Placenta praevia - заседната постелка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

За плацента превија зборуваме кога целата постелка или еден нејзин дел лежи на патот низ кој во текот на раѓањето треба да помине детето, т.е. во долниот тек на утерусот.

Плацента превија
Класификација и надворешни извори
Placta prv.jpg
Placenta previa
МКБ-10 O44, P02.0
МКБ-9 641.0, 641.1
MedlinePlus 000900
MeSH D010923


Причини[уреди]

Плацента превија настанува ако оплоденото јајце се нидира (вгнездува) во долниот пол на матката (примарна Hyperemesis gravidarum) или ако поради исцрпеноста на ендометриумот постелката станала поширока и секундарно се проширила во долниот дел на матката (секундарна плацента превија). Следните фактори ги зголемуваат шансите за да се јави:

  • Ако претходно сте имале царски рез: колку повеќе царски реза сте имале, има поголем ризик за појава на плацента превија;
  • aко сте имале некаква операција на матката или абортуси. Лузните на матката ги зголемуваат шансите за плацента превија;
  • aко сте имале плацента превија во претходната бременост;
  • aко сте бремени со близнаци , тројки итн;
  • aко пушите или употребувате кокаин;
  • aко сте во понапредната возраст.

Степени на плацента превија[уреди]

  • Комплетна плацента превија, кога грлото на матката е целосно покриено со плацентата;
  • делумна плацента превија, кога грлото на матката е делумно покриено со плацентата;
  • маргинална плацента превија, кога плацентата се наоѓа на работ на грлото на матката;
  • ниска плацента превија, кога плацентата се наоѓа во долниот дел на матката, но не го допира отворот;

степенот на плацента превија може да се одреди дури кога отворот од матката е отворен за два попречни прста.

Клиничка слика и дијагноза[уреди]

Ако бремената жена крвави во последното тромесечје од бременоста, предимно треба да се помислува на плацента превија. Главниот симптом на плацента превија е крвавењето кое настапува кон крајот од бременоста, најдоцна во првото родилно време . Имено, кон крајот на бременоста, односно во првото родилно доба се проширува долниот дел од утерусот каде што е вгнездена постелката (плацента превија). Постелката не е еластична , и не може да се шири и поради тоа таа неминовно се одлепува, настапува крвавење кое потекнува од мајката и од плодот. Поголемиот дел од крвта е од мајката, но во случлај да прсно поголем крвен сад од постелката, може да искрвари и плодот. Првото крварење обично е скудно, слично на она при застрашувачкиот абортус, а се повторува со различна силина во пократки или подолги интервали. Ако крварењето настапува дури во текот на раѓањето, тогаш е речиси секогаш многу силно . Матката при плацента превија е мека, нема болка, можат да се пипаат низ нејзиниот ѕид деловите на плодот. Честопати главата на плодот поради плацента превија е високо над влезот на карлицата, а не се ретки ни абнормалните и патолошките положби на плодот (попречни, коси). Покрај клиничката дијагноза, денес, со сигурност и безопасност, може да се постави точна дијагноза на плацента превија со uлтразвучна дијагностика.

Прогноза[уреди]

Плацента превија е една од најопасните компликации во бременоста.Крвавењето може да биде обилно не само во бременоста туку и раѓањето и непосредно по раѓањето (поради физиолошка атонија на долниот уринарен сегмент ). Пурепериумот често е фебрилен. Морбидитетот и морталитетот кај новороденчињата е изразито висок, абнормалните положби на плодовите и анемиите поради искрвареноста на мајката и плодот. Крајниот исход главно, зависи од кондицијата на мајката, траењето на бременоста и, особено од ефикасноста на болничкото лекување.

Лекување[уреди]

Во диспанзерите или дома потребно е да се предупредат бремените жени веднаш да се јават ако почнат да крвават. Таквите болни мораат веднаш да се упатат во болница без да се постави точна дијагноза. Тоа е најдобрата профилактична постапка, за да се спречат опасните по живот крвавења во домот на бремената жена или во диспанзерот. Ако крвавењето настапи дома, потребно е веднаш да се повика лекар. Ако состојбата е интна, треба и без лекарот да се однесе болната во болница. Добро е пред транспортот да и се даде инекција петантин или морфиум . Со прегледот во болницата првин се исклучуваат цервикалните причини за крвавењето, потоа се даваат седативи и трансфузија на крв. Честопати крвавењата се смируваат и може да се сочека барем 36-та недела од бременоста или уште повеќе. При итните случаи треба веднаш со обемна трансфузија на крв , да се направи царски рез , Понекогаш, при парцијалната превија може во текот на раѓањето да запре крвавењето со прекинувањето на плодовите обвивки и на тој начин да се овозможи понатамошен тек на раѓањето.

Профилакса[уреди]

На жените кои сакаат да имаат повеќе деца треба да им се советува растојанијата меѓу бременоста да не бидат прамногу кратки т.е. помали од 9 до 12 месеци. Овде спаѓа и борбата против несаканите бремености, бидејќи честите абортуси и киретажите моѓат да го оштетат и исцрпат епидометриумот.

Надворешни врски[уреди]