Pull Me Under

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Pull Me Under
Омотот на сингл CD-то
Сингл на Dream Theater
Снимен 1992
Издаден Декември, 1991
Формат CD
Касета
Винил
Жанр Прогресивен метал
Времетраење 8:11
Издавач Elektra
Позиција на топ-листите
#10 (US Mainstream Rock)
Хронологија на синглови на Dream Theater
Претходен сингл
/
/
Следен сингл
Another Day
(1992)

Pull Me Under е сингл од албумот на Dream Theater од 1992 Податотекаs and Words. Тој е општоприфатен како најголем успех на групата досега. Песната се искачила на #10 на топ-листата Mainstream Rock Tracks на магазинот Billboard. Исто така била првата песна на „Images and Words“.

Забележителна карактеристика на песната е тоа што ѝ недостига конвенционален завршеток. Песната едноставно застанува, на сред нота, на 8 минути и 11 секунди. Ова ја нагласува тематиката на песната поврзана со ненадејната и неочекувана природа на смртта. Сепак, доколку се слушне песната подобро, се забележува дека нејзиниот завршеток е во 4/4 такт, нагласен во 3 и 4 на последниот такт по што следи тишина.

Текстот на песната се однесуваат на Шекспировиот Хамлет, и се раскажува од гледната точка на принцот Хамлет. Текстот на песната значително алудира на претставата и претставува ехо на желбата на Хамлет да се предаде на својата желба да се здобие со одмазда за неговиот татко, дури и по цена на неговиот здрав разум.

Скратена верзија на песната (во траење од 4:48) исто така се појавува на музички спот кој претставува мешавина од клипови на настапи на групата и нејасна приказна за некого, кој е често опишуван од членовите на групата и фановите како „човек-волк“. Членовите на групата не биле задоволни со приказната, велејќи дека таа нема ништо поврзано со темата на песната. Пејачот Џејмс ЛаБри може да биде виден носејќи маица од Napalm Death на спотот. [1]

Dream Theater
Џејмс ЛаБри | Џон Мјанг | Џон Петручи | Мајк Портној | Џордан Рудес
Крис Колинс | Чарли Доминичи | Кевин Мур | Дерек Шерениан
Дискографија
Албуми и мини-албуми: When Dream and Day Unite | Images and Words | Awake | A Change of Seasons | Falling into Infinity | Scenes from a Memory | Six Degrees of Inner Turbulence | Train of Thought | Octavarium
Албуми во живо: Live at the Marquee | Once in a LIVEtime | Live Scenes from New York | Live at Budokan | SCORE
Видео и DVD: Images and Words: Live in Tokyo | 5 Years in a Livetime | Metropolis 2000: Scenes from New York | Live at Budokan | SCORE
Песни: Pull Me Under | Another Day | A Mind Beside Itself | The Glass Prison
Поврзани статии
Jelly Jam | Liquid Tension Experiment | MullMuzzler | Nightmare Cinema | OSI | Platypus | Transatlantic | True Symphonic Rockestra | YtseJam