Pirate decryption

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Pirate decryption најчесто се однесува на прием на платени ТВ или радио сигнали без одобрување. Поимот „пиратски“ во овој случај се однесува на авторските права и нема или има многу мала врска со пиратските радија (емитување на радио сигнал без дозвола за емитување) или пак морските пирати.

Концептот на платена ТВ е стар речиси колку и концептот за ТВ. Овој концепт значи дека оној кој го емитува сигналот, најчесто емитува во нестандарден - шифруван формат, со цел да им наплати на гледачите претплата за користење на посебен декодер потребен за прием на изобличениот (шифрираниот) сигнал.

Специјалните канали, филмските премиум канали и сл., најчесто се шифрирани, во повеќето од земјите. Понатаму емитувањето на ТВ сигнал со експлицитна порнографија мора да биде шифрирано со цел заштита на оние кои не сакаат да бидат изложени на овој вид содржина.

Поврзано[уреди]

Шаблон:Broadcast encryption