Put in bay

Од Википедија — слободната енциклопедија

Путин Беј (Put-in-Bay) е село сместено на островот Саут Бес (South Bass Island), во населеното место Путин Беј, округ Отава, Охајо, САД. Многумина веруваат дека името потекнува од некои рани мапи од островот Саут Бас на кои пристаништето било именувано како Пудинг Беј, веројатно поради тоа што имал форма на вреќичка од пудинг. Населението во пописот во 2000 година изнесувало 128 жители. Селото одиграло значајна улога во војната 1812 година, како локација на ескадрилата на американскиот поморски командант Оливер Хазард Пери, кој испловил од пристаништето на 10 септември 1813 година за да се вклучи во Британската ескадрила северно од островот во битката на езерото Ири. Селото е популарна летна и рекреативно одредиште. Траектите го поврзуваат островот со островот Катаба, островот Келис, Порт Клинтон и Сандаски, Охајо.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Путин Беј се наоѓа 24 км северозападно од Сандаски, на 41°39'11" северно и 82°49 западно. Според Американското биро за попис, селото има вкупна површина од 1,6 км2, од кои 1.3 км2 од островот е земја и 0.52 км2 е вода.

Демографија[уреди | уреди извор]

На пописот од 2000г. во селото имало 128 луѓе од кои 67 домаќинства и 36 фамилии кои живееле во селото. Густината на населението изнесувало 279,2 жители на километар квадратен. Постоеле 179 станбени единици со густина во просек околу 390,5 од километар квадратен. Во однос на расната поделба во селото живееле 99,22% бело население и 0,78% од другите раси. Постоеле вкупно 67 домаќинства од кои во 16,4% имало деца под 18 години кои живееле со нив, 49,3% биле двојки во брак кои живееле заедно, 4,5% биле женски домаќинства без присуство на маж и 44,8% не живееле во фамилии. 41,8% биле домаќинства создадени од поединци и 6,0% биле составени од некој кој живеел сам и имал 65 години или повеќе. Просечната големина на домаќинствата била 1,91, а просечната големина на семејството била 2,59. Селото имало природен пораст на населението од околу 15,6% на возраст од 18 години, 4,7% од 18 до 24 години, 25,8% од 25 до 44 години, 38,3% од 45 до 64 години и 15.6% кои имале 65 години или повеќе. Средната старост била 47 години. На секои 100 жени имало 124,6 мажи. На секои 100 жени со 18 години или повеќе имало 116.0 мажи. Средниот приход на едно домаќинство во селото бил 52,917 долари, а средниот приход на една фамилија била 80,000 долари. Мажите имале среден приход од 47,083 долари наспроти жените кои имале 38,750 долари. Приходот по жител во селото бил 35,301 долар. Никој од населението ниту пак фамилиите не биле под линијата на сиромаштија.

Туризам[уреди | уреди извор]

Примарна индустрија на островот како порано така и сега е туризмот. Сезоната на туризмот е помеѓу април и октомври. Најчести методи за транспорт до и од островот се фериботот, приватните хеликоптери и приватните бродови. Еден од најголемите хотели во светот, хотелот „Виктори“ ги отворил своите 625 соби за јавноста во 1892 година. Четирикатниот хотел бил опремен со 1000 места во трпезаријата. Меѓутоа на 14 август 1919 година огромниот хотел изгорел до темел. Денес само делови од основата можат да се видат на државното место за кампување. Во Путин Беј се наоѓа споменикот наречен “Победа на Пери и меѓународен мир” во чест на Оливер Хазард Пери кој на 10 септември 1813 година извојувал поморска победа над британските бродови во војната во 1812. Изградбата на споменикот започнала во 1912 година, а на 13 јуни 1915 година бил отворен за јавноста. Споменикот е висок 107 метри и е направен од 78 слоја на розов гранит, а врвот е направен од 11 тони бронзена урна. Неговата висина го прави највисоката отворена опсерваторија која е управувана од американската служба на националниот парк. Остатоците од шест воени офицери, тројца Британци и тројца Американци биле закопани под подот на споменикот. Други историски наоѓалишта:

  • Имотот Стоунхеџ - имот со објекти од 19 век кои се наоѓаат на списокот на Државната архива на историски места.
  • Пештерата “Пери” (Perry’s Cave) - пештера откриена од страна на Индијанците. Пери испратил луѓе во пештерата за време на војната во 1812 година (битката на езерото Ири). Во пештерата се наоѓа подземното езеро од кое луѓето на Пери добивале вода за пиење, откако претходно се разболиле откако пиеле вода од езерото Ири која била заразена од бактерија. Водата во пештерата била чиста и така тие си го вратиле здравјето и биле спремни да се вратат во битката.
  • Винаријата на “Хајнеман” (Heineman’s Winery) и “Kристалната пештера” (Crystal Cave)- најголемата геода во светот.
  • Островската историска заедница на езерото Ири- 6.000 квадратни метри (560 m²) музеј каде што се сместени предмети, сувенири и генеолошки податоци поврзани со островите во езерото Ири.

Има околу 200 жители со полно работно време, од кои повеќето остануваат на островот и преку зимата. На островот преку зимските месеци еднаш неделно со хеликоптер се пренесувале залихи и стока со краток рок на траење заедно со пошта, пакети и вработените во единствената банка на островот и така сè до почетокот на пролетта. Таму има едно училиште кое се користи од градинка до 12-то одделение и е на располагање за учениците од островите Мидл Бес и Норт Бес. Овие ученици пристигнуваат на островот со хеликоптер или брод преку замрзнатото езеро во зависност од сезоната и временските услови. Во Путин Беј има една самопослуга, една железарија, едно училиште во која е сместена една взаемна библиотека, една бензинска пумпа, пошта, една банка и две гробишта. Таму има два лиценцирани ресторанти, Дери Квин (Dairy Queen) и Сабвеј (Subway), но нема кино. На островот нема болница, но има итна медицинска служба која користи хеликоптери за итна интервенција и за транспорт до медицинските центри на критично заболените пациенти. Тој се наоѓа на аеродромот во Путин Беј. Од 1952г. до 1959г., како и во 1963г., на островот се одржале трки долги околу 4,8км. Во 2011 година трките повторно се одржаа на островот. Привремениот пат поставен на аеродромот во Путин Беј за време на овој настан во 2011 година бил важен чекор за враќање на вистинското старомодно тркање со коли во 2012 година. Американските момчиња извидници секоја година кампуваат во областа на Споменикот за Пери.