Father’s Eyes“.

„Не чувствував повеќе загуба, која е голем дел од изведбата на тие песни. Јас стварно морав да се поврзам со чувствата кои беа таму кога ги пишував песните. На некој начин ги снема и стварно не сакам да се вратат поторно. Мојот живот сега е поинаков. Изгледа на нив им треба одмор, а јас можеби ќе ги претставам во по оддалечена гледна точка. “

Позиции на музичките листи[уреди | уреди извор]

Листа Позиција
New Zealand Singles Chart 1
Irish Singles Chart 1
U.S. „Billboard“ Hot 100 2
UK Singles Chart 5
Swiss Singles Chart 7
Austrian Top 40 10
Dutch Top 40 13

Преработки[уреди | уреди извор]

  • Во албумот од 1993, „Devotion“, саксофонистот Варен Хил направи преработка на оваа песна.[4][5]
  • Шерон Озборн организираше повеќе пејачи, вклучувајќи го нејзиниот сопруг, Ози Озборн, и нејзината ќерка, Кели Озборн да направат преработка на оваа песна по Цунамито во Индија.[6]
  • Пол Анка во неговиот албум, „Rock Swings“, во 2005.
  • Деклан Галбреит во неговиот албум, „Thank You“, во 2006.
  • Шерил Климонс од „SWV“ и нејзината мајка Лејди Тиба Кембл ја преработија оваа песна како дует во 2001 година во албумот „Rhythm & Spirit“.
  • Ерон Хал во неговиот албум „Adults Only“.
  • Џеф Берлин во неговиот албум „Taking Notes“ од 1997.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Tears in Heaven" entry at Snopes.com
  2. Interview with Lory del Santo
  3. 3,0 3,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-13. Посетено на 2011-02-13.
  4. Devotion - Warren Hill from Billboard.com
  5. Devotion 1993 from Answers.com
  6. [1] Архивирано на 6 јуни 2011 г. from contactmusic.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]