Skazi

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Skazi

Asher Swissa (лево) и Assaf B-Bass (десно)
Биографски податоци
Потекло Хајфа, Израел
Жанрови Психоделичен транс
Дарк псај-транс
Период на активност 1998–досега
Издавачи Chemical Crew
Членови
Asher Swissa
Assaf B-Bass

Skazi е израелска психоделична транс група, формирана во 1998 година, со двајца членови: Asher Swissa и Assaf B-Bass.

Историја[уреди]

Skazi (Ашер Свиса и Асаф Б-Бас) започна тренд на поставување на нивниот стил на софт псај-транс електро панк во 1998 година. Првиот транс албум "Animal", беше издаден во септември 2000 година. Бидејки претходно бил во локалната панк и хардкор сцена, Skazi прави комбинација на живи гитарски рифови и хардкор тек звуци. Додека музиката беше мешана со други псај-транс стилови, таа исто така беше почувствувана да се сподели со елементи на хард хаус и техно.

Skazi продуцираше четири компилации помеѓу 2001 и 2004 година ( "Zoo1", "Zoo2", "Zoo3" и "Most Wanted"). Skazi има направено многу соработки со други артисти.

Од комбинираната продукција на ЦД-то "Animal", Assaf B-Bass му се приклучи на Asher како втор член на бендот. Swissa Asher се уште често се нарекува "Skazi" и покрај тоа што Skazi официјално е дуо. Assaf B-Bass, исто така е A&R за последната инкарнација на издавачката куќа на Skazi, Chemical Crew.

Skazi главно настапува на големи псај-транс фестивали во земји како: Израел, Јапонија, Бразил, Мексико, Гватемала, Германија, Грција, Србија, Јужна Африка, Швајцарија, Холандија, Португалија, Австралија, Русија, Индија, Шпанија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Унгарија, Данска, Шведска и други земји.

Дискографија[уреди]

  • Animal (Shaffel Records, 2001)
  • Zoo1 (издаден октомври 2001)
  • Storm (Shaffel Records, 2002)
  • Zoo2 (издаден јануари 2003)
  • Zoo3 (издаден јануари 2003)
  • Animal in Storm (специјално изданиде, дупло цд)
  • Most Wanted (издаден јануари 2003)
  • Total Anarchy (издаден 29 јуни 2006)
  • out of space 'lal n neil'

Надворешни врски[уреди]