Царче

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Regulidae)
Царчиња
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Подред: Песнопојни
Семејство: Царчиња
Род: Царче
Cuvier, 1800
Видови

Види го текстот.

Царчето (науч. Regulus) — една од најмалите птици во Македонија. Овој род припаѓа на сопственото семејство царчиња (Regulidae), во состав на песнопојните.

Облик[уреди | уреди извор]

Има дебело кусо тело и тенок шилест клун. Горната страна од телото е покриена со темнокафеави пердуви, а крилјата и многу тенката исправена опашка се пругави. Градите и стомакот се посветли. Не е подолго од 10 см.