Slitaz

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
SliTaz desktop 1.0

Slitaz е оперативен систем за десктоп компјутери, лаптоп компјутери и сервери. Софтверскиот проект е започнат во 2006 година од Кристоф Линколн. Претставува Линукс дистрибуција со root filesystem кој зафаќа околу 100 мб, и ISO Image од 30 мб. Во април 2008 беше една од најмалите Линукс дистрибуции. Slitaz стартува или од CD или од USB Flash диск во LXDE десктоп, кој работи на XVesa и користи BusyBox за сите основни функции. Има голем избор на десктоп и restore софтвер, и може целосно да биде стартуван во RAM меморија (колку што дозволува просторот) или може да биде инсталиран на хард диск.

Именување[уреди]

Simple Light Incredible Temporary Autonomous Zone

Историја[уреди]

После 1 година развој, на 16.04.2009 излезе Slitaz 2.0. Slitaz споделува многу заеднички цели со Damn Small Linux, меѓутоа е помал и базиран на поновиот линукс кернел 2.6.25

Апликации[уреди]

  • Веб опслужувач LightTPD (со ЦГИ и ПХП подршка)
  • Mozilla Firefox
  • Alsa миксер, звучен плеер и ЦД енкодирање
  • Разговор, пошта и ФТП клиенти
  • ССХ клиент и опслужувач (Dropbear)
  • База на податоци (SQLite)
  • ЦД и ДВД алатки за гравирање, измени, и сл.
  • Елегантна работна површина (JWM)
  • Повеќе од 450 пакети

Досегашни верзии[уреди]

Logo
Верзија Излезено на
2.0 април, 2009
1.0 март, 2008

Дополнителни информации[уреди]

SliTaz desktop 2.0