Pro bono publico

Од Википедија — слободната енциклопедија

Pro bono publico (или скратено Pro bono) е фраза изведена од латинскиот и значи за јавно добро или за општо добро. Терминот генерално се користи да се опише професионална работа преземени доброволно и без плаќање како јавен сервис. Ова е вообичаено во правната професија, но сѐ почесто се користи во трговијата, технологијата, во консултантските компании и др. Pro bono сервисот, за разлика од традиционалното волонтерството, користи специфични вештини од професионалци за да се обезбедат услуги на оние кои не можат да си ги дозволат нив.

Во САД од адвокатите се бара да обезбедат педесет часови pro bono сервис во текот на годината.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]