Prototype (видеоигра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Prototype
Изработувач(и) Radical Entertainment[1]
Издавач(и) Activision[1]
Погон Titanium[2]
Подлоги Xbox 360, PlayStation 3, Microsoft Windows
Датум на издавање СА 9 јуни, 2009[1]
АВС 10 јуни, 2009[1]
ЕВР 12 јуни, 2009[3]
Жанр(ови) Акциска авантура, песочник
Режим(и) самостоен
Медиум ДВД, Blu-ray диск, преземање од интернет
Начин на
контролирање
Гејмпад, тастатура и глувче

Prototype е акциско-авантуристичка видеоигра изработена од Radical Entertainment и издадена од Activision. Играта е пуштена во продажба во Северна Америка на 9 јуни, 2009, во југозападните делови на Северна Америка и во Океанија на 10 јуни, и во Европа на 12 јуни.

Дејството во играта се одвива во градот Њујорк, каде што вирусна чума се шири низ Менхетн. Тие што биле инфицирани мутирале во страшни чудовишта. Американските Маринци, под управување на организацијата Блеквоч (Blackwatch) која се бави со „црни операции“ (black ops), има задача да ја стабилизира ситуацијата. Во центарот на случувањата е протагонистот, Алекс Мерсер, човек со способност за метаморфоза без сеќавања за неговото минато. Алекс има способност да апсорбира други личности, односно да ја презема нивната биомаса, сеќавања, искуства и физички изгледи. Паралелно со приказната на играта, играчот може да игра и во отворен свет, слободно шетајќи се низ Менхетн.

Многумина ја споредуваат оваа игра со Infamous, која била издадена еден месец претходно од Sucker Punch Productions, во која има суперхерој што развива моќи во отворен свет.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Брудвиг, Ерик. „Prototype Review“, IGN, 10 јуни 2009 (конс. 15 јуни 2009).
  2. Џеромин, Фок. „PCGH interview with Radical Entertainment about Prototype“, PCGamesHardware, 22 април 2008 (конс. 17 јуни 2009).
  3. Парчис, Роберт. „Activision sets firm Prototype date“, Eurogamer, 8 април 2009 (конс. 17 јуни 2009).

Надворешни врски[уреди]