Sporting News

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Спортинг Њуз (Спортски Вести) е американски спортски магазин. Основан е во 1886 година и прерасна во доминантен весник покривајќи ги бејзбол настаните толку многу, по што го доби неговиот прекар “Библијата на бејзболот”. Во сопственост е на Шарлот, американски бизнис весник со седиште во Северна Каролина, подружница на Адванс Публикејшн. Спортинг Њуз моментално покрива седум главни спортови: Професионалната Лига за Бејзбол на САД, Националната Кошаркарска Асоцијација на САД, Националната Лига за Рагби на САД, Националната Лига за Хокеј на САД, Наскар, Универзитетска Лига за Бејзбол и Рагби, со повремен осврт и на други спортови. Прославувајќи 122 години од постоење како неделно издание, списанието се преориентира да излегува во продажба на секои две недели во 2008 година. Истата година, пушти во употреба дневен интернет весник, Спортинг Њуз Тудеј.

Историја[уреди]

Основачот на Спортинг Њуз е Алфред Х. Спинк, директор на Сент Луис Браунс и поранешен дописник на дневниот весник Мисури Републикан. Димензиите на весникот беа 47 со 56 cm, на осум страници, со цена од пет центи. Браунс беа шампиони во Американската Бејзбол Асоцијација, една од двете најголеми лиги во бејзбол, освојувајќи го шампионатот во спорната завршница во 1885 година против регионалниот ривал Чикаго, но и неприкосновениот трофеј освоен 1886 година. Во меѓувреме неделните магазини Клипер и Спортинг Лајф беа сместени во Њу Јорк и Филаделфија. До Првата Светска војна, Спортинг Њуз ќе биде единствениот весник за бејзбол. Ал Спинк му ја препушти работата на неговиот брат Чарлс кој беше бизнис - менаџер, преку продавање на неговите акции, за конечно и да се откаже и од пишување и работа во 1899 година. Во поголемиот дел од 20-от век Спортинг Њуз не беше многу познат, каде што весникот излегуваше во црно - бели страници во обичен формат. Меѓутоа тој беше единствениот двигател кој ги хранеше љубителите на спортот со информации, следејќи ги настаните на спортски тимови низ целата држава. На пример, секоја недела тој пушташе во продажба табела со резултати и сиже на секој одигран бејзбол натпревар во првенствената лига и многубројните помали првенства. Слично на ова, секоње издание во себе содржеше извештаи за секој бејзбол тим од најсилната лига, обично напишани од локални дописници на места каде што постоеја и тимовите. Френклин Гритс, Чироки артистот, работеше во Спортинг Њуз како уметнички директор од раните 50-ти се до средината на 70-те. Фамилијата Спинк го продаде Спортинг Њуз на Тајмс Мирор во средината на 80-те. Исто така во овој период компанијата почна со издавање на годишни прегледи за професионален и универзитетски рагби натпревари, професионална и универзитетска кошарка, бејзбол и хокеј. Со доаѓањето на националните спортски медиуми во 80-те како што се УСА Тудеј, и ЕСПН, и сеопфатни интернет страни кои беа водени од најголемите спортски првенства во 90-те, поради тоа Спортинг Њуз ја загуби својата уникатна улога. Како последица на ова, весникот се видоизмени како во изгледот така и во нејзината содржина. Табелите со рењзултати беа укинати кон крајот на 80-те, но сеуште беа достапни за тие што беа претплатници на весникот, но како посебно издание. Интернет изданието на Спортинг Њуз Тудеј ја оживеа традицијата во известување на резултати. Во 2001 година се стекна со сопственост на спортска радио станица, нарекувајќи ја Спортинг Њуз Радио. Истата година, беше купена од страна на фирмата Пол Ален Вулкан. Во септември 2006 година, Американ Сити Бизнис Џурналс го купи Спортинг Њуз и нејзината интернет страна. Со смената на сопствениците, компанијата престана со своите издавачки активности. Во 2006 година “Прирачникот за Бејзбол”, годишното издание на Спортинг Њуз кое постои од 20-те, престана да се издава. “Регистарот за Бејзбол” кој постои уште од 40-те, во 2007 година престана да излегува. “Книгата за рекорди во Бејзболот” беше достапна само преку интернет. Ниту една од овие три публикации не беше издадена во 2008 година. Во 2011 година, Спортинг Њуз го назначи Гери Д. Хауард како главен и одговорен уредник на весникот, Спортинг Њуз Тудеј и интернет Страната. Хауард пристигна во весникот од Милвоки Џурнал Сентинел, каде што беше спортски уредник. Хауард исто така беше и претседател на Асоцијацијата на спортски уредници на весници. Како резултат на реорганизацијата во весникот во 2011 година, Бенсон Тејлор беше назначен за уредник на Спортинг Њуз магазинот и Пол Каско беше назначен за уредник на Спортинг Њуз Тудеј и интернет страната на магазинот.