Rennata

Од Википедија — слободната енциклопедија
Rennata
Родено имеРената Кралевска
Познат(а) и какоRennata
Роден(а)6 март 1990
ПотеклоМакедонија
Занимањапејач
Период на активност1997 - денес
ИздавачиSky Eye Entertainment

Рената Кралевска, попозната како Rennata (6 март 1990, Скопје, Македонија) — македонска пејачка и текстописец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рената е родена на 6 март 1990 година во Скопје, Македонија. За првпат на музичката сцена се појавила во 1997 година, на нејзина 7 годишна возраст во популарното шоу 1+2, каде ја отпеала „Нека ми не сване“ од Данијела Мартиновиќ. Истата година се појавила во Сител Бамбини на Сител-телевизија со нејзината песна „Роденденска желба“. Во 1998 настапила на фестивалот за оригинална македонска музика „Тетовски филиграни“ со нејзиниот хит „Не го барајте“ каде освоила две награди, за најмлад изведувач и најдобра интерпретација. По неколку години, поточно во 2003 година, Рената ја издала својата песна „Сакам да сум“ и со неа учествувала на Детскиот евровизиски фестивал. Автор на песната била една од девојките која пеела со Рената, а аражманот бил на Кире Костов. Подоцна, во 2005 и 2006 го претставувала нејзиното средно училиште СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ на Француски Фестивал со песните „Comme toi“ од Алабина и „Aimer jusqua limpossiblе“ од Тина Арена. После 3 години, Рената зела учество на македонскиот музички фестивал Макфест со RnB баладата „Не го барајте“ на 5 ноември 2009, продуцирана од Јован Јованов, а напишана од Елвир Мекиќ. Следната година ја издала песната „Заводлив глас“ (Seducing voice), напишана од Рената, а продуцирана од Јорданчо Василковски – Оцко. Истата година Рената потпишала соработка со Sky Eye Entertainment. Наскоро Рената почнала да се пробива не само на македонскиот, туку и поширокиот музички пазар. Првата песна со новата продукција била „I can take you here“, продуцирана од Зоран Алексиќ. Летото 2012 година ја издала песната „Time, time“, која забележала одличен успех, како и песната „Please Stay“. Рената била првиот изведувач од регионот која поседувала VEVO канал како дел од Youtube платформата. „Because I love you“ било првото видео лансирано на брендираниот канал. Еден месец подоцна, првото официјално видео на Рената, „Please stay“ било промовирано. Рената доживеала голем успех и станала првиот балкански изведувач чии песни биле изведени на над 7000 радија низ целиот свет. „Trust your feelings“ и „West side story“ биле следните синглови. Видеото за „West side story“ било објавено во октомври 2015 година.[1]

Рената е студентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот за соло пеење.[2]

Синглови[уреди | уреди извор]

  • I Can Take You There - 2011
  • Time, Time - 2012
  • Because I Love You - 2012
  • This Christmas Night - 2012
  • Please Stay - 2013
  • Trust Your Feelings - 2014
  • West Side Story - 2015
  • Queendom - 2017

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Iam Rennata Official | Queendom available Now on iTunes“. iamrennata.com. Посетено на 2022-05-03.
  2. „Што прави денеска: Рената Кралевска, пејачка и текстописец“. Слободен печат. 2022-02-16. Посетено на 2022-05-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]