T-Mobile

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


T-Mobile
Тип дел од Deutsche Telekom
Oснована 1990 година
Седиште Германија Бон, Германија
Клучни личности Hamid AkhavanГлавен Директор
Katharina HollenderГлавен Финанскиски раководител
Дејност Бежични услуги
Производи GSM, GPRS, EDGE, UMTS (HSDPA), WLAN Hotspots(WiFi), T-Mobile HotSpot @Home
Портал www.t-mobile.net

T-Mobile е мобилен оператор со седиште во Бон, Германија, кој е дел од Deutsche Telekom. Присутен е во Соединетите Американски Држави и во Европа, каде што работат во ГСМ мрежа. Името Т-Mobile е составено од буквата "Т" од зборот "Телеком" и зборот "Mobile". Во Европа главно се наоѓа во државите од централниот и источниот дел на континентот. Поседува над 101 милиони корисниции преставува еден од водечките лидери во светот, во областа на мобилната телефонија. Главни конкуренти на европскиот пазар на Т-Мобиле се: O2 и Vodafone.

Земји каде што е присутен Т-Мobile[уреди]

T-Mobile е присутен во единаесет европски земји плус во САД.

  • Германија - Т-Mobile D поседува 32 милиони корисници во оваа земја. Оттука започнува со работа и брендот на Т-Mobile.
  • Хрватска - Т-Mobile навлегува на хрватскиот пазар во 1999 година, со влегување во Хрватскиот телеком. Мобилниот оператор Cronet се менува и се вика најпрво HTmobile, а во 2004 се преименува и го добива името T-mobile Croatia. Поседува над 2,1 милиони корисници.
  • Чешка - Мобилниот оператор Paegas во 2006 година се ребрендира и го добива името од брендот на Т-Mobile - T-Mobile Czech Republic и има над 4,6 милиони корисници во оваа земја.
  • Унгарија - Во Мај, 2004 година, поранешниот мобилен оператор Westel (дел од унгарскиот телеком Матав) е преименуван во Т-Mobile Magyarország. Во оваа земја голем број корисници ( на 4,2 мил. ) ги користат услугите на овој оператор.
  • Македонија - Во Република Македонија, Т-Мobile Македонија беше познат како МобиМак. Оваа компанија постои од 1996 година, и во септември 2006 год., МобиМак станува дел од T-mobile семејството. Денес поседува над 1,1 милиони корисници во оваа земја и преставува најстар оператор во Р.Македонија.
  • Црна Гора - Во 2006 година, црногорскиот мобилен оператор MoNet се ребрендира во Т-Мobile Montenegro.
  • Австрија - Т-Mobile Austria поседува над 3,2 милиони корисници во оваа земја.
  • Холандија - Т-Мobile Netherland е вториот по големина оператор во оваа земја и поседува над 2,3 милиони корисници.
  • Полска - Т-Mobile поседува над 90 проценти од полскиот мобилен оператор Еra. Во 2008 треба да се изврши промена на името на операторот од Era во T-mobile Polska. Поседува над 13 милиони корисници.
  • Словачка - Т-Mobile влегува на пазарот во 2005 година. Мобилниот оператор EuroTel се преименува во T-Mobile Slovensko. Поседува над 2,0 милиони корисници во оваа земја.
  • Велика Британија - T-Mobile UK порано беше познат како "One 2 One". Претставува прва светска мрежа со сигнал ГСМ 1800 која започнува со работа во 1993 година. Некогаш мал моб. оператор во оваа земја, сега е третиот по големина оператор покарај О2 и Vodafone, со околу 19,000,000 корисници.
  • САД - Пред да биде променет во T-Mobile USA, американскиот мобилен оператор се нарекувал VoiceStream Wireless или Powertel. Во 2001 година VoiceStream е купен од Германскиот Телеком и во 2002 год. го добива името Т-Мobile. овој оператор има над 28 милиони корисници во Америка.