Sunset Strip

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сансет стрип“ е името на дел од булеварот „Сансет“ долг 2,4 км што минува низ Западен Холивуд, Калифорнија. Започнува од источната граница на Западен Холивуд со Холивуд кај булеварот „Кресент хајтс“ и се протега до неговата западна граница со Беверли Хилс кај ул. „Дохени“. „Сансет стрип“ е познат по големиот број бутици, ресторани и рокерски и ноќни клубови, кои се во првите редови на забавната индустрија. Прочуен е и по неговите огромни и разнобојни рекламни паноа и по тоа што е место каде што излегуваат и се дружат рокерските и филмските ѕвезди.