Лутичиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ranunculaceae)

Лутичињата (науч. Ranunculaceae) — семејство на цветни растенија. Името на ова семејство е изведено од основниот род Ranunculus (лутиче). Освен овој род, други членови на семејството се и Anemone (сасата), Aconitum и Clematis. Името ranuncula е доцнолатински израз за "мала жаба", деминутив од rana (жаба).

Според податоците на Кралските ботанички градини од Лондон, ова семејство се состои од 51 до 88 родови со околу 2.500 видови. По бројност, најважни родови се Ranunculus (600 видови), Delphinium (365 видови), Thalictrum (330 видови), Clematis (325 видови) и Acontium (300 видови).

Лутичињата можат да се најдат насекаде низ светот, но најчести се во умерените и ладни области на северната полутопка. Семејството опфаќа многу украсни растенија кои потекнуваат од Хималаите, од кои некои се со лековита вредност.

Морфологија[уреди | уреди извор]

Лутичињата се јавуваат како тревести растенија, грмушки или лијани. Стеблата се со концентрични спроводни снопчиња или, пак, тие се расфрлени во стеблото. Присутни се алкалоиди од типот на ранункулин или некои тритерпеноидни сапонини. Листовите се последователни и спирално поредени на стеблото, прости или сложени, а нерватурата е палматна или пинатна.

Соцветијата се со симподијален раст, а понекогаш се редуцирани до еден цвет. Цветовите се најчесто хермафродитни, со радијална или билатерална симетрија, цветните дршки се кратки или долги. Околуцветните елементи обично не се триделни. Чашкините ливчиња се најчесто 5 и се слободни, што е исто и за венечните. Базалниот дел од околуцветникот најчесто произведува нектар (веројатно од стаминодиите, односно стерилни прашници). Прашниците се многубројни, додека поленот е триколпатен. Плодните листови се обично 5 или повеќе, често редуцирани до 1, многу често слободни. Плодникот е натцветен, додека плацентацијата е странична. Плодот е во вид на збир од оревчиња, а кај некои претставници бобинка.

Цветната формула на лутичињата е: * K2-5 C5 A ∞ G∞

Цветни дијаграми на: A Anemone nemorosa, B Adonis autumnalis, C Aconitum napellus, D Aquilegia vulgaris, E Cimicifuga racemosa.

Систематика[уреди | уреди извор]

Anemone narcissiflora.

Ова семејство е прифатено од сите таксономи и од APG системот. Таа е дел од редот Ranunculales во кладот на вистински дикотиледони (Eudicota).

Следниот кладограм е даден од страна на APG II системот кој се основа на скорешната молекуларна филогенија.




Glaucidoideae



Hydrastidoideae





Coptoideae




Ranunculoideae



Thalictroideae





Поважни родови[уреди | уреди извор]

Clematis vitalba (повит).

Лутичињата како мотив во уемтноста[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 10.