Skin o' My Teeth

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Skin o' My Teeth“
Megadeth - Skin O' My Teeth.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот Countdown to Extinction
Издаден јануари, 1993
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 6 јануари - 28 април, 1992 год.
Жанр Хеви метал
Должина 3:14
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Макс Норман и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Sweating Bullets
(1993)
Skin o' My Teeth
(1993)
Angry Again
(1994)

Skin o' My Teeth е последниот сингл на Мегадет од нивниот мулти-платинест албум Countdown to Extinction. Песната, напишана од Дејв Мастејн, говори за неуспешните обиди за самоубиство. Имено, и фразата skin of my teeth на англо-американски означува ситуација кога некој „за влакно“ ја избегнал смртта. Со темпо од 196 битови во минута, оваа песна е една од најбрзите на албумот. Во продолжение следи прилог за тоа како Мастејн ја толкува оваа песна:

Кога MTV (музичкиот канал) го прочитаа текстот, одбија да ја емитуваат песнава бидејќи помислија дека промовирам самоубиства. Ни требаше долго време за да ги испегламе разликите со телевизијата и да им ја објасниме суштината на песната. Не сакав да снимиме спот за песна која нема да ја прикажуваат. Тие ми рекоа дека ќе ја пуштат во етер, колку и да е радикална, само ако изјавам дека текстот не се однесува на самоубиство. Тоа впрочем и го изјавувам.

Дејв Мастејн, 1992 год.[1]

Оваа нумера е за тоа колку пати сум се обидел да се самоубијам, но не сум можел да ја завршам работата докрај. Следува „Skin o' My Teeth“.

Дејв Мастејн, за време на концерт, 1992 год.[1]

Ова е за луѓето кои го сакаат да завршат со животот, но немаат храброст да се соочат со смртта. Знаете, исто кога си сечат вени, но не доволно длабоко. Или кога сакаат да ги удри автомобил, ама на крај завршуваат само со скршена нога или нешто слично.

Дејв Мастејн, за време на концерт, 1992 год.[1]

Оваа песна во никој случај не поттикнува самоубиство. Животот е досаден и затоа луѓето стануваат дебели и мрзеливи. Ова е „Skin o' My Teeth“.

Дејв Мастејн, за време на концерт, 1992 год.[1]

Интересно ни беше додека го правевме видео записот. Свиревме во еден ноќен клуб во Чикаго кој се викаше Метро. Филмска публика беа група манијаци кои трчаа околу бината како бикови. Беше невозможно да не се смееме на момците кои се однесуваа како лудаци.

Марти Фридман, 2002 год.[1]

Застапеност во музичките изданија и преработки[уреди]

Бината пред концертот на Мегадет и Слеер во Киев (март, 2011)

Песни на винил изданијата[уреди]

7" Skin o' My Teeth (ВБ) (со Megadeth Game Board) :-

  1. „Skin o' My Teeth“
  2. „Holy Wars... The Punishment Due“ (микс на ДЏ Генерал Шварцкоф)

10" Skin o' My Teeth (ВБ) (со Megadeth Game Pieces) :-

  1. „Skin o' My Teeth“
  2. „Holy Wars... The Punishment Due“ (микс на ДЏ Генерал Шварцкоф)
  3. „High Speed Dirt“ (во живо)
  4. „Мастејн зборува за Megadeth Game

ЦД Skin o' My Teeth (ВБ) (со Megadeth Game Spin Disc) :-

  1. „Skin o' My Teeth“
  2. „Lucretia“ (во живо)
  3. „Skin o' My Teeth“ (во живо)

ЦД Skin o' My Teeth (ВБ) (со Megadeth Game Pass Disc) :-

  1. „Skin o' My Teeth“
  2. „Holy Wars... The Punishment Due“ (микс на ДЏ Генерал Шварцкоф)
  3. „High Speed Dirt“ (во живо)
  • Песните во живо беа снимени во музичкиот театар Alpine Valley, Висконсин, на 23 мај, 1992[2]

Музички персонал[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]