Scale-free мрежи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Scale-free мрежа претставува забележителен тип на комплексна мрежа бидејќи многу „реални мрежи“ припаѓаат на оваа категорија.Поимот „реални мрежи“ се однесува на било кој феномен кој ги има теоретските карактеристики на мрежа (на пр. социјална мрежа, компјутерска мрежа, невронска мрежа, епидемија).

Кај scale-free мрежите, некои јазли се однесуваат како „силно поврзани центри“ (со голем степен), иако поголемиот број на јазли се со мал степен. Структурата и динамиката на scale-free мрежите се независни од големината на системот N, што претставува број на јазли кои ги има системот. Со други зборови, мрежа која е scale-free ќе ги има истите карактеристики без разлика на бројот на јазли кои ги има. Овие мрежи се карактеристични по тоа што распределбата на степените е според Yale-Simon распределбата - врската за законот за степен кој е дефинирана со

 \mathbf{P(k) \sim k^{- \gamma}},

каде веројатноста P(k) дека јазолот во мрежата е поврзан со k други јазли е приближно пропорционална со k−γ и оваа функција дава приближно добри резултати за набљудуваните податоци. Коефициентот γ може да варира апроксимативно од 2 до 3 за повеќето реални мрежи, но сепак во некои случаи неговата вредност може да биде и помеѓу 1 и 2 [1].

Наводи[уреди]

  1. Seyed-allaei, Hamed; Ginestra Bianconi, Matteo Marsili (2006). „Scale-free networks with an exponent less than two“. „Physical Review E“ 73: 046113. doi:10.1103/PhysRevE.73.046113.